ФК Висла Краков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Полска Висла Краков
Wisla Krakow (crest).png
Прекар(и) белите ѕвезди
Основан 1906
Терен Градски стадион во Краков, Краков, Полска
(Капацитет: 43,269[1])
Сопственик Полска Marzena Sarapata
Тренер Шпанија Kiko Ramírez
Лига Екстракласа
2016–17 Екстракласа, 6-ти
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Висла Краков е фудбалски клуб од Краков, Полска. Се натпреварува во Екстракласа, највисоко ниво на полските професионални фудбалски натпреварувања.

Висла Краков е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во Полска, основан во 1906 година под името ТС Висла. Се наоѓа на третото место по бројот на национални титули освојувајќи го домашното првенство 13 пати само еднаш помалку од Гурник Забже и Рух Хожув кој со 14 титули се водечки клубови во земјата. Меѓутоа, Висла Краков е еден од најуспешните клубови во Полска кога се во прашање последните неколку години, освојувајќи го полскиот шампионат 8 пати во периодот од 1999 година. Заедно со титулите во лигата, Висла исто така, го освојувала полскиот куп 4 пати. Висла исто така, може да се пофали и со успеси во европските натпреварувања и тоа пред се во 1970-тите, достигнувајќи до четврт-финалето во Европскиот куп на шампиони во сезоната 1978-1979 и победувајќи во Интертото купот во 1969, 1970 и 1973 година.

Грбот на клубот претставува бела ѕвезда на црвена позадина врз која дијагонално се протега сина панделка. Основната боја на дресовите е црвена, но резервните дресови се со бела и сина боја. Својте домашни натпревари Висла Краков ги игра на Градскиот стадион во Краков кој има капацитет од преку 33.000 седечки места. Најголем ривал им е екипата на Легија Варшава.

Историја[уреди | уреди извор]

Висла Краков е основана во мај 1906 година кога студентите од Средното пректично училиште во Краков, инспирирани од нивниот професор Тадеуш Лопушански, формирале фудбалски клуб.[2]

Стадион[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Стадион Мијески (Краков).
Стадионот Мијески на кој Висла ги игра својте домашни натпревари.

Стадион на Висла е лоциран на улицата Рајмонта 22 во Краков, Полска. Стадионот бил првично изграден во 1953 година и во моментов има капацитет од 34.000. Стадионот бил реновиран во 2010 година, за да биде надграден по елитните стандарди на УЕФА. Овој стадион, исто така, бил избран како резерва за Евро 2012 турнирот организиран од страна на Полска и Украина. Рекордот за најголема посета на стадионот од 45.000 гледачи бил поставен на 29 септември 1976 година кога Висла го победила Селтик со 2-0. Стадионот исто така претставува тврдина за Висла, каде што тимот е особено тежок за победување. Вреди да се напомене дека Висла го држи рекордот за најмногу домашни натпревари по ред без пораз на сите времиња во европскиот фудбал. Серијата на натпревари без пораз започнала на 16 септември 2001 година, после поразот од Островјец Шветокржички и завршила после повеќе од пет години подоцна, кога на 11 ноември 2006 година, кога ГКС Белхатов ја победил Висла со 4-2. Бројот на натпревари во таа серија без пораз изнесувал 73, надминувајќи го поранешниот полски рекорд од 48 кој и припаѓал на Легија Варшава. Во текот на сезоната 2008-2009, Висла загубила бодови дома само на двапати; играјќи нерешено со ЛКС Лоѓ и биле поразени од страна на Лех Познан.

Панорама на Стадионот Мијески.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Полска ГМ Михал Мишкиевич
3 Полска ОД Рафал Пјетжак
3 Полска ОД Пјотр Земло
4 Полска ОД Мацеј Садлок
5 Словенија ОД Бобан Јовиќ
6 Полска ОД Аркадиуш Гловацки (капитен)
8 Полска СР Алан Урига
9 Полска СР Рафал Богуски
10 Словенија СР Денис Поповиќ
13 Полска СР Кшиштоф Джазга
14 Чешка НП Зденек Ондрашек
15 Полска ОД Адам Мојта
15 Полска ОД Јакуб Бартош
Бр. Нац. Позиција Играч
19 Полска СР Томаш Цивка
20 Полска ОД Матеуш Зачара
21 Хрватска СР Петар Брлек
22 Полска ГМ Михал Бухалик
23 Полска НП Павел Брожек
24 Полска ГМ Лукаш Жалуска
26 Унгарија ОД Ричард Гузмич
29 Полска СР Кшиштоф Мончињски
34 Полска ГМ Каспер Чоразка
36 Полска ГМ Матеш Зајац
37 Полска СР Гжегож Коциолек
41 Полска ОД Јакуб Птак
88 Полска СР Патрик Малецки

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

1927, 1928, 1949, 1950, 1951, 1977–78, 1998–99, 2000–01, 2002–03, 2003–04, 2004–05, 2007–08, 2008–09, 2010–11
Вицешампиони (10) : 1930, 1931, 1936, 1948, 1965–66, 1980–81, 1999–2000, 2001–02, 2005–06, 2009–10
Витрината со трофеи на Висла Краков.
1926, 1966–67, 2001–02, 2002–03
Вицешампиони (6) : 1950–51, 1953–54, 1978–79, 1983–84, 1999–2000, 2007–08
2001
Вицешампиони (4) : 1999, 2004, 2008, 2009
2000–01.

Европски[уреди | уреди извор]

1969, 1970, 1973

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Informacje“. wisla.krakow.pl. http://www.wisla.krakow.pl/pl/stadion/informacje/. конс. 20 ноември 2011 г. 
  2. „Historia TS Wisła w pigułce“. tswisla.pl. http://www.tswisla.pl/strona,5,historia-tswisla-w-pigulce.html. конс. 14 јануари 2012 г.