Гарет Бејл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Велс Гарет Бејл
AUT vs. WAL 2016-10-06 (155).jpg
Бејл со репреентацијата на Велс во 2016
Лични податоци
Полно име Гарет Франк Бејл[1]
Роден на 16 јули 1989 (1989-07-16) (29 г.)[1]
Роден во Кардиф, Велс
Висина 1.83 м (6 ст 0 ин)[2]
Позиција Winger
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид Реал Мадрид
Број 11
Младинска кариера
Кардиф Цивил Сервис
1999–2006 Саутхемптон Саутхемптон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2007 Саутхемптон Саутхемптон 40 (5)
2007–2013 Тотенхем Тотенхем 146 (42)
2013– Реал Мадрид Реал Мадрид 100 (54)
Репрезентација
2005–2006 Велс Велс 17 7 (1)
2006 Велс Велс 19 1 (1)
2006–2008 Велс Велс 21 4 (2)
2006– Велс Велс 66 (26)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20
48, 23 April 2017 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 24 март 2017

Гарет Франк Бејл (16 јули 1989 во Кардиф) — велшки професионален фудбалер кој настапува како офанзивен играч од средината на теренот за шпанскиот Реал Мадрид и Велшката фудбалска репрезентација. Тој станал препознатлив по силните слободни удари и шутот од далечина.[3] Една од неговите најголеми способности е да се поминат одбранбени играчи со брзо темпо, а затоа Бејл добил пофалби од неговите врсници, кој го опишале како фудбалер со „огромна брзина, голем премин на способност, одлична левата нога и исклучителни физички квалитети“.[4].[5]

Тој ја започнал кариерата во Саутемтон, играјќи како дефанзивец по левата страна и таму ги добил првите признанија за изведување на слободни удари. Тој се преселил во Тотенхем Хотспар во 2007 година, за 7 милиони фунти откупна калузуа. Во текот на своето време на Тотенхем, менаџерските и тактичките смени во тимот го довеле да се трансформира во повеќе напаѓачки играч. Од 2009-10 сезона, под водство на Хари Реднап, Бејл станал составен дел од тимот, и со тоа се зголемило вниманието на меѓународната јавност за време на сезоната 2010-11 година во Лигата на Шампионите.[6][7][8] Во 2011 година и 2013 година тој бил прогласен за фудбалер на годината во Премиер лигата, и исто така бил именуван како дел од најдобриот тим на Уефа. Во 2013 година, тој ја добил наградата за најдобар млад фудбалер на Премиер лигата.

На 1 септември 2013 година, Бејл бил продаден на Реал Мадрид за сума помеѓу €91 милиони евра и €100 милиони евра.[9][10][11][12][13][14] Во јануари 2016 година, документи кои се однесуваат на трансферот потврдиле дека трансферот изнесувал 100,8 милиони евра, засенувајќи ја претходната рекордна сума од £80 фунти, односно, 94€ милиони евра за Кристијано Роналдо во 2009 година.[15] Бејл одиграл суштинска улога во неговата прва сезона во Реал Мадрид, да му помогне на клубот да ја освои шампионската титула во Лигата на шампионите во сезоната 2013-14 и Копа дел Реј, постигнувајќи голови во двете финалиња. Следната сезона, тој го освоил УЕФА Супер Купот 2014 година, и постигнал гол во третото големо финале за да му помогне на клубот да го освои во ФИФА клупското Светско првенство во 2014 година. Две години подоцна, тој бил клучен играч во уште една серија во Лигата на шампионите, победувајќи го Атлетико Мадрид во финалето во сезоната 2015-16 и бил избран во УЕФА тимот на сезоната.[16]Во 2016 година, ESPN го рангирал Бејл за дванаесети на својата листа на најпознатите спортисти во светот .[17]

Бејл го направил своето деби за фудбалската репрезентација на Велс во мај 2006 година, со што станал најмладиот играч во тој момент кој настапил за еден национален тим. Бидејќи тој има заработено повеќе од 60 настапи и постигнато 26 голови, го направи да биде втор стрелец во историјата на Велс одма зад Јан Раш. Тој бил најдобар стрелец за Велс во нивните успешни квалификациите за УЕФА Евро 2016, постигнувајќи седум гола;[18] На Европското првенство во Франција 2016 година, тој го одвел Велс до полуфиналето на првенството што претставува најголем репрезентативен успех на Велс.

Кариера[уреди | уреди извор]

треба да се дополни

Титули[уреди | уреди извор]

Шпанија Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Hugman, Barry J., уред (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 31. ISBN 9781845966010. 
  2. "Real Madrid C.F. – Official Web Site – Gareth Bale". Realmadrid.com. 16 July 1989. конс. 17 April 2014. 
  3. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  4. "Gareth Bale – Tottenham Hotspur’s Speed King". Nasty Tackle. 2011. конс. 13 November 2012. 
  5. Gareth Bale booed by Real Madrid fans for not passing to Cristiano Ronaldo“, „The Independent“, 11 јануари 2015 (посет. 13 февруари 2015 г).
  6. "Riise: Bale is world's best left winger". ESPN Soccernet. 10 November 2011. конс. 7 March 2016. 
  7. Fabio – Bale is world's best“, Sky Sports, 9 март 2011 (посет. 30 декември 2011 г).
  8. Gareth Bale has everything says Tottenham manager Harry Redknapp“, BBC Sport, 28 декември 2011 (посет. 29 декември 2011 г).
  9. "Real Madrid Sign Midfielder Gareth Bale For World-Record $132 Million". CBS News New York. 2 September 2013. конс. 2 September 2013. 
  10. Wilson, Jeremy. „Gareth Bale joins Real Madrid from Tottenham for a world record fee of £86m“, „The Daily Telegraph“, 2 септември 2013 (посет. 2 септември 2013 г).
  11. Peck, Brooks (1 September 2013). "Gareth Bale finally sold to Real Madrid and it’s even FIFA 14 official". Sports.yahoo.com. конс. 7 September 2013. 
  12. Agence France-Presse (2 September 2013). "Cristiano Ronaldo is the boss at Real Madrid, says Gareth Bale". Sports.ndtv.com. конс. 7 September 2013. 
  13. AS Diarioas (6 September 2013). "Real Madrid tell CR7: "You're still the most expensive player ever"". AS.com. конс. 7 September 2013. 
  14. "Bale transfer fee revealed". FIFA.com. 15 October 2013. конс. 15 October 2013. 
  15. Gareth Bale contract leak sparks panic at Real Madrid - and agent's fury“, The Telegraph, 21 јануари 2016.
  16. "UEFA Champions League Squad of the Season". UEFA.com. 30 May 2016. конс. 27 July 2016. 
  17. ESPN World Fame 100“, ESPN, 3 јуни 2016.
  18. Wales 2-0 Andorra“, „BBC“, 13 октомври 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]