Прејди на содржината

Кристијано Роналдо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристијано Роналдо
Лични податоци
Полно име Кристијано Роналдо дос Сантос Авеиро
Роден на 5 февруари 1985(1985-02-05)(39 г.)
Роден во Фуншал, Мадејра, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина 1,87 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Наср Ал-Наср
Број 7
Агент Португалија Жорже Мендеш
Младинска кариера
1993–1995 Андориња
1995–1997 Насионал Насионал
1997–2002 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2003 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 25 (3)
2003–2009 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 196 (84)
2009–2018 Реал Мадрид Реал Мадрид 292 (311)
2018–2021 Јувентус Јувентус 98 (81)
2021–2022 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 40 (19)
2023– Ал-Наср Ал-Наср 47 (49)
Репрезентација
2001–2002 Португалија Португалија 17 7 (5)
2003 Португалија Португалија 20 5 (1)
2002–2003 Португалија Португалија 21 10 (3)
2004 Португалија Португалија 23 3 (2)
2003– Португалија Португалија 212 (132)

Kристијано Роналдо Дос Сантос Авеиро (португалски: Cristiano Ronaldo dos Santos Aveiro, р. 5 февруари 1985 во Фуншал) — португалски фудбалер, напаѓач на Ал-Наср и на Португалската репрезентација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роналдо е роден во Сан Педро, Фуншал на португалскиот остров Мадејра. Пораснал во палатата Фуншал во Санто Антонио,[2][3] со мајка му Марија Долореш дош Сантош Авеиро и татко му Жозе Диниш Авеиро (починал во 2005 поради проблеми со алкохолизмот).[4] Името Кристијано се должи на христијанската вера на мајката, додека второто име, Роналдо, го добил во чест на Роналд Реган, омилен актер на таткото и претседател на САД во тоа време.[5][6] Кристијано има еден постар брат Уго (роден 1975), и две сестри, Елма (родена 1974) и Лилијана Катија (родена 1976).[7]

Во јули 2010 година Роналдо станал татко на своето прво дете, но одлучил да не го открие името на мајката и да го преземе ексклузивниот надзор врз детето.[8][9][10][11] Во јануари 2015 година, Роналдо објавил дека неговата петгодишни врска со рускиот модел Ирина Шајк завршила.[12][13] На 8 јуни 2017 година, тој станал татко на близнаци, момче и девојче, родени од сурогат мајка.[14] На 12 ноември 2017 година, се родила и ќерката Алана Мартина,[15] од страна на Георгина Родригес, неговата партнерка од 2016 година.

Во 2016 година, во неговиот роден град Фуншал бил отворен музеј кој целосно е посветен на неговата кариера.

Тој е заштитно лице на различни компании, вклучувајќи ги и Clear, Џорџо Армани и Најк. Тој, исто така, се појавил и на насловната страна на неколку видео-игри како PES 2008, PES 2012, PES 2013 и FIFA 18. Во септември 2015 го претставил својот парфем наречен Cristiano Ronaldo Legacy.

Спортинг

[уреди | уреди извор]

На возраст од 16 години, Роналдо бил промовиран од младинскиот тим на Спортинг во првиот од страна на тренерот Лашло Болони, кој бил импресиониран од неговиот дриблинг.[16] Тој станал првиот играч на клубот кој заиграл за тимот под 16 години, под 17 години, под 18 години, Б тимот и првиот тим, сите во рамките на една иста сезона.[17] Една година подоцна, на 7 октомври 2002, Роналдо го направил своето деби во Примеира лигата, против Мореиренсе и постигнал два гола во победата со 3-0.[18]

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]

Роналдо ја започнал својата кариера како младински играч за Андориња, каде што тој играл две години, пред да се пресели на Национал. Во 1997 година, тој направил трансфер во португалскиот гигант Спортинг. Во 2003 година тој го привлекол вниманието на Манчестер јунајтед, односно на менаџерот Алекс Фергусон, кој го довел за £ 12.200.000 (15.000.000 €). Во 2004 година, тој го освоил својот прв трофеј, ФА Купот.

Во 2007 година, Роналдо бил првиот играч во Англија кој ги освоил сите четири главни PFA награди. Во 2008 и 2013 година, тој ја освоил ФИФА / Ballon d'Or наградата за најдобар фудбалер во светот, и со тоа станал првиот португалски играч кој ја добил наградата двапати по ред. Тој бил награден со Европската Златна копачка во 2008 година, додека во 2008 година, тој ги освоил 3 од 4 главни PFA награди и бил прогласен за ФИФА играч на годината, ФИФА Про играч на годината, фудбалер на годината, и Onze d'Or. Во 2007 и 2008 година, Роналдо бил прогласен за РС, фудбалер на годината. Тој бил на инаугуриран за победник на ФИФА Пушкаш награда за гол на годината во 2009 година, според УЕФА анкета во 2014 година, тој бил прогласен за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

Роналдо станал најскапиот играч на светот, кога тој се преселил од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид во 2009 во трансфер вреден £ 80.000.000 (94.000.000 € / $ 132.000.000). Договорот на Роналдо со Реал Мадрид, бил под условите на кои тој требал да заработува 21.000.000 € годишно (по оданочување), во тоа време највисоко платен фудбалер во светот, со откупна клаузула во вредност од € 100.000.000. Тој се сметал за најдобриот играч во светот, и еден од најголемите на сите времиња. Со 68 гола од септември 2014 година, тој станал втор стрелец на сите времиња, и заостанувал зад Раул Гонсалес само три гола. Тој, исто така, го држи рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите, постигнувајќи 17 гола во сезоната 2013-14.

Роналдо е првиот играч во Европската лига кој стигнал до 40 гола во една сезона во две последователни години, најбрз играч на Реал Мадрид кој постигнал 100 лигашки голови, како и првиот играч кој постигнал гол против секој тим во една сезона во Ла Лига. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона за Реал Мадрид. Во јануари 2014 година, Роналдо го постигнал својот 400-ти гол во кариерата. Во јули 2018 по 9 години во Реал Мадрид, и по 15 освоени титули, направи трансфер во Јувентус за сума од 100 милиони евра плус бонуси.

Јувентус

[уреди | уреди извор]

По една недела шпекулации за трансфер, на 10 јули 2018 година, Роналдо потпишал четиригодишен договор со италијанскиот клуб Јувентус по завршувањето на трансферот од 100 милиони евра, плус придонеси за солидарност на младите клубови на Роналдо и дополнителни 12 милиони евра во други такси.[19] Трансферот бил највисок дотогаш за играч над 30 години,[20] и највисоко платен од еден италијански клуб.[21] По потпишувањето, Роналдо ја цитирал неговата потреба за нов предизвик како негово образложение за заминување од Реал Мадрид.[22][23] Роналдо го направил своето официјално деби за Јувентус на отворањето на Серија А на 18 август, со победата од 3-2 над Кјево.[24]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Роналдо играјќи на Евро 2016 во полуфиналето против Полска

Роналдо го направил своето деби за Португалија во август 2003 година, на возраст од 18 години Тој оттогаш настапил на повеќе од 100 натпревари и има учествуванонао 6 големи турнири: три УЕФА Европски првенства (2004, 2008 и 2012) и три ФИФА Светски првенства (2006, 2010 и 2014). Роналдо е првиот португалски играч кој постигнал повеќе од 50 голови за репрезентацијата, што го прави топ стрелец на Португалија на сите времиња. Тој го постигнал својот прв меѓународен гол во првиот натпревар на Евро 2004 против Грција, и помогнал на Португалија да стигне до финалето. Тој ја презел функцијата капитен во јули 2008 година, а на Евро 2012 тој ја предводел Португалија до полуфиналето, завршувајќи на конкуренцијата како заеднички најдобар стрелец на турнирот. На Евро 2016 година, Роналдо го забележал најголемиот успех со репрезентацијата на Португалија, освојувајќи го златниот медал, победувајќи ја во финалето, репрезентацијата на домаќинот Франција со резултат 1-0.[25] На Светското првенство 2018 година во Русија, Роналдо со својата репрезентација бил елиминиран во осминафиналето од Уругвај.

Занимливости

[уреди | уреди извор]

Роналдо пет пати ја има освоено наградата на ФИФА „FIFA Ballon d'Or “ за најдобар играч на годината, последната во 2017 година[26]. Тој има освоено 24 трофеи во својата кариера, вклучувајќи пет лига титули, четири титули на УЕФА Лигата на шампионите и една титула на Европско првенство во фудбал во 2016 година. Роналдо ги држи рекордите за најмногу официјални постигнати голови во првите пет европски лиги (372), Лигата на шампионите (110) и УЕФА Европските првенства (29), како и најмногу постигнати голови во една сезона во Лигата на шампионите (17). Тој има постигнато повеќе од 600 голови во неговата клупска и репрезентативната кариера.

Обновено на 22 април 2019

Португалија Спортинг Лисабон

[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[27][28]

[уреди | уреди извор]

Шпанија Реал Мадрид[28]

[уреди | уреди извор]

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Португалија Португалија[29]

  1. „Cristiano Ronaldo Real Madrid Profile“. Real Madrid. Посетено на 22 March 2014.
  2. „Desporto – Pelos caminhos de Ronaldo“. Diário de Notícias. 6 July 2009. Посетено на 22 July 2017.
  3. „Cristiano turns 32“. Marca. Spain. 5 February 2017. Посетено на 22 July 2017.
  4. (in es) (flv) Fiebre Maldini: Los inicios de Cristiano Ronaldo. [Television production]. Madrid: Canal+ (a division of PRISA TV). 22 April 2008. https://www.youtube.com/watch?v=b3bxhH16EJ4. 
  5. Gerard Couzens (23 април 2007). Sunday Mirror (уред.). „Secret Family Agony behind £31M Ronaldo“ (англиски). Посетено на 22 март 2014.
  6. Fitzpatrick, Richard (1 October 2012). El Clasico: Barcelona V Real Madrid: Football's Greatest Rivalry. A&C Black. стр. 122.
  7. Lewis, Tim (8 June 2008). „He's got the world at his feet“. The Guardian. London. Посетено на 5 November 2008.
  8. „Cristiano Ronaldo Fast Facts“. CNN. 14 July 2014. Посетено на 17 September 2014.
  9. „Cristiano Ronaldo names son Cristiano Ronaldo“. The Daily Telegraph. London. 8 July 2010. Посетено на 8 July 2010.
  10. „Baby 'joy' for Cristiano Ronaldo“. BBC Sport. 4 July 2010. Посетено на 4 July 2010.
  11. Bergin, Olivia (14 January 2014). „Cristiano Ronaldo and Irina Shayk: a very modern family“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 20 July 2014.
  12. „Cristiano Ronaldo breaks up with girlfriend Irina Shayk“.
  13. „Ronaldo breaks up with Irina Shayk“.
  14. Fox Sports, уред. (29 јуни 2017). „Cristiano Ronaldo, la famiglia si allarga: due gemelli da madre surrogata“.
  15. „Real Madrid, Cristiano Ronaldo di nuovo papà: è nata Alana Martina“. 12 ноември 2017. Text "http://www.gazzetta.it/Calcio/12-11-2017/real-madrid-cristiano-ronaldo-nuovo-papa-nata-alena-martina-230571138299.shtml" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  16. „Boloni își amintește de debutul lui Ronaldo la Sporting: "Nu reușeam să îl opresc să facă driblinguri". DigiSport. 13 January 2015. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 24 February 2016.
  17. „Clash of the Titans“. Manchester Evening News. 18 April 2010. Архивирано од изворникот на 3 September 2014. Посетено на 30 August 2014.
  18. „Famous players featured in U17 c'ships“. uefau17.com. Архивирано од изворникот на 2 June 2009.
  19. (10 јули 2018). "Cristiano Ronaldo signs for Juventus!". Соопштение за печат.
  20. „Cristiano Ronaldo to Juventus: Is £99m signing a good deal for Italian champions?“. BBC. Посетено на 10 July 2018.
  21. „Ronaldo breaks transfer record“. Football Italia. 10 July 2018.
  22. „Cristiano Ronaldo: Juventus sign Real Madrid forward for £99.2m“. BBC. 10 July 2018. Посетено на 10 July 2018.
  23. „Cristiano Ronaldo's farewell letter“. Realmadrid.com. 10 July 2018. Посетено на 11 July 2018.
  24. „Chievo thriller on CR7 debut“. Football Italia. 18 August 2018. Архивирано од изворникот на 2018-08-18. Посетено на 2018-09-02.
  25. „Portugal striker Cristiano Ronaldo forced off injured in Euro 2016 final“. ESPN FC. 10 July 2016. Посетено на 10 July 2016.
  26. „FIFPro World XI: Cristiano Ronaldo, Lionel Messi and Neymar included“. Sky Sports (англиски). Посетено на 2017-10-24.
  27. „Cristiano Ronaldo: Overview“. Premier League. Архивирано од изворникот на 17 April 2018. Посетено на 28 September 2018.
  28. 28,0 28,1 28,2 „Cristiano Ronaldo (CR7)“. Madrid: Real Madrid C.F. Архивирано од изворникот на 28 January 2017. Посетено на 21 February 2017.
  29. „ВИДЕО: Сите 900 погодоци на Кристијано Роналдо“. Вечер. 6 Febduary 2024. Посетено на 6 February 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]