Прејди на содржината

Алекс Фергусон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алекс Фергусон
Alex Ferguson
Сер Алекс Фергусон
Лични податоци
Роден на 31 декември 1941(1941-12-31)(82 г.)
Роден во Глазгов, Шкотска
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед (менаџер)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Сер Александар Чепман Фергусон (англиски: Sir Alexander Chapman Ferguson, роден 31 декември 1941 во Глазгов) познат и како Сер Алекс, е поранешен шкотски фудбалер и менаџер, најпознат по тренирање на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед од 1986 до 2013 година.

Фергусон претходно е тренер на Ист Стирлинг и Сент Мирен (англиски: East Stirlingshire; St. Mirren), потоа има успешен период додека раководи со тимот на Абердин. Тој исто така кратко време е и прв човек на Шкотската репрезентација , а потоа од ноември 1986 станува тренер на Манчестер Јунајтед.

Со неговото 25 годишно искуство како менаџер на Манчестер Јунајтед е вториот по ред тренер кој остнал на клупата на Манчестер Јунајтед, пред него е само Сер Мат Бусби (англиски: Sir Matt Busby). За време на неговата кариера во овај клуб Фергусон има освоено многу награди и држи повеќе рекорди како на пример Менаџер на годината ( англиски:Manager of the Year) во оваа категорија Ферегусон е водечки менаџер бидејќи ја има освоено оваа награда најголем број пати во британската фудбалска историја.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Родители на Сер Алекс Фергусон се Александер Битон Фергусон и Елизабет Харди (англиски: Alexander Beaton Ferguson,Elizabeth Hardie).Александер Битон Фергусон , татко му бил работник на индустријата за градење на бродови. Фергусон е роден во домот на неговата баба во Гован (англиски : Shieldhall Road, Govan,) на 31 Декамври 1941 година, а е израснат во истиот град на адреса 667 Гован Роуд (англиски :667 Govan Road),место коешто од неодамна е опустошено и изменето. На ова место Фергусон живее заедно со своите родители и неговиот помлад брат Мартин. Основно обрзование има завршено во училиштето Брумлоан Роуд (англиски :Broomloan Road) а средно образование во гимназијата во Гован (англиски: Govan High School).

Фудбалска Кариера

[уреди | уреди извор]

Алекс Фергусон својата фудбалска кариера ја започнува како аматер во ФК Квинс Парк, каде што тој игра, дебитира како напаѓач. Тој својот прв натпревар го опишува како „ноќна мора“, но во тој натпревар Фергусон го постигнува својот прв гол за резултат од 2:1 против Станраер во подолните шкотски дивизии. Како еден од најзабележителните натпревари на ФК Квинс Парк може да се истакне натпреварот против Квин оф Саут 1959 година којшто завршил со пораз од 7-1 а Сер Алекс Фергусон го постигнал единствениот гол за неговиот тим.

И покрај тоа што Фергусон постигнал 20 голови за Куинс Парк во 21 натпревар, тој сѐ уште не можел да се избори за редовно почетно место во првата постава на овај клуб, па затоа во 1960 година се преселува во Сент Јонстоун (англиски :St. Johnstone). Иако и во овај клуб Фергусон продолжува со неговата серија на постигнување на голови, тој повторно не може да се избори за почетно место во првиот тим на Сент Јонстоун, па затоа тој бара трансфер. Меѓутоа неговото барање за жал е одбиено. Но после неуспехот на неговиот клуб Сент Јоунстоун, да потпише договор со други нови фудбалери, Фергусон добива шанса да игра на натпреварот против Рејнџерс (англиски: Rangers), и тој постигнува хет трик и со тоа неговиот тим на изненадување на сите го добива натпреварот. Во 1964 година Фергусон потпишува договор со Дурмфенлајн (англиски : Dunfermline) и со тоа Фергусон постанува професионален фудбалер.

Дурмфенлајн е силен фудбалски клуб од Шкотската лига и веќе во наредната сезона 1964/65 овај тим стигнува до финалето во Шкотскиот национлен Куп, но за жал Фергусон не игра во финалето бидејќи не е избран во првиот тим заради слабите изведби од претходните натпревари. Дурмфенлајн го губи финалето од Селтик (англиски: Celtic) со 3:2,а исто така завршува и на второт место на табелата со еден бод помалку од првопласираниот тим во домашното првенство. Во наредната сезона 1965/66 Фергусон постигнува 41 голови во 51 натпревар за неговиот тим Дурмфенлајн. Заедно со фудбалерот од Селтик Џоу Мек Бриџ (англиски: Joe McBride), истата сезона е постигнат за најдобар голгетер во Шкотската лига со постигнати 31 голови.

Наредната сезона се префрла во друг Шкотски клуб, Рејнџерс за сума од 65.000 фунти,со тоа тој го поставува рекордниот најголем трансфер што се случил помеѓу два Шкотски клубови. Во 1969 година Рејнџерс игра во финалето на Шкотски Национален Куп и претрпува пораз,за овај пораз е обвинет Фергусон и поради тоа е приморан да игра за младинсиот тим на рејнџерс,наместо за првиот тим. Според братот на Фергусон, Мартин, Сер Алекс Фергусон се обвинува себеси за овај пораз и за тоа што неговиот клуб го изгуби трофејот од Националниот Куп. После поразот на Рејнџерс во финалето на купот Фергусон го напушта клубот. Фергусон во неговата афтобиографија изјавува дека го напушта клубот поради губењето на трофејот во Купот а не поради тоа што тој бил дискриминиран во клубот поради фактот дека тој се оженил со Кети, и бидејќи таа е католик.

Наредниот октомври Фергусон добива понуда од Англискиот Клуб Нотингам Форест(англиски: Nottingham Forest), но Фергусон ја одбива понудата бидејќи неговата сопруга не сака да се пресели да живее во Англија, па заради тоа тој потпишува со Фалкрик(англиски:Falkrik) од Шкотска. Во Овај клуб Фергусон е промовиран како играч-тренер, но по доаѓањето на John Prentice, Фергусон станува само играч,бидејќи му се скратени обврските како тренер. Фергусон е незадоволен со тоа што нема повеќе да биде тренер и бара трансфер. Барањето му е прифатено и Фергусон се префрла во Аир Јунајтед (англиски: Ayr United), каде што тој и ја завршува кариерата како играч во 1974 година.

Почетоци на кариерата како менаџер

[уреди | уреди извор]

Ист Стирлинг

[уреди | уреди извор]

Во јуни 1974, на возраст од само 32 години, Алекс Фергусон бил назначен како менаџер на Ист Стирлинг. Тој работи како менаџер со скратено работно време и има плата од само 40 фунти неделно. Тој со оваа менаџерска позиција одма добива репутација на дисциплиниран тренер. Подоцна Боби Мек Клеј (англиски:Bobby McCulley дава критика за Фергусон во која што тој вика „Никогаш порано се немам уплашено од никого, но Фергусон беше застрашувачки од самиот почеток“. Неговите играчи од Ист Стирлинг исто така позитивно ја коментирале тактичката игра на нивниот тренер, зад која што и стојат успешните резултати со Ист Стирлинг.

Наредниот октомври Фергусон станува менаџер на Сент Мирен. Иако Сент Мирен е подолу на табелата од Ист Стерлингшир, Сент Мирен е поголем и помоќен клуб од Ист Стерлингшир.

Сент Мирен (англиски: St. Mirren)

[уреди | уреди извор]

Фергусон е менаџер на Сент Мирен четири сезони започнувајќи од 1974 па сè до 1978 година. Додека е менаџер на Сент Мирен, Фергусон создава забележливи трансформации,игра напаѓачки фудбал и создава еден млад и успешен тим. Но за жал Сент Мирен е единствениот клуб од којшто Фергусон добива отказ.

На 31 мај 2008 година Д Гардијан (англиски: The Guardian) објавува интрвју со Тод, човекот којшто му го дал отказот на Фергусон, Тод има 87 години во моментот кога што се прави интервјуто. Неговата изјава е дека фергусон е отпуштен од клубот поради тоа што тој го прекршил договорот со тоа што се согласил да замине во друг клуб, т.е Абердин. Тод изјавил дека многу се кае за тоа што се случило, но и го обвинува Абердин за тоа што не преговарал директно со клубот.

Раководењето со Абердин

[уреди | уреди извор]

Рано разочарување

[уреди | уреди извор]

Алекс Фергусон станува менаџер на Абердин 1978,кога го заменува дотогашниот менаџер Били Мек Нил, којшто бил на кормилото на Абердин само една сезона пред да премине во Селтик. Иако Абердин е еден од поголемите и подобрите шкотски клубови, Абердин го нема освоено домашното првансто од сезоната 1955. Тимот на Абердин играл прилично добро во лигата, и немал пораз од претходниот декамври, но сепак на крајот завршил како второ пласиран во првенството. Иако Фергусон е фудбалски менаџер веќе 4 години,тој сепак не е многу постар од неговите играчи, поради тоа тој не може да постигне респект од неговите играчи коишто се постари од него како на пример Џоу Харпер. Со такви проблеми којшто ги има Фергусон сезоната и не му оди најдобро, успева да стигне до полуфинлето од Купот и завршува како четврто пласиран на табелата.

Во 1979 повторно го губат финалето во Купот, за овие неуспеси Фергусон ја презема вината, давајќи изјава дека требало да направи измени во тимот и тактиките а тој не ги сторил.

Сребро-најмалку

[уреди | уреди извор]

Абердин ја започнал наредната сезона многу лошо, но нивната форма драматично се подобрува во текот на првенството и тие ја освојуваат Шкотската Лига таа сезона, а за да ја крунисаат добрата година на последниот натпревар издвојуваат победа од 5:0 во последното коло. Со освојувањето на првенствот Абердин прави прекин на серијата од 15 години во Шкотската лига во која трофејот толку сезони по ред им припаѓал на Рејнџерс или на Селтик. Со тоа Фергусон ја стекнал довербата и почита од своите играчи и изјавил „ Ова беше успехот што не обедини сите, конечно ги убедив играчите да веруваат во мене“.

Тој е строг и дисциплиниран тренер, со тоа тој го добива и прекарот од своите играчи „Бесниот Ферги“.

Тимот на фергусон продолжува со успесите и во 1982 година го освојува Шкотскиот Куп. Тој тогаш добива понуда за работа како тренер на Вулверхемптон , но ја одбива бидејќи според него во Вулверхемптон има проблеми, и дека дава изјава дека неговата мисија во Абердин не е завршена ни до пола.

Европски успех

[уреди | уреди извор]

Фергусон веќе во наредната сезона (1982–83) го води својот клуб Абердин во уште поголем успех. Абердин се квалификува во Купот на Европските победници од куповите како резултат на освојубањето на Шкотскиот Куп во претходната сезона.Нивната игра во Европскиот Куп е импресивна, успеваат да го елиминираат Баерн Минхен (англиски: Bayern Munich),којшто претходно го поразува Тотенхем(англиски:Tottenham Hotspur) со 4:1. Сопред Вајл Милер (англиски: Willie Miller) победата над Баерн Минхен им ја донесе самодовербата да веруваат дека можат и да го освојат Купот.Тоа и се случи! Со победата над Реал Мдрид со 2:1, Абердин на 11 мај 1983 година го освојува Купот на Европа. Со тоа Абердин станува третиот клуб од Шкотска на којшто му успеало да го освои овај трофеј, а Фергусон се чувствува дека „направил нешто многу вредно во својот живот“. Абердин таа сезона исто така имал добри игри и во лигата на Шкотска, и повторно го освоил купот на Купот на Шкотска таа година со победа на Рејнџерс,но Фергусон не бил задоволен од играта во финалето и ја нарекол „срамежлива изведба“. Оваа ијзава која што потоа била повлечена односно порекната, Фергусон првично ја изјавил после завршувањето на натпреварот.

Во сезоната 1983/84, формата на Абердин се пободрува и ја освојуваат лигата на Шкотска и Купот. Фергусон е награден со Орден од Британската Империја, и има понуди од повеќе клубови како Рејнџерс, Арсенал ФК, Тотенхем истата сезона. Абердин повторно ја освојува лигата во сезоната 1985/86, но наредната сезона е разочарувачка за клубот, којшто завршува на четвртата позиција, а ги освојуваат двата Купа. Во 1986 година Фергусон ја известува управата на клубот дека сака да си замине.

Фергусон е дел од клупата на шкотската репрезентација но не е прв менаџер за време на квалификациите за Светско Првенство 1986 . На крајот на натпреварот со кој Шкотска успева да стигне до play-off на Светското Првенсто, кој се одиграл на 10 септември 1985, менаџерот на Шкотската репрезентацијата колабира и умира. После смрта на дотогашниот менаџер на репрезентацијата Јок Стеин (англиски: Jock Stein), Фергусон е назначен на неговата позиција, и тој го предводи Шкотскиот Репрезентација на Натпреварот против Австралија и потоа на Светското Првенство. За да може да успешно да ги извршува меѓународни задачи, тој го назначува Арчи Нокс(англиски: Archie Knox) за помошник менаџер.

Во тоа време Фергусон добива и понуда за да биде менаџер на Тотенхем, но ја одбива, и заминува во Luton Town's David Pleat, одбивајќи ја и понудата на Арсенал ФК да го замени дотогашниот менаџер Дон Хју (англиски: Don Howe).

Истото лето постоеле шпекулации дека Фергусон ќе го замени Рон Аткинсон (англики: Ron Atkinson) менаџерот на Манчестер Јунајтед,тоа иако не се случило тоа лето, во ноември 1986 после отпуштањето на Рон Аткинсон, Алекс Фергусон застанува на чело на клубот од Манчестер, Манчестер Јунајтед

Раководење со Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Назначување и почетни години

[уреди | уреди извор]
Алекс Фергусон

Алекс Фергусон е назначен за менаџер на Манчестер Јунајтед на 6 ноември 1986 година на Олд Трафорд (англики:Old Trafford). Уште од самиот почеток Фергусон бил загрижен за некои Фудбалери како Норман Вајтсајд, Пол Мек Грејт и Брајан Робсон за тоа дали се во форма и дали имаат проблеми со пиењето. Поради неговите сомнежи тој се одлучува да ја зголеми дисциплината во клубот, а тоа носи резултати и Манчестер Јунајтед се исклчува за неколку места на тебелата и завршува како единаесетто пласиран во таа сезона. Тие имале само една победа на гостински терен и тоа против Ливерпул на Енфилд, од 1:0 тоа всушност бил и единствениот пораз на Ливерпул на домашен терен. Три недели после назначувањето на Фергусон за тренер на Ливерпул, се случува трагедија во неговото семејство,мајката на Фергусон умира од рак на белите дробови.

Фергусон го назначува за помошник тренер Арчи Нокс, истиот човек,којшто му беше помошник тренер во Абердин.

Во сезоната 1987/88 Фергусон носи неколку нови засилувања во Манчестер како Стив Брус,Вив Андерсон,Брајан Мек Клер и Џим Леиџтон. Новите засилувања носат добри резултати и Манчестер Јунајтед ја завршува сезоната на второто место, со само девет бода помалку од првопласираниот Ливерпул. Во наредната сезона 1988/89 во тимот на Манчестер се враќа и Марк Хјус којшто од пред две сезони бил во тимот на Барселона,но наместо работите да тргнат на уште подобро,тимот на Манчестер доживува разочарување и голем неуспех завршувајќи ја сезоната на единесетата позиција. За сезоната да биде уште полоша придонесува и фактот што Манчестер Јунајтед е елиминиран од Купот уште во шестото коло од Нотингам Форест со резултат од 1:0. За време на сезоната Манчестер игра неколку пријателски натпревари. Во еден од тие пријателски натпревари одигран против Сомерсет,Фергусон заедно со неговиот помошник Арчи Нокс се појавуваат на теренот во првиот тим на Јунајтед, тоа останува единственото појавување на теренот на Менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Наредната сезона 1989/90, Фергусон повторно го зголемува својот тим и го засилува средниот ред со Неил Веб, Пол Инс и Гери Палистер. Сезоната започнува добро, Manchester забележува победа над Арсенал од 4:1, но брзо се случува пресврт и претрпуваат пораз од нивниот градски соперник Манчестер Сити (англики: Manchester City). После тоа следуваат шест порази и два нерашени резултати. Резултатите се едни од најлошите за Манчестер Јунајтед, Фергусон е притиснат од јавноста и новинарите бараат отказ за Фергусон и крај на лошиата игра на клубот. Подоцна во 1989(истата сезона) Фергусон дава изјава и го прогласува тој период како најлошиот период што воопшто го имал.

После седум натпревари без победа на Манчестер му гостува на Нотингам Форест во третото коло FA Купот. Нотингам e во добра форма и се очекува пораз на Манчестер по којшто Фергусон би бил отпуштен. Но на позитивно изненадување на навивачите на Манчестер Јунајтед, Манчестерr го добива натпреварот со 1:0 со голот на Марк Робинс(англиски: Mark Robins) а со тоа Фергусон останува на чело на тимот. За овај натпревар од Купот има повеќе коментари во коишто новинарите коментираат дека ова е натпреварот којшто му ја спасил кариерата и опстанокот на Фергусон во Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед успева да го освои Купот, откако во финалето игра против Кристал Палас(англиски: Crystal Palace). Првиот натпревар завршува нерешено со резултат од 3:3, а вториот 1:0 за Манчестер Јунајтед. Со тоа Фергусон го добива и прфиот Трофеј како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Cantona и првите наслови во лигата

[уреди | уреди извор]

Иако формата на Манчестер Јунајтед во наредната сезона 1990/91 значително се подобрува, повторно не може да се одржи во текот на целата сезона па завршуваат како шести на табелата. И покрај освојувањето на Купот во претходната сезона некои сѐ уште не веруваат во способноста на Фергусон дека може да ја освои Премиер Лигата.

При крајот на сезоната во 1991 година помошник тренерот на Фергусон, Арчи Нокс заминува во Гласгов Рејнџерс, а за нов помошник на фергусон е промовиран менаџерот на младиот тим на Манчестер Јунајтед, Брајан Кид (англиски: Brian Kidd).

Наредната сезона 1991/92 повторно не оди според очекувањата на Фергусон. Јавноста смета дека неговите грешки се виновни за неуспехот на нивниот клуб. Манчестер Јунајтед таа сезона го освојува лига Купот (League Cup) и Супер Купот (Super Cup), но го губат насловот во лигата, односно откако скоро во текот на целата сезона се наоѓале на врвот на табелата,на крајот остануваат зад Лидс Јунајтед ([[ Leeds United). Фергусон смета дека клучот на неуспехот се должи на тоа што неуспеале да се потпише договор со Мик Харфорд([[Mick Harford) и да се донесе на Олд Трафорд. Но затоа пак смета дека доколку успее да се потипше тој договор,може да се очекуваат поголеми успеси во наредната сезона.

Во завршетокот на сезоната 1992 година Фергусон е по потрага по нови напаѓачи. Тој се обидува да го донесе Алан Ширер (англиски: Alan Shearer) од Саутемтон (англиски: Southampton), но неуспева и Алан Ширер потпишува со Блекбурн Роверс (англиски: Blackburn Rovers). На крај тој плаќа 1 милион фунти за да го донесе напаѓачот Дион Даблин ([[Dion Dublin) од Кембриџ Јунајтед ([[Cambridge United). Тој е единственото поголемо засилување тоа лето за наредната сезона.

После забавениот старт во сезоната 1992/93 (тимот е на десеттото место на почетокот на ноември) се чини дека шансите за Манчестер Јунајтед да ја освои титулата се загубени. Но по доаѓањето на францускиот напаѓач Ерик Кантона (англиски: Eric Cantona) од Лидс Јунајтед во Манчестер Јунајтед за кој се Фергусон потрошил дури 1.2 милиони фунти, иднината на Фергусон и Манчестер Јунајтед се променува. Таа сезона Манчестер Јунајтед успева да ја освои титулата во премиер лигата и да заврши со 10 бода повеќе од второ пласираниот Астон Вила ([[Aston Villa). Таа сезона Алекс фергусон беше прогласен за менаџер на годината.

Сезоната 1993/94 носи поголем успех. Алекс Фергусон го носи во Манчестер Јунајтед Рој Кин ([Roy Keane), како замена за Bryan Robson којшто е во завршетокот на својата кариера. За трансферот на Рој Кин во Манчестер Јунајтед Фергусон плаќа рекордни 3.75 милиони долари и со тоа го засилува средниот ред на тимот од Олд Трафорд.

Алекс Фергусон 1992 година

Манчестер Јунајтед бил на врвот на табелата од почетокот на сезоната до саmиот крај. Кантона бил најдобар стрелец во лигата, со постигнати 25 голови, и покрај тоа што бил исклучен од игра дури двапати во рок од пет дена во март 1994. Манчестер Јунајтед истата сезона стигнал и до финалето од Купот, каде загубил од Астон Вила со резултат од 3:1. Манчестер Јунајтед таа сезона исто така го освоил и FА-купот со убедлива победа против Челси ([[Chelsea) so 4:0.

По завршувањето на сезоната 2012/2013, кога Манчестер Јунајтед повторно ја освоиле шампионската титула, сер Фергусон се повлекол од менаџерската позиција, а продолжил да ги извршува функциите директор и амбасадор на клубот. Во знак на почит кон него, во септември 2013 година, градската власт во Манчестер одлучила улицата "Вотерс рич", која поминува пред стадионот "Олд Трафорд", да ја преименува во "Сер Алекс Фергусон".[1]

Животот на Фергусон

[уреди | уреди извор]

Фергусон живее во Вилмслов (англиски: Wilmslow Cheshire), со неговата сопруга Кети Фергусон (англиски: Cathy Ferguson). Тие се венчале во 1966 година и имаат три синови: Марк роден 1968, и два близнаци родени 1972 година Дарен и Џејсон. Дарен Фергусон е моментално менаџер на Престон Нортх Енд (англиски: Preston North End).

Достигнувања

[уреди | уреди извор]

Достигнувања како фудбалер

[уреди | уреди извор]

Сент Јоунстон (англиски: St. Johnstone) (1960–1964)

[уреди | уреди извор]

- Шкотска прва девизија: 1962/63

Фалкрик (англиски: Falkirk) (1969–1973)

[уреди | уреди извор]

- Шкотска прва девизија: 1969/70

Достигнувања како менаџер

[уреди | уреди извор]

Сент Мирен (Англиски :St. Mirren) (1974–1978)

[уреди | уреди извор]

Шкотска прва девизија1976/77

Абердин (англиски: Aberdeen) (1978–1986)

[уреди | уреди извор]

-Шкоткса прва девизија: 1979/80, 1983/84, 1984/85

-Шкотски Куп: 1982/82, 1982/83, 1983/84, 1985/86

-Шкотски Лига Куп: 1985/86

-УЕФА Куп на победниците од Куповите: 1982/83

-УЕФА Супер Куп: 1983

Манчестер Јунајтед (1986–)

[уреди | уреди извор]

-Премиер Лига-: 1992/93, 1993/94, 1995/96, 1996/97, 1998/99, 1999/2000, 2000/2001, 2002/03, 2006/07, 2007/08, 2008/09

-FA Куп: 1989/90, 1993/94, 1995/96, 1998/99, 2003/04

-Лига Куп:1991/92, 2005/06, 2008/09

-FA Charity/Community Shield: 1990,[62] 1993, 1994, 1996, 1997, 2003, 2007, 2008

-УЕФА Лига на Шампиони: 1998/99,2007/08

-Уефа Куп на победниците од Куповите: 1991

-Интерконтинентален Куп: 1999

-ФИФА Светски Куп: 2008

  1. "Фергусон доби улица во Манчестер", Дневник, број 5291, година XVII, среда, 16 октомври 2013, стр. 25.