Жерар Улие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жерар Улие
Gérard Houllier.jpg
Лични податоци
Полно име Жерар Пол Франсис Улие[1]
Роден на 3 септември 1947(1947-09-03)[2]
Роден во Теруан, Франција
Починал на 14 декември 2020(2020-12-14) (возр. 73)
Починал во Париз, Франција
Држава Франција Франција
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 1977 (30 г.) - како играч
2011 (63 г.) - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1968-1969 Flag of None.svg Олсоп
1969-1971 Flag of None.svg Икелје
1971-1977 Flag of None.svg Ле Тук
Раководител на екипите
1973-1976 Flag of None.svg Ле Тук
1976-1982 600px vertical HEX-F7F700 HEX-0536B0 HEX-F7F700.svg Ну-ле-Мин
1982-1985 Ланс Ланс
1985-1988 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
1988-1992 Франција Франција (асистент)
1992-1993 Франција Франција
1994-1996 Франција Франција 18
1996-1997 Франција Франција 20
1998-2004 Ливерпул Ливерпул
2005-2007 Олимпик Лион Олимпик Лион
2010-2011 Астон Вила Астон Вила
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 2 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 2 јануари 2012

Жерар Пол Франсис Улие (роден на 3 септември 1947 година во Теруан - починал на 14 декември 2020 во Париз) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред, и фудбалски тренер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Пред завршувањето на својата играчка кариера во која настапувал само за аматерски клубови, Улие станал тренер на екипата на Ле Тук - која била последната за која играл - вршејќи ја должноста на играч-тренер. Потоа тој ја преземал тренерската функција во францускиот петолигаш Ну-ле-Мин, со кој и покрај малите ресурси со кои располагал клубот успеал да избори три промоции и да стигне до втората дивизија во сезоната 1978-1979.[3] Во неговите последни две сезони клубот се борел за промоција во Дивисион 1, но во двата случаи останале само на едно место под позицијата која водела во повисок ранг, а во вториот случај дури само за еден бод.

Во 1982 година, Улие бил назначен за тренер на прволигашот Ланс, со кои во првата сезоната завршил на 4-тото место. Во 1985 година ја презел функцијата во Париз Сен Жермен, со кој уште во првата сезона успеал да ја освои титулата во француското првенство - што била прва во историјата на парискиот клуб.

Во 1998 година бил назначен за менаџер на англискиот Ливерпул. До 2004 година, тој ги водел редситe во 307 официјални натпревари (најмногу во еден клуб во неговата кариера) освјувајќи неколку трофеи како ФА Купот, два Лига купа, еден ФА Черити Шилд, еден Суперкуп на УЕФА и пред се Купот на УЕФА во сезоната 2000-2001, победувајќи го во неверојатен натпревар шпанскиот Алавес во финалето со 5-4 со златен гол. Во 2004 година, со заемен договор тој и Ливерпул ја прекинале соработката[4] и тој бил наследен на клупата на Ливерпул од Рафаел Бенитес.[5]

Во периодот 2005-2007, Улие бил тренер на Олимпик Лион, со кои освоил две титули во Лига 1. Својата последна сезона во кариерата како тренер (2010-2011) ја поминал на клупата на Астон Вила.

Улие починал на 14 декември 2020, на возраст од 73 години, после долгогодишните срцеви проблеми.[6]

Титули[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Париз Сен Жермен[уреди | уреди извор]
1985-1986
Англија Ливерпул[уреди | уреди извор]
2000-2001
2000-2001, 2002-2003.
2001
2000-2001
2001
Франција Олимпик Лион[уреди | уреди извор]
2005-2006, 2006-2007.
2005, 2006

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Франција Фрација под 18 години[уреди | уреди извор]
1996.

Поединечни[уреди | уреди извор]

2001.[7]
2001
2001
2001
2007

Почести[уреди | уреди извор]

Legion Honneur Chevalier ribbon.svg Кавалер на Легијата на честа (Франција)
— 2002[9]

Order BritEmp (civil) rib.PNG Орден на Британската Империја (Велика Британија)
— 2003

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Entreprise GH Consulting à Boulogne-Billancourt (92100)“ [Company GH Consulting in Boulogne-Billancourt (92100)]. Figaro Entreprises (француски). Société du Figaro. 23 December 2018. Посетено на 2 February 2019.
    „Gerard Houllier“. BFM Business (француски). Посетено на 2 February 2019.
  2. „Houllier: Gérard Houllier: Manager“. BDFutbol. Посетено на 21 December 2017.
  3. Williams, Richard (16 May 2001). „From the pits to the peaks“. The Guardian. Посетено на 14 December 2020.
  4. „Hou takes last look“. Liverpool Echo. 24 May 2004.
  5. „Liverpool appoint Benitez“. BBC Sport. 16 June 2004.
  6. „Gérard Houllier, former Liverpool and France manager, dies aged 73“. The Guardian. 14 December 2020. Посетено на 14 December 2020.
  7. „TEAM OF THE YEAR 2001“. UEFA.com. Архивирано од изворникот на 8 June 2014.
  8. „Manager profile: Gérard Houllier“. Premier League. Посетено на 18 September 2018.
  9. „Décret du 29 mars 2002 portant promotion et nomination“ [Decree of 29 March 2002 on promotion and appointment]. Journal Officiel de la République Française (француски). 2002 (77): 5702. 31 March 2002. PREX0200003D. Посетено на 25 August 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]