Ешли Вилијамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Велс Ешли Вилијамс
Ashley Williams[1]
AUT vs. WAL 2016-10-06 (128).jpg
Лични податоци
Роден на 23 август 1984 (1984-08-23) (воз. 33 г.)
Роден во Вулверхемптон, Англија
Висина &100000000000001820000001,82 м[1]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 5
Младинска кариера
Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2003 Хеднесфорд Хеднесфорд
2003–2008 Стокпорт Стокпорт 162 (3)
2008 Свонзи Сити Свонзи Сити 3 (0)
2008-2016 Свонзи Сити Свонзи Сити 319 (14)
2016- Евертон Евертон 32 (1)
Репрезентација
2008-  Велс 70 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 мај 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 1 јули 2012

Ешли Ерол Вилијамс (роден 23 август 1984 година) е велшки фудбалер, играч од одбрната на Евертон и на велшката репрезентација.

Тој во моментов е и капитен на својата репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Како многу цврст играч во дуелите и добар во играта со глава, Вилијамс главно игра на позицијата централен дефанзивец, но исто така може да игра и како десен бек.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Вилијамс растел во младите категории на Вест Бромвич Албион. Во 2001, на возраст од 16 години, тој бил отпуштен од клубот и преминува во Хеднесфорд Таун.[2]

И покрај тоа што не бил стартер, Вилијамс успеал да импресионира.[2] Откако собрал 34 натпревари без постигнат гол на 31 декември 2003 заминал во Стокпорт Каунти.[3]

Дебитирал за Стокпорт на 16 март 2004, во натпреварот на домашен терен против Хартлепул, а својот прв погодок го постигнал на 13 ноември во победата со 3-2 над Хадерсфилд. Подоцна тој станал капитен на клубот и бил сеуште играч на Стокпорт кога го направил своето деби за националниот тим.[2]

На 27 март, 2008 бил позајмен на Свонзи Сити до крајот на сезоната,[2] и дебитирал во новиот дрес на 8 април во домашниот натпревар против Карлајл Јунајтед кој завршил нерешено без голови. Таа сезона одиграл уште два натпревари.

На 22 мај истата година бил целосно откупен од велшкиот клуб за околу 400.000 фунти.[4] Својот прв погодок за лебедите го постигнал на 16 септември против Дерби Каунти.

Во сезоната 2010-2011 Вилијамс придонесува за првата историска промоција на велшкиот клуб во Премиер лигата, после триумфот над Рединг во финалето од плејофот. Тој исто така бил избран во тимот на годината во Чемпионшип лигата и го соборил рекордот за најмногу настапи едноподруго за клубот.

Во октомври 2012 го продолжил договорот со Свозни за уште три години. На 23 декември, 2012 станал главниот лик во грд инцидент: за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед (1-1) во една акција од играта, насилно го удрил со топката во главата Ван Перси, додека тој лежеше на земјата, што доведе до тепачка меѓу играчите. Во јули 2013 Вилијамс станува капитен на Свонзи, по заминувањето од клубот на Гари Монк.

На 12 август 2016, Вилијамс се преселил во Евертон во трансфер вреден 12 милиони евра, потпишувајќи тригодишен договор со карамелите.[5] Десет дена подоцна тој го направил своето деби за новиот клуб, влегувајќи како замена во победата со 2-1 против Вест Бромвич Албион на Хоторнс.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Вилијамс стекнал право да настапува за велшката фудбалска репрезентација како резултат на потеклото на неговиот дедо.[2] Дебитирал за репрезентацијата на 26 март, 2008 во пријателски натпревар против Луксембург. На 11 август 2010 година повторно против Луксембург го постигнал својот прв репрезентативен гол.

Вилијамс бил повикан од страна на селекторот Крис Колман за Европското првенство 2016 во Франција,[7] на кое постигнал еден гол во четвртфиналниот дуел против Белгија, запишувајќи се во стрелците за моментален резултат 1-1 во победата со 3-1 за велшаните. [8]

Титули[уреди | уреди извор]

Велс Свонзи Сити[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hugman, Barry J., уред (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 437. ISBN 978-1-84596-474-0. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Swans sign Stockport's Williams“ (конс. 10 luglio 2011 г). (на en)
  3. „Swans sign Stockport's Williams“. BBC Sport. 27 март 2008. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/teams/s/swansea_city/7316887.stm. конс. 27 март 2008 г. 
  4. Swans complete Williams signing“ (конс. 10 luglio 2011 г). (на en)
  5. „Ashley Williams: Everton sign Swansea and Wales defender for £12m“. BBC Sport. 10 август 2016. http://www.bbc.co.uk/sport/football/37036709. конс. 10 август 2016 г. 
  6. West Brom 1-2 Everton full time report: Blues come from behind to give Ronald Koeman first win as boss“, „Liverpool Echo“, 20 август 2016 (конс. 24 август 2016 г).
  7. faw.cymru, уред (31 maggio 2016). „Gorau Chwarae Cyd Chwarae... here's the Wales Squad for UEFA EURO 2016.“ (на hr). http://www.faw.cymru/en/news/decision-day/. конс. 31 maggio 2016 г. 
  8. gazzetta.it, уред (1º luglio 2016). „Euro 2016, Galles-Belgio 3-1: ora sarà Bale contro Cristiano Ronaldo“. http://www.gazzetta.it/calcio/europei/2016/galles/01-07-2016/euro-2016-galles-belgio-3-1-bale-contro-cristiano-ronaldo-robson-kanu-williams-nainggolan-vokes-160190953542.shtml. конс. 3 luglio 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]