Прејди на содржината

Кајл Вокер-Питерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кајл Вокер-Питерс
Лични податоци
Полно име Кајл Леонардус Вокер-Питерс[1]
Роден на 13 април 1997(1997-04-13)(27 г.)[2]
Роден во Лондон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001730000001,73 м[3]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 2
Младинска кариера
Тотенхем Тотенхем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2020 Тотенхем Тотенхем 12 (0)
2020- Саутхемптон Саутхемптон 62 (1)
Репрезентација
2014-2015 Англија Англија 18 6 (0)
2015-2016 Англија Англија 19 12 (0)
2016-2017 Англија Англија 20 10 (0)
2017-2019 Англија Англија 21 9 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 17 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 јануари 2012

Кајл Вокер-Питерс (роден на 13 април 1997 година во Лондон) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е и израснал во Лондон, во областа Едмонтон, општина Енфилд.

Неговиот вујко Фил, исто така, е поранешен професионален фудбалер.[4]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Својата кариера ја започнал како офанзивен играч за врска, пред да биде преместен во улогата на десен бек;[5][6] исто така, може да игра и како лев бек, каде многу често бил користен од менаџерот на Саутхемптон, Ралф Хазенхутл, за време на сезоната 2021-2022, по пристигнувањето во клубот на Валентино Ливраменто.[7]

Се одликува со голема брзина, одлична контрола на топката и добри физички предиспозиции. Исто така, има добар центаршут и способност да дава широчина на нападот на својата екипа.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Тотенхем

[уреди | уреди извор]

Израснат во младинскиот сектор на Тотенхем, клуб за кој отсекогаш навивал,[8] своето деби за првиот тим на Спарс го направил на 13 август 2017, во победата со 0-2 против Њукасл Јунајтед, презентирајќи многу силен перформанс по што бил прогласен за играч на натпреварот.[9] На 28 февруари 2018, тој го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 6-1 над Рочдејл во ФА купот, реализирајќи го последниот гол во натпреварот.[10]

На 14 мај 2018, го продолжил својот договор со Тотенхем до 2021 година.[11] На 11 декември 2018, Вокер-Питерс дебитирал во Лигата на шампионите во натпреварот од групната фаза на гости против Барселона; иако направил грешка што довела до гол за Барселона, тој се претставил одлично и изблокирал еден шут спасувајќи сигурен гол во второто полувреме. Натпреварот завршил 1–1, што му било доволно на Тотенхем да се квалификува за нокаут фазата заедно со своите противници.[12][13][14] На 26 декември истата година, тој забележал три асистенции, во победата со 5-0 над Борнмут во Премиер лигата.[15]

Саутхемптон

[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2020 година, Вокер-Петерс бил проследен на позајмица до крајот на сезоната во Саутхемптон, каде требало да го замени Седрик Соарес.[16] Своето деби за Светците, го направил на 15 февруари 2020, во поразот на домашен терен од Барнли. До крајот на сезоната, тој одиграл вкупно 10 натпревари прикажувајќи добра форма, со што го убедил раководството на клубот од јужниот брег да го откупи од Тотенхем за 12 милиони фунти. Тоа се случило на 11 август 2020, а Вокер-Питерс потпишал договор на пет години.[17]

Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал на 25 август 2021, во победата со 8-0 на гостувањето кај нисколигашот Њупорт Каунти во Лига купот.[18] На 22 јануари 2022, го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера во ремито 1–1 против Манчестер Сити.[19]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Вокер-Питерс играл за четири младински репрезентации на Англија: под 18, под 19, под 20 и под 21 година.

Во 2017 година, тој бил дел од репрезентацијата на Англија под 20 години водена од Пол Симпсон која настапила на Светското првенство за играчи под 20 години 2017 во Јужна Кореја. Тој забележал пет настапи на турнирот, вклучувајќи го и настапот во финалето против Венецуела, придонесувајќи за првата титула на англичаните на некое репрезентативно натпреварување уште од 1966 година.[20][21]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 12 март 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017 Англија Тотенхем ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
2017-2018 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 4+1 1+0 ЛШ 1 0 - - - 9 1
2018-2019 ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 1 0 - - - 10 0
2019-јан. 2020 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 1 0 - - - 5 0
Вкупно Тотенхем 12 0 9 1 3 0 - - 24 1
јан.-јун. 2020 Англија Саутхемптон ПЛ 10 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 10 0
2020-2021 ПЛ 30 0 ФАКуп+ЛК 4+1 0 - - - - - - 35 0
2021-2022 ПЛ 22 1 ФАКуп+ЛК 2+2 1+1 - - - - - - 26 3
Вкупно Саутхемтпон 62 1 9 2 - - - - 71 3
Вкупно во кариерата 74 1 18 3 3 0 - - 95 4
Јужна Кореја 2017
  1. „2020/21 Premier League squads confirmed“. Premier League. 20 October 2020. Посетено на 25 October 2020.
  2. „Premier League Player Profile Kyle Walker-Peters“. Premier League. 2016. Посетено на 8 February 2016.
  3. „Kyle Walker-Peters“. 11v11.com. AFS Enterprises. Посетено на 30 August 2017.
  4. Giacomelli, Marco (15 August 2017). „Kyle Walker-Peters' uncle Phil says family were so proud of Tottenham debut - 'even the Arsenal fans!'. Evening Standard. Посетено на 30 August 2017.
  5. Who is Kyle Walker-Peters? The Tottenham wonderkid set to replace Kyle Walker for the right-back role thesun.com
  6. Kyle Walker-Peters: Five things to know about Tottenham's right-back espnfc.com
  7. Jake Bayliss (2 септември 2021). „Everton transfers - Kyle Walker-Peters 'enquiry' as PSG value for Richarlison emerges“. Liverpool Echo. Посетено на 12 март 2022.
  8. Kyle Walker-Peters 'over the moon' after signing new Tottenham contract standard.com
  9. Newcastle 0-2 Tottenham: Dele Alli, Ben Davies on target as Jonjo Shelvey sees red skysports.com
  10. Tottenham-Rochdale 6-1 bbc.com
  11. NEW DEAL FOR WALKER-PETERS tottenhamhotspur.com
  12. Hytner, David (11 December 2018). „Lucas Moura's late goal takes Spurs through to last 16 in Barça draw“. The Guardian.
  13. Liew, Jonathan (11 December 2018). „Barcelona vs Tottenham: Kyle Walker-Peters hauls himself from Camp Nou's imposing jaws“. The Independent.
  14. Liew, Jonathan (12 December 2020). „Kyle Walker-Peters: 'I wanted a black hole to just swallow me up'. The Observer.
  15. Lavelle, Danny (26 December 2018). „Kyle Walker-Peters provides first hat-trick of assists of the season in Spurs' first-half blitz of Bournemouth“. Squawka.
  16. „Kyle Walker-Peters: Spurs defender joins Saints on loan“. BBC Sport. 29 January 2020. Посетено на 29 January 2020.
  17. „Spurs complete Pierre-Emile Hojbjerg deal as Kyle Walker-Peters joins Saints“. BBC Sport. 11 August 2020. Посетено на 11 September 2020.
  18. Pearlman, Michael (25 August 2021). „Southampton secure biggest away victory against Newport County at Rodney Parade“. BBC Sport. Посетено на 26 August 2021.
  19. Bysouth, Alex (22 January 2022). „Southampton end Man City's 12-match winning run“. BBC Sport. Посетено на 23 January 2022.
  20. „England U20s seal World Cup glory as Dominic Calvert-Lewin scores and Freddie Woodman saves penalty“. Daily Telegraph. 11 June 2017. Посетено на 11 June 2017.
  21. „FIFA Tournaments - Kyle Walker-Peters“. FIFA.com. Архивирано од изворникот на 30 May 2017. Посетено на 11 June 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]