Алекс МекЛиш

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алекс МекЛиш
Alex McLeish
Alex Mcleish in 2012
Лични податоци
Роден на 21 јануари 1959 (1959-01-21) (55 г.)
Роден во Глазгов, Шкотска
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба Централен дефанзивен
Клупски податоци
Сегашен клуб слободен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1978-1994 Абердин 493 (25)
1994–1995 Мадервел 3 (0)
Репрезентација
1980-1993 Шкотска 77 (0)
Раководител на екипите
1994–1998 Мадервел
1998–2001 Хибернијан
2001–2006 Ренџерс
2007 Шкотска
2007-2011 Бирмингем Сити
2011-2012 Астон Вила
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 2 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 2 јануари 2012

Александeр "Алекс" МекЛиш (роден на 21 јануари 1959), е шкотски поранешен професионален фудбалер и менаџер. Роден во Глазгов, МекЛиш играл како централен дефанзивец за Абердин во текот на 1980-тите кој беа славни години за клубот, за кој прави речиси 500 лигашки настапи, и направи 77 настапи во националниот фудбалски тим на Шкотска.

Тој ја започнал својата менаџерска кариера со престој во Мадервел и Хибернијан, пред да раководи со екипата на Глазгов Ренџерс кој го води до два првенствени наслови и пет куп победи во пет години. МекЛиш помина десет месеци како селектор на Шкотската репрезентација која за малку не успеа да ја квалификува на завршниот турнир на Европското првенство 2008. Тој потоа поднесе оставка на овој пост во ноември 2007 година за да стане менаџер на Бирмингем Сити, кои беа во Премиер лигата во тоа време. Иако Бирмингем испаднаа во Чемпионшип лигата на крајот на сезоната, МекЛиш ги води назад кон Премиер Лигата во 2009 година. Бирмингем подоцна го освојува Лига Купот во 2011, но испаѓа повторно од Премиер Лигата на крајот од сезоната 2010-11.

По ова испаѓање тој поднесе оставка од функцијата во Бирмингем за да стане менаџер на нивните градски ривали, Астон Вила. Ова го направи првиот менаџер кој преминал директно од Бирмингем Сити во Астон Вила, а само вториот менаџер по Рон Сандерс кој управувал со двата клуба. МекЛиш едвај успеа да избегне испаѓање со тимот во сезоната 2011-12 во Премиер Лигата, а неговиот договор беше раскинат од страна на Вила по крајот од својата прва сезона.

Како признание за неговите истакнати услуги во шкотскиот спорт, во 2008 година на МекЛиш му била доделена почесна докторска титула од страна на Универзитетот во Абердин.

Рани години[уреди]

МекЛиш е роден во Дјук Стрит болницата, во Глазгов од родителите Алекс, работник на бродоградилиште, и Жан. Тој има двајца помлади брат и сестра Иан и Анџела. Откако некое време живееле во областите Паркхед и Кининг парк во градот, семејството се преселило во Бархед, набрзо кога МекЛиш ја достигнал училишната возраст. Тој одел во Спрингхил училештето, каде што беше се запознал со својот иден соиграч од Абердин и Шкотската репрезентација Питер Вир.

Како малолетник играл за Бархед Младинскиот клуб, заедно со Вир, и потоа во Глазгов Јунајтед каде бил пратен на обука за краток период во Хамилтон Аксис. По финалето на локалниот куп со Глазгов Јунајтед во 1976 кој бил следен од делегација на фудбалскиот клуб Абердин, вклучувајќи го и тогашниот менаџер Али Меклеод, МекЛиш потпиша за клубот од Питодри следниот ден.

Играчка кариера[уреди]

годините во Абердин[уреди]

МекЛиш го поминал поголемиот дел од својот првите две сезони во Абердин во резервниот тим, а исто така имаше позајмица на локалниот јуниорски тим Луис Јунајтед. Тој го направил своето официјално деби кога менаџер бил Били МекНил и тоа во Новогодишното коло против Данди Јунајтед на 2 Јануари 1978. Неговиот прв голем настап бил под водството на менаџерот Алекс Фергусон кога тој влегол како замена во поразот со 2-1 од Ренџерс во Лига Купот во сезоната 1978-79. Во текот на следните седум сезони сепак, тој ужива голем успех освојувајќи осум домашни и два европски трофеи. Хајлајтсот ги вклучува и фантастичната победа од 4-1 над Ренџерс во финалето на шкотскиот куп 1982 на неговиот 200-ти настап за Донсите како и победата над Реал Мадрид во финалето на Европскиот Куп на Победниците на Куповите во 1983 година.

Во овој период, МекЛиш формира сериозно партнерство централната дефанзивна двојка со Вили Милер, а зад нив бил фантастичниот голман Џим Лејтон и во двете клубот и националниот тим. Кога Фергусон го напуштил клубот во 1986 година за да го превземе Манчестер Јунајтед, тој се обидел да го поведе сосебе и МекЛиш, но овие обиди не вродиле со плод, тој исто така имал разговори и за трансфер во Тотенхем. Во 1990 година МекЛиш ја добива наградата шкотски играч на годината по сезоната во која Абердин ги освоил двата домашни купа. Тој истотака бил и капитен на Абердин по пензионирањето на Вили Милер.

Дури откако тој го доби својот прв настап во Шкотската репрезентација, таткото на МекЛиш го запрашал тогашниот менаџер на Абердин Сер Алекс Фергусон да го убеди да продолжи со обуката како сметководител.

Репрезентативна кариера[уреди]

МекЛиш е трето рангиран играч на Шкотска на листата на играчи со најмногу настапи, откако одиграл 77 репрезентативни натревари во периодот помеѓу 1980 и 1993 година. Тој најпрво играл во селекцијата за играчи под 21-на година, уште додека играл за резервистите на Абердин од каде бил повикан од неговиот поранешен менаџер во клубот Али МекЛеод, и направил шест настапи на ова ниво. Неговата целосно репрезентативно деби доаѓа на 26 март 1980 година против Португалија кога селекторот Џок Стејн го игра него во средниот ред заедно со Арчи Џемил и Греам Сунес. Тој играше на три Светски првенства со Шкотска во 1982, 1986 и 1990. Тој истотака е член и на Куќата на Славните на шкотскиот фудбал. По повод неговиот 50-ти настап во дресот со националниот грб, против Луксембург во 1987 година, МекЛиш беше назначен за капитен на тимот за тој натпревар. Неговиот последен репрезентативен настап бил на 17 февруари 1993 година, во победата со 3-0 над [[ Малта на Хампден парк во текот на квалификациите за Светското првенство 1994. Тој никогаш не постигнал погодок во неговите 77 настапи за селекцијата.

Менаџерска кариера[уреди]

Мадервел[уреди]

По својата успешна играчка кариера тој набрзо станува менаџер на Мадервел во 1994 година, една година пред да се пензионира како играч. Во својата прва сезона во Мадервел тој стигна до втората позиција во Премиер Дивизијата веднаш зад Глазгов Ренџерс на Валтер Смит. Сепак, тој не успеа да го надогради овој успех и следните две сезони му поминаа во борбите за опстанок. Тој поднесе оставка како менаџер во клубот за да ја превземе функцијата менаџер на Хибернијан во 1998 година.

Хибернијан[уреди]

МекЛиш го презеде Хибернијан во момент во кој тимот се бори за враќање во Премиер лигата, откако тимот беше испаднал од топ дивизијата во 1998 година и покрај тоа што имаа мал пресврт во среќата под водство на МекЛиш. МекЛиш го враќа тимот од Единбург во Шкотската Премиер лига уште во првиот обид по освојувањето на Првата дивизија.

Хибернијан изгледаа консолидирани во нивната прва сезона назад во топ дивизијата, завршувајќи на средината на табелата и достигнувајќи до полуфиналето на Шкотски Куп. Во сезоната 2000-01, Хибс почнаа многу силно. На крајот тие мораа да се задоволат само со третото место и настап во финалето на шкотскиот куп. Овие перформанси го привлекуваат вниманието на поголемите клубови, вклучувајќи ги Вест Хем Јунајтед и Ренџерс.

МекЛиш донел неколку одлични играчи како што се Расел Латапај и поранешниот француски репрезентативец Франк Созе во Хибс со цел да направи конкурентен тим кој ќе им пркоси на двата Глазговски ривали. Тој, исто така, помогна да се развие и младиот напаѓач Кени Милер, кој подоцна ќе стане клучна фигура и во националниот тим на Шкотска.

Ренџерс[уреди]

Неговата работа во Хибс беше забележана, и тој беше поврзуван со неколку преминувања во Англија, пред да биде назначен како нов менаџер на Ренџерс во декември 2001 година. По заминувањето од функцијата дотогашниот менаџер на Ренџерс Дик Адвокат го препорачува токму МекЛиш како најдобар избор за свој наследник кај претседателот на клубот Дејвид Мареј.

МекЛиш имаше инстантен успех со Ренџерс, освојувајќи го Шкотскиот куп и Шкотскиот Лига Куп во својата прва сезона, но најголемата награда, лигашкиот наслов во суштина бил изгубен уште пред неговото доаѓање во клубот. Во неговата втора сезона тој прави уште подобар успех, освојувајќи домашен требл (сите три домашни титули Премиер лигата, Шкотскиот Куп и Шкотскиот Лига Куп), со помошта на играчи како што биле Роналд де Бур и Бари Фергусон.

Влошувањето на финансиската состојба во Ренџерс довела до тоа многу од неговите врвни играчи да го напуштат клубот во текот на летото на 2003 година. Па така, Селтик удобно ја освојува лигата во сезоната 2003-04, додека Ренџерс не успеа да се добере до ниту еден трофеи. МекЛиш беше под константен притисок од страна на навивачите откако неговите промашени засилувања доведоа до седум последователни порази во дерби натпреварите со Селтик.

Веќе следното лето МекЛиш е во потрага по многу поквалитетни играчи и успева да доведе две звучни имиња кој пристигнаа со слободни трансфери. Жан-Алан Бумсонг и Дадо Пршо дојдоа во клубот пред почетокот на сезоната 2004-05 со цел да ги обноват надежите на Ренџерс за враќање на титулата од Селтик. Тимот на МекЛиш ја освои лигашката титула во мај 2005 година во многу драматичен последен ден од сезоната. Во финишот на шампионатот никој не го гледаше Ренџерс како шампион, откако тие паднаа на пет бода заостаток зад лидерите Селтик на само четири натпревари до крајот.

По овој неочекуван успех, МекЛиш и неговиот Ренџерс беа на чело на листата на фаворити за освојување на Шкотската Премиер лига пред стартот на сезоната 2005-06. МекЛиш доведе голем број на играчи, вклучувајќи ги Жилиен Родригез и Иан Мареј, а и покрај тоа потроши многу малку пари. По одличниот старт на сезоната, вклучувајќи ја и победата над Селтик, Ренџерс претрпе серија на лоши резултати во периодот помеѓу септември и ноември. Во овој период е вклучена најголемата серија на натпревари без победа на клубот која изнесуваше цели 10, што беше клупски рекорд. Сепак десеттиот натпревар во оваа низа, беше ремито 1-1 со Интер во Лигата на шампионите, што на Ренџерс му осигури место во нокаут фазата на турнирот за прв пат.

И покрај слабата домашни форма, МекЛиш го предводеше Ренџерс до последните 16 рундата во Лигата на Шампионите, каде што беа поразени со правилото гол во гости од Виљареал. Тие станаа првиот шкотски тим кој направил овој далек прогрес во Европскиот куп уште од 1993 година, и првиот шкотски тим да кој ја поминал групната фаза. Во декември, претседателот Дејвид Мареј јавно ја објавил својата поддршка кон менаџерот МекЛиш. Нешто подоцна, Ренџерс направи добра серија на резултати во декември и јануари.

Оваа серија на добри резултати најде на ненадеен застој кога тие беа поразени со 3-0 од Хибернијан во Шкотскиот Куп, што предизвика голем број на протести пред Иброкс против двајцата МекЛиш и Мареј. На 9 февруари 2006 година, од страна на претседателот Дејвид Мареј беше најавено дека МекЛиш ќе ја напушти позицијата менаџер по крајот на истата сезона.

По оваа вест, подоцна беше објавено дека тој ќе биде наследен од поранешниот менаџер на Олимпик Лион Пол Ле Гвен. Ренџерс го победи Хартс со 2-0 на Иброкс стадионот во последниот натпревар на МекЛиш како менаџер на клубот.

Шкотска[уреди]

МекЛиш изјавил дека по напуштањето на Ренџерс нема да управува со друг шкотски клуб, затоа што тој чувствувал дека постигнал се што може да се освои во шкотскиот фудбал. Тој повторно беше поврзуван во медиумите со голем број на раководни позиции во Англија, во периодот додека работел како телевизиски критичар за ББС и Сетанта Спортс.

МекЛиш ја презеде селекторската клупа на Шкотскиот национален тим на 29 јануари 2007. За негови асистенти во работа беа ангажирани Рој Ејткин и Енди Вотсон. Првиот натпревар на МекЛиш на функцијата селектор на националниот тим беше натпреваро од квалификациите за Евро 2008, во кој оствари победа од 2-1 над Грузија на 24 март 2007 година на Хампден Парк. Неговиот втор натпревар беше гостувањето против Италија на 28 март 2007 година, кој заврши со пораз од 2-0 за неговата репрезентација.

Шкотската селекција на МекЛиш потоа продолжи со победи над Фарските Острови нагости во јуни, Литванија дома во септември пред да дојде историската победа во Париз четири дена подоцна кога тие ја поразија Франција со 1-0 на Паркот на Принцовите благодарение на фантастичниот удар од повеќе од 30-тина метри на Џејмс МекФаден во 64-тата минута доволен за Шкотска да ги заработи трите бода во натпреварот и да се врати на врвот во Групата Б во квалификациите на три натпревари до крајот. Овој резултат беше поздравен како една од најголемите победи на Шкотскиот националниот тим. Следниот успех на шкотите беше домашната победа над Украина, со 3-1 на Хампден на 13 октомври. МекЛиш го доживеа својот втор пораз како селектор, на гостувањето во Грузија на 17 октомври. Овој резултат го остави да се соочува во директен одлучувачки натпревар против светските шампиони, Италија. Шкотска го загуби натпреаварот, што се покажа како последен на МекЛиш и Италија се квалификуваше за финалниот турнир заедно со Франција (како втора во бараж).

Бирмингем Сити[уреди]

Англискиот Премиер лигаш Бирмингем Сити побара од SFA дозвола да разговара со МекЛиш околу пополнувањето на нивната празна менаџерска позиција но обидот на клубот бил одбиен, но на 27 ноември 2007 година, по објавувањето на жребот за квалификациските групи за Светското Првенство во Јужна Африка, тој поднесе оставка на неговата позиција како селектор на Шкотска и беше најавен како нов менаџер на Бирмингем следниот ден. Неговите помошници во Шкотската селекција, Рој Ејткин и Енди Вотсон, требаше да го придружуваат и тука. МекЛиш во првото интервју изјавил дека сака да се врати на работа со играчите на дневна основа и дека "секогаш негувал желба" да управува со некој тим од Премиер Лигата.

МекЛиш како менаџер на Бирмингем Сити

Тој имаше позитивно менаџерско деби со Бирмингем, победувајќи го Тотенхем со 3-2 нагости. Во јануарскиот трансферен прозорец 2008 година, МекЛиш го зајакнува својот тим, со купување на Дејвид Марфи и Џејмс МекФаден како и младиот аргентински напаѓач Мауро Зарате кој дојде на заем. Сепак, тој не беше во состојба да го спаси Бирмингем од испаѓање, и покрај тоа што тимот забележа импресивна победа од 4-1 над Блекбурн Роверс во последниот ден од сезоната.

На последниот ден од сезоната 2008-09, МекЛиш обезбедува враќање на Бирмингем во елитната дивизија на англискиот фудбал уште во првиот обид откако забележаа победа од 2-1 нагости против Рединг. До средината на јануари 2010 година, МекЛиш направи серија од 12-натпревари без пораз, што беше клупски рекорд во топ дивизијата, а истотака тој постави и рекорд на Премиер Лигата откако излезе со истата стартната единаесеторка во девет последователни меча. МекЛиш беше именуван за Менаџер на Премиер лигата за месецот во декември 2009 година, и воедно тој е првиот менаџер на Бирмингем кој примил ваква награда. До крајот на сезоната МекЛиш го доведе Бирмингем на удобното деветто место на табелата, нивниот највисок финиш за повеќе од 50 години.

По успехот на Бирмингем за време на сезоната 2009-10, МекЛиш се согласи на нов тригодишен договор со клубот во септември 2010 година. Во февруари 2011 година, МекЛиш го одведе Бирмингем до титулата во Лига купот, победувајќи го фаворитот Арсенал со 2-1 во финалето на Вембли во она што тој го опиша како "релативно гледано, ... [неговото] најголемо достигнување". Сепак, лошата форма што уследи по титулата во Лига Купот, го чинеше Бирмингем испаѓање во Чемпионшип на последниот ден од сезоната 2010-11, повторно по само две сезони во највисокиот ранг. Директорите на клубот потврдија дека МекЛиш ќе го задржи своето работно место, и очекуваат да го врати клубот во Премиер Лигата уште во првиот обид. МекЛиш сепак одлучи да се откажат од Бирмингем Сити на 12 јуни 2011 година и им објавил на својте сопственици преку мејл дека заминува од клубот.

Астон Вила[уреди]

По заминувањето од Бирмингем Сити, тој останува во истиот град така што ја превзема функцијата менаџер на градските ривали Астон Вила. И покрај тоа што тој не беше многу омилен многу фановите на Вила раководството на клубот решава да му даде шанса по зминувањето на Жерар Улие заради здравствени проблеми. Своето деби МекЛиш го има на 13 август 2011 во 1-вото коло од сезоната 2011-2012 во Премиер лигата, нагостувањето кај Фулам во натпревар без голови. Тој беше отпуштен на крајот од сезоната, откако имаше најслаби резултати од кој и да било претходник на оваа функција. Со процентуално 21,4% победи тој статистички е најслабиот менаџер на Вила во историјата на клубот.

Статистика[уреди]

Менаџерска статистика[уреди]

Тим Земја Од До Скор
Н Поб Н Пор Поб %
Мадервел Шкотска 13 Јули 1994 10 Февруари 1998 156 48 45 63 30.77
Хибернијан Шкотска 11 Февруари 1998 11 Декември 2001 164 77 42 45 46.95
Ренџерс Шкотска 13 Декември 2001 8 Мај 2006 235 155 44 36 65.96
Шкотска Шкотска 29 Јануари 2007 27 Ноември 2007 10 7 0 3 70.00
Бирмингем Сити Англија 28 Ноември 2007 12 Јуни 2011 168 62 51 55 36.90
Астон Вила Англија 17 Јуни 2011 14 Мај 2012 42 9 17 16 21.43
Вкупно 774 357 199 218 46.12

Титули[уреди]

како играч[уреди]

Абердин[уреди]

како менаџер[уреди]

Мадервел[уреди]

Хибернијан[уреди]

Ренџерс[уреди]

Бирмингем Сити[уреди]

Надворешни врски[уреди]