Златен гол
Златен гол било правило во фудбалот користено од страна на ФИФА од 1993 до 2004 година.[1]
Регулатива
[уреди | уреди извор]Родено по писмо што се појавило во Times на 16 април 1992 година, правилото за златен гол важело во продолженијата на фудбалските натпревари во нокаут-фазата: откако натпреварот завршил со нерешен резултат по регуларното време, првиот постигнат гол во продолженијата ќе му ја донесе победата на тимот кој го постигнал; ова се засновало на концептот на Ненадејна смрт присутен во екипните спортови во Северна Америка.[2]
Во 2002 година, варијантата „сребрен гол“ била воведена од УЕФА, која според правилата му носела победа на тимот кој бил во водство по крајот на едно од продолженијата (небитно дали се работи за првото или второто).[3] Двете правила биле укинати од ИФАБ по крајот на Европското првенство 2004.[4]
Критики
[уреди | уреди извор]Оригиналната идеја на „Златниот гол“ била да се поттикнат екипите да играат поофанзивно, со што ќе се намали употребата на изведување пенали како параметар кој ќе го одлучува победникот; наместо тоа, се верувало дека правилото дало спротивен ефект, бидејќи екипите на теренот често имале тенденција да се затворат и да се бранат со цел да избегнат да примат одлучувачки погодок кој ќе ги елиминира моментално.[4]
Натпревари решени со златен гол
[уреди | уреди извор]Репрезентативни натпревари
[уреди | уреди извор]Победник | Поразен | Резултат | Минута | Натпревар | Дата |
---|---|---|---|---|---|
![]() |
![]() |
2 - 1 | 95' | Финале на Европското првенство 1996 | 30 јуни 1996 |
![]() |
![]() |
3 - 2 | 105' | Бараж за пласман на Светското првенство 1998 | 15 ноември 1997 |
![]() |
![]() |
0 - 1 | 92' | Полуфинале на ФИФА Куп на конфедерации 1997 | 19 декември 1997 |
![]() |
![]() |
1 - 0 | 113' | Осминафинале на Светското првенство 1998 | 28 јуни 1998 |
![]() |
![]() |
2 - 1 | 117' | Полуфинале на Европското првенство 2000 | 28 јуни 2000 |
![]() |
![]() |
2 - 1 | 103' | Финале на Европското првенство 2000 | 2 јули 2000 |
![]() |
![]() |
2 - 1 | 104' | Осминафинале на Светското првенство 2002 | 16 јуни 2002 |
![]() |
![]() |
2 - 1 | 117' | Осминафинале на Светското првенство 2002 | 18 јуни 2002 |
![]() |
![]() |
1 - 0 | 97' | Четвртфинале на Светското првенство 2002 | 22 јуни 2002 |
![]() |
![]() |
1 - 0 | 97' | Финале на ФИФА Куп на конфедерации 2003 | 29 јуни 2003 |
Клупски натпревари
[уреди | уреди извор]Победник | Поразен | Резултат | Минута | Натпревар | Дата |
---|---|---|---|---|---|
![]() |
![]() |
2 - 1 | 103' | Суперкуп на УЕФА 2000 | 25 август 2000 |
![]() |
![]() |
5 - 4 | 117' | Финале на Куп на УЕФА 2000-2001 | 17 мај 2001 |
Останати спортови
[уреди | уреди извор]Освен во фудбалот, „Златниот гол“ имал и има примена и во некој други споротви како хокеј на трева, хокеј на мраз, рагби, американски фудбал, бејзбол и др.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Calcio news“. la Repubblica. 5 март 1994. стр. 23.
- ↑ „Mondiale noioso, l'assillo degli USA“. la Repubblica. 3 јуни 1993. стр. 28.
- ↑ „Addio golden gol, arriva il silver. Era costato all'Italia un Europeo“. la Repubblica. 29 април 2003. стр. 48.
- ↑ 4,0 4,1 „Calcio, la Fifa dice basta a silver e golden gol“. 28 февруари 2004.