Хари Реднап

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хари Реднап
Harry Redknapp 2011 (cropped).jpg
Реднап како менаџер на Тотенхем
Лични податоци
Полно име Хенри Џејмс Реднап[1]
Роден на 2 март 1947 (1947-03-02) (72 г.)
Роден во Поплар, Лондон, Англија
Висина  м
Позиција одбранбен
Клупски податоци
Сегашен клуб Бирмингем (менаџер)
Младинска кариера
1958–1962 Тотенхем Хотспар
1962–1965 Вест Хем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1965–1972 Вест Хем Јунајтед 149 (7)
1972–1976 Бурнемут 101 (5)
1976 Брентфорд 1 (0)
1976 Сијетел Саундерс[2] 15 (0)
1976 ФК Лимингтон
1977–1979 Сијетел Саундерс[2] 9 (0)
1980 Феникс Фајр 0 (0)
1982 Бурнемут 1 (0)
Вкупно 276 (12)
Репрезентација
1964 Англија под 19
Раководител на екипите
1983–1992 Борнемут
1994–2001 Вест Хем Јунајтед
2002–2004 Портсмут
2004–2005 Саутемтхон
2005–2008 Портстут
2008–2012 Тотенхем
2012–2015 Квинс Парк Ренџерс
2016 Јордан
2017– ФК Бирмингем
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Хенри Џејмс “Хари” Реднап (роден на 2 март 1947 г.) е поранешен англиски фудбалер,кој моментално е тренер на Бирмингем Сити.Тој зад себе има долга тренерска кариера,уште од 1983 г. кога го предводеше Борнмаут. Претходно Реднап беше тренер на Бурнмаут, Вест Хем, Портсмут(2 пати),Саутемптон и Тотенхем Хотспар.Во вториот мандат на клупата на Портсмут, успеа да го освои Фа Купот во 2008 година.На крајот од сезоната 2009-10, Реднап успеа за прв пат да го одведе Тотенхем во Лигата на Шампионите и зголеми шансите на тимот за пласман во најдобрите 16 тимови од натпреварувањето по победата над Вердер Бремен на домашен терен. Лондонскиот клуб беше единствениот нов клуб кој се квалификуваше во следната фаза од натпреварувањето и се пласираше на првото место во групата пред актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите, Интер. Во осминафиналето го елиминира Милан по двата натпревари и се пласира во четвртфиналето. Неговиот син, Џејми Реднап настапуваше под негово водство во Борнмаут и Саутемптон. Хари Реднап е вујко на фудбалерот на Челзи, Френк Лампард кој настапуваше во Вест Хем Јунајтед, додека Реднап беше тренер.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Реднап е роден во Поплар,Лондон како единствено дете на Хенри Џозеф Вилијам Реднап (1922-1996) и Вајолет Меј Браун(1924-2001). На 11-годишна возраст, Реднап играше во фудбал за училиштето Источен Лондон и беше забележан од скаутот на Тотенхем, Дики Вокер.Оттогаш, Хари порасна во младинските категории на Тотенхем, играше во Чесхант и ги задоволи вкусовите на Бил Николсон, Дејв Мекеј и Дени Бленчфлауер. На 15-годишна возраст, Реднап се пресели во Вест Хем и играше заедно со Боби Мур. Во 2008 г. во едно интервју во чест на Том Фини,тој изјави:”Бев голем фан на Арсенал како дете и се сеќавам дека една вечер го гледав како игра против Томи Дочерти”. Сепак,подоцна истата година,откако беше поставен за нов тренер на Тотенхем,тој ги нагласи своите симпатии кон овој клуб,со изјавата: “Долго време го следам фудбалот и Тотенхем е одличен клуб во изминативе години. Го следев Тотенхем, настапував во тимот на 11-годишна и 12-годишна возраст и затоа ја знам историјата на клубот.Тоа е голем,многу голем клуб”. Тој е оженет со Сандра Реднап,со која имаат двајца синови, Џејми Реднап пензиониран фудбалер и Марк, кој е фотомодел. Во 1990 г. Џејми го имаше своето деби во професионалниот фудбал во тимот на Борнмаут, под водство на татко му пред да направи трансфери во Ливерпул, а потоа и Тотенхем. Се пензионира во 2005 година во дресот на Саутемптон. Внук на Хари Реднап е поранешниот играч од средниот ред на Челзи и англиската репрезентација, Френк Лампард чии родители се постарата сестра близначка на Сандра,Патриција и поранешниот соиграч и асистент на Хари,Френк Ричард Џорџ Лампард. Тој и жена му Сандра собираат финансиски средства и се претседатели на хуманитарната организација Леукемија Бастерс(Leukaemia Busters) со седиште во Саутемптон, улога која тие ја презедоа во 2004 година од поранешниот крикет играч Дејвид Гаувер и неговата жена Торан. Реднап и неговата жена поседуваат компанија за развој на станбени комплекси ,Пјерфронт Девелопментс(Pierfront Developments).Во август 2011 г. беше објавено дека нивната компанија ќе гради во Саутси,Хемпшир,но тоа нема да бидат евтини прифатливи станови.Тие понудија 600 000 фунти на советот за изградба на прифатливи домови на друго место и истата понуда беше прифатена.Противниците на планот проценија дека ова ќе биде доволно само за изградба на 8 домови,наместо 28,колку што советот одлучи дека треба да бидат изградени со развојот. Во јануари 2011 година Реднап беше ограбен додека следеше фудбалски натпревар во Шпанија.На 2 ноември 2011 година имаше операција за отстранување на срцевите артерии. Во јуни 2012 година беше објавено дека Реднап се приклучи на компанијата за обложување преку интернет Бетфер(Betfair),како нејзин колумнист за Европското фудбалско првенство во 2012 година.Според ова, Реднап ги разгледуваше натпреварите од натпреварувањето и ги прогнозираше конечните резултати за корисниците на Бетфер.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Вест Хем Јунајтед[уреди | уреди извор]

За време на својата играчка кариера Реднап настапуваше како фудбалер од средината на теренот.Тој ја започна својата кариера во младинскиот тим на Тотенхем,а на 15-годишна возраст се пресели во Вест Хем Јунајтед. Во сезоната 1965-66, Реднап влезе во првиот тим на Вест Хем, при што забележа 7 настапи и постигна еден гол. Дебитираше за клубот на 23 август 1965 година,на натпреварот против Сандерленд на домашен терен, кој заврши со резултат 1-1.На 8 април 1966 година на натпреварот против Тотенхем, Хари го постигна својот прв гол за клубот,во победата од 4-1 на гостински терен. На 3 декември 1966 година,тој го постигна својот втор гол за клубот во победата од 3-0 над Вест Бромвич Албион.Во втората сезона во клубот,тој забележа 12 настапи во лигата и постигна еден гол.Во сезоната 1967-68 година, забележа 28 лигашки настапи и постигна два гола, првиот на 21 август 1967 г. во победата над Барнли на домашен терен со 4-2 и вториот на 6 септември 1967 г. во победата над Сандерленд на гостински терен со 5-1. Во текот на сезоната 1968-69, Реднап настапи на 42 натпревари и постигна 3 гола.Во Фа Купот настапи 3 пати, а во Лига Купот исто така забележа 3 настапи,постигнувајќи еден гол. На 31 август 1968 г. Реднап го постигна првиот гол во оваа сезона,во победата од 4-0 над Вест Бромвич Албион.Вториот гол го постигна на натпреварот од Лига Купот против Болтон Вандерерс, кој Вест Хем го доби со резултат 4-0.На 12 октомври 1968 година, Реднап доби црвен картон,во поразот од 2-0 на неговиот клуб на гостински терен од Лидс Јунајтед.На 2 ноември,тој го постигна и третиот гол во сезоната во победата од 4-3 над Квинс Парк Ренџерс. Во сезоната 1969-70,Реднап го забележа својот прв настап на 9 август 1969 г. во победата од 1-0 над Њукасл Јунајтед, а првиот гол го постигна на 2 септември 1969 г. во победата од 3-0 над Шефилд Јунајтед на домашен терен. Во истата сезона,тој оствари вкупно 26 настапи за клубот,од кои 23 натпревари беа во лигата и постигна еден гол во сите натпреварувања. Во текот на сезоната 1970-71,Реднап играше на 21 натпревар во лигата и на еден во Лига Купот. Следната сезона забележа 35 настапи,од кои 21 натпревар во лигата.Ова воедно беше и неговата последна сезона во лондонскиот клуб,пред да направи трансфер во Борнмаут во сезоната 1972-73.За Вест Хем, Реднап настапи на вкупно 175 натпревари во лигата и куповите и постигна 8 голови за седумте поминати сезони во клубот.

Борнмаут[уреди | уреди извор]

Во 1972 г. Реднап направи трансфер од Вест Хем во клубот од Третата Дивзија, Борнмаут каде што помина 4 сезони од 1972 до 1976 година. Во сезоната 1972-73, Реднап настапи на 37 натпревари, од кои 34 во лигата и постигна еден гол, при што Борнмаут заврши на седмото место.Во следната сезона, настапи на 46 натпревари, од кои 39 настапи во лигата и постигна 5 голови. Во сезоната 1974-75,тој ги одигра сите 19 натпревари во лигата,но Борнмаут испадна во Четвртата Дивизија и поради тој оствари само 9 настапи во следната сезона 1975-76.На крајот од истата сезона, Реднап се пресели во членот на Четвртата Дивизија, во тимот на Брентфорд,каде што настапи на еден натпревар во текот на сезоната 1976-77.

Сиетл Саундерс(Seattle Sounders)[уреди | уреди извор]

Во 1976 година, Реднап направи трансфер во Северноамериканската фудбалска лига (North American Soccer League) како тренер и играч.Тој настапи на 15 натпревари,а неговиот клуб се пласираше во плеј-фот откако заврши на второто место во Конферецијата Пацифик, Западна Дивизија(Pacific Conference,Western Division),пред да изгубат од Минесота Кикс во Дивизијата Чемпионшип(Division Championship).Во 1977 година,забележа 5 настапи за клубот,кој заврши на третото место во Конференцијата Пацифик,Западна Дивизија,пред да изгубат во Сокер Боулот(Soccer Bowl) со 2-1 од тимот Њујорк Космос(New York Cosmos),за кој настапува Пеле. Во 1978 година,Реднап настапи на 3 натпревари,а во следната сезона на само еден натпревар,пред да му се приклучи на Боби Мур,неговиот стар тимски колега и освојувач на Светското фудбалско првенство од 1966 година.

Меѓународна кариера

Реднап настапуваше за англиската фудбалска репрезентација до 17 години.Беше дел од тимот кој го освои Европското фудбалско првенство за фудбалери под 19 години,откако во финалето ја победија репрезентацијата на Шпанија со 4-0.

Менаџерска и тренерска кариера

Сиетл Саундерс и Оксфорд Сити

Реднап ја започна својата менаџерска кариера како играч-помошник во Сиетл Саундерс,во периодот од 1976 до 1979 година.За време на неговиот престој во Сиетл,тој забележа 24 настапи и му помогна на тимот да заврши на второто место во Конференцијата Пацифик,Западна Дивизија во неговата прва сезона како играч-тренер.Во 1977 година,клубот заврши на третото место во Конференцијата Пацифик,Западна Дивизија и изгуби во финалето на Сокер Боулот од тимот на Њујорк Космос,за кој настапуваше Пеле.Во текот на 1978 година,Реднап го одведе тимот до третото место во Државната Конференција,Западна Дивизија,пред повторно да изгубат од Њујорк Космос во првото коло од плеј-офот.Во неговата последна сезона во Сиетл,клубот повторно се пласираше на третото место,но овојпат не успеа да се квалификува во плеј-офот. Подоцна Реднап му стана помошник на неговиот поранешен соиграч во Вест Хем Јунајтед,Боби Мур во клубот Оксфорд Сити,кој се натпреваруваше во Лигата Истмијан.

Борнмаут

Во почетокот на сезоната 1982-83, Реднап ја имаше својата прва голема тренерска улога како помошник на Дејвид Веб во Бурнамаут, шест години откако го напушти клубот како фудбалер. Хари конкурираше за да биде прв тренер на клубот,откако Веб замина во тимот на Торки Јунајтед во истата сезона,но на празното тренерско место дојде Дон Мегсон.Мегсон не се задржа долго на оваа позиција и беше отпуштен кон крајот на 1983 година,бидејќи “Црешите” имаa проблеми и се најдoa во зоната за испаѓање во Третата Дивизија,при што Реднап ја доби шансата да биде тренер на клубот. Во неговата прва сезона како тренер,Реднап му помогна на клубот да се спаси и да не испадне во пониско натпреварување.Во Фа Купот, Борнмаут направи изненадување и го елиминира шампионот Манчестер Јунјатед со 2-0 во третото коло.По неколку сезони со солидни резултати и пласмани на средината на табелата, во сезоната 1986-87 се случи пресврт. Бурнмаут ја освои титулата во Третата Дивизија и освои 97 бодови,што претставува клупски рекорд,при што издржаа во трката со Мидлсброу. Кон крајот на сезоната 1989,Реднап беше поврзуван со преселба на тренерското место во Вест Хем по отказот на Џон Лајл. Сепак,нов тренер на Вест Хем стана Лу Макари, а Реднап остана на Дин Корт(Dean Court) уште три сезони. По две години, Борнмаут испадна во понизок ранг. На 3 март се наоѓаа на 13-та позиција на табелата,но повредените фудбалери и катастрофалниот пад во формата доведоа до само една победа во остатокот од сезоната. На 5 мај по поразот од Лидс Јунајтед со 0-1 на свој терен,клубот испадна од лигата. Во јуни 1990 г. додека беше во Италија да го следи Светското фудбалско првенство, Реднап доживеа сообраќајна несреќа заедно со Мајкл Синклер, претседателот на Јорк Сити,Фред Вајтхаус,претседателот на Астон Вила и Брајан Тајлер,извршниот директор на Бурнмаут,кој беше едно од четирите лица кои загинаа во несреќата.При патување низ Латина,јужно од Рим,нивниот минибус се судрил со автомобил,во кој биле неколку италијански војници.Возилото се превртило и излетало 50 јарди по должината на патот.Реднап беше полеан во бензин,при што Синклер го извлекол од колата.Се здобил со фрактура на черепот,скршен нос,скршени ребра и расекотина на левата нога.Кога амбулантното возило пристигнало на место на несреќата,медицинските лица помислиле дека Реднап е мртов и неговото тело го покриле со ќебе.Хари бил во бесознание два дена,а по две недели пренесен дома со специјален авион,платен од Фк Борнмаут. Иако целосно се опорави(нажалост,го загуби чувството за мирис и му се појавуваат грчеви(тикови) на лицето),на крајот од сезоната 1991-92,Реднап ја прекина соработката со Бурнмаут.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hugman, Barry J. (2005). The PFA Premier & Football League Players' Records 1946–2005. Queen Anne Press. стр. 514. ISBN 1-85291-665-6. 
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nasl_profile.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]