Јан Беднарек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јан Беднарек
Лични податоци
Полно име Јан Кацпер Беднарек[1]
Роден на 12 април 1996(1996-04-12)(28 г.)[1]
Роден во Слупца, Полска
Држава Полска Полска
Висина &100000000000001890000001,89 м[1]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 35
Младинска кариера
Лех Познањ Лех Познањ
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2017 Лех Познањ Лех Познањ 31 (1)
2015-2016Горњик Лечна Горњик Лечна 17 (0)
2017- Саутхемптон Саутхемптон 143 (7)
2022-2023Астон Вила Астон Вила 3 (0)
Репрезентација
2010 Полска Полска 16 1 (0)
2012-2013 Полска Полска 17 8 (0)
2013-2014 Полска Полска 18 8 (0)
2014-2015 Полска Полска 19 6 (0)
2015-2016 Полска Полска 20 4 (0)
2016-2017 Полска Полска 21 8 (0)
2017- Полска Полска 54 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Јан Кацпер Беднарек (полски: Jan Kacper Bednarek, роден на 12 април 1996, во Слупца) — полски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на полската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Физички многу силен централен дефанзивец, со силен карактер, вешт во борбата за ничија топка и во поставувањето во одбрана пред противничките напаѓачи.

Поради неговите одлики често е споредуван со Милан Шкриниар.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Лех Познањ[уреди | уреди извор]

Беднарек со Лех Познањ во 2014.

Својата кариера Беднарек ја започнал во екипата на Лех Познањ, за која дебитирал во полската Екстракласа во 2013 година на возраст од само 17 години, во победата со 2-0 на домашен терен над Пјаст Гливице. Сезоната 2013-2014 ја завршил со вкупно 2 настапи за првиот тим на Лех, додека следната сезона забележал 4 (2 во првенството и уште 2 во купот).

Во летото 2015 година, Бендарек бил позајмен на Горњик Лечна до крајот на сезоната 2015-2016. Тој забележал 17 настапи во првенството и еден во купот и бил стандарден првотимец во завршницата на сезоната играјќи во средниот ред.

За време на сезоната 2016-2017, Беднарек се вратил во Лех и го постигнал својот прв погодок како професионалец во својот прв натпревар за сезоната во кој Лех ја победил Краковија на домашен терен со 2-1. На 2 мај 2017, Беднарек го започнал натпреварот и ги одиграл сите 120 минути во финалето на Купот на Полска, во кое неговиот тим бил поразен по продолженија од Арка Гдиња со 1-2.

Вкупно во сите натпреварувања за Лех одиграл 40 натпревари и постигнал 1 гол.

Саутхемптон[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2017 година, Беднарек потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон,[3][4] во трансфер вреден 5 милиони фунти.[5] Своето деби во Премиер лигата го направил на 14 април 2018 година, против Челси во поразот со 2-3 на домашен терен, и во истиот натпревар го постигнал својот прв гол за Саутхемптон.[6]

Во сезоната 2019-2020, Беднарек станал прв избор на позицијата централен дефанзивец во формацијата на менаџерот Ралф Хазенхутл. Тој ја завршил сезоната со 34 настапи во Премиер лигата, постигнувајќи еден гол во поразот со 2-3 на домашен терен од Вулверхемптон Вондерерс.

Астон Вила и враќање во Саутхемптон[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2022 година, Беднарек преминал во Астон Вила на заем до крајот на сезоната.[7] Сепак, незадоволен од малата минутажа во Бирмингем, после само 4 настапи за Астон Вила, Беднарек се вратил во Саутхемптон во јануари 2023 година откако неговата позајмица завршила шест месеци порано од предвиденото.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 4 септември 2017 година, Беднарек го направил своето репрезентативно деби за сениорската репрезентација на Полска во победата со 3-0 победа над Казахстан.[8]

Во мај 2018 година, тој бил избран во прелиминарниот список од 35 играчи на полскиот селектор Адам Навалка за Светското првенство 2018 во Русија.[9] Подоцна тој се нашол и во конечниот список од 23 играчи за турнирот. На 28 јуни 2018, тој го постигнал својот прв гол за Полска, единствениот во натпреварот против Јапонија со кој неговата репрезентација победила со 1–0.[10] Беднарек ги одиграл сите три натпревари за Полска на турнирот, но и покрај победата во натпреварот против јапонците тие биле елиминирани уште во групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Полска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
4-9-2017 Варшава Полска Полска 3 – 0 Казахстан Казахстан Квал. за СП 2018 - влегол во игра 89'
8-6-2018 Познањ Полска Полска 2 – 2 Чиле Чиле Пријателска -
12-6-2018 Варшава Полска Полска 4 – 0 Литванија Литванија Пријателска - заменет 53'
19-6-2018 Москва Полска Полска 1 – 2 Сенегал Сенегал СП 2018 - Прва фаза - влегол во игра 46' дет.
24-6-2018 Казањ Полска Полска 0 – 3 Колумбија Колумбија СП 2018 - Прва фаза - добил жолт картон во 61-вата минута 61' дет.
28-6-2018 Волгоград Јапонија Јапонија 0 – 1 Полска Полска СП 2018 - Прва фаза 1 дет.
7-9-2018 Болоња Италија Италија 1 – 1 Полска Полска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
11-9-2018 Вроцлав Полска Полска 1 – 1 Ирска Ирска Пријателска - влегол во игра 61'
11-10-2018 Хожув Полска Полска 2 – 3 Португалија Португалија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
14-10-2018 Хожув Полска Полска 0 – 1 Португалија Португалија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
15-11-2018 Гдањск Полска Полска 0 – 1 Чешка Чешка Пријателска -
20-11-2018 Гимараеш Португалија Португалија 1 – 1 Полска Полска УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - добил жолт картон во 28-мата минута 28'
21-3-2019 Виена Австрија Австрија 0 – 1 Полска Полска Квал. за Евро 2020 -
7-6-2019 Скопје Македонија Македонија 0 – 1 Полска Полска Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 41-вата минута 41'
10-6-2019 Варшава Полска Полска 4 – 0 Израел Израел Квал. за Евро 2020 -
6-9-2019 Љубљана Словенија Словенија 2 – 0 Полска Полска Квал. за Евро 2020 -
9-9-2019 Варшава Полска Полска 0 – 0 Австрија Австрија Квал. за Евро 2020 -
10-10-2019 Рига Латвија Латвија 0 – 3 Полска Полска Квал. за Евро 2020 -
13-10-2019 Варшава Полска Полска 2 – 0 Македонија Македонија Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 35-тата минута 35'
16-11-2019 Ерусалим Израел Израел 1 – 2 Полска Полска Квал. за Евро 2020 -
19-11-2019 Варшава Полска Полска 3 – 2 Словенија Словенија Квал. за Евро 2020 -
Вкупно Настапи 21 Голови 1

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 23 јануари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2013-2014 Полска Лех Познањ Е 2 0 КП - - ЛЕ - - - - - 2 0
2014-2015 Е 2 0 КП 2 0 ЛЕ 0 0 - - - 4 0
2015-2016 Полска Горњик Лечна Е 17 0 КП 1 0 - - - - - - 18 0
2016-2017 Полска Лех Познањ Е 27 1 КП 7 0 - - - - - - 34 1
Вкупно Лех Познањ 31 1 9 0 0 0 - - 40 1
2017-2018 Англија Саутхемтпон ПЛ 5 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 8 1
2018-2019 ПЛ 25 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 27 0
2019-2020 ПЛ 23 1 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 26 1
Вкупно Саутхемтпон 53 2 8 0 - - - - 61 2
Вкупно кариера 101 3 18 0 0 0 - - 119 3

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 19 ноември 2019
Репрезентација Година Наст Гол
Полска Полска 2017 1 0
2018 11 1
2019 9 0
Вкупно 21 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „FIFA World Cup Russia 2018: List of players: Poland“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-06. Посетено на 13 April 2019.
  2. Un talento al giorno, Jan Bednarek: il futuro è coi Santi tuttomercatoweb.com
  3. „Saints sign Bednarek“. Southampton F.C. 1 July 2017. Посетено на 1 July 2017.
  4. „Jan Bednarek: Southampton sign Polish defender from Lech Poznan“. BBC Sport. 1 July 2017. Посетено на 1 July 2017.
  5. Leitch, Adam (1 July 2017). „Southampton sign Jan Bednarek from Lech Poznan for around £5m“. Daily Echo. Southampton. Посетено на 28 August 2017.
  6. Sutcliffe, Steve (14 April 2018). „Southampton 2–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 14 April 2018.
  7. „Aston Villa confirm Jan Bednarek loan deal“. Aston Villa FC. 1 September 2022. Посетено на 1 September 2022.
  8. „Bednarek makes senior Poland bow“. Southampton F.C. 4 September 2017. Архивирано од изворникот на 2018-06-13. Посетено на 18 May 2018.
  9. „Revealed: Every World Cup 2018 squad“. Goal.com. Посетено на 18 May 2018.
  10. Hafez, Shamoon (28 June 2018). „Japan 0 Poland 1“. BBC Sport. Посетено на 28 June 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]