Фудбалска репрезентација на Уругвај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фудбалската репрезентација на Уругвај е фудбалски тим кој го претставува Уругвај на меѓународните натпревари и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Уругвај.

Уругвај го освоил Светското првенство; првиот пат во 1930 година (кога бил домаќин), победувајќи ја во финалето Аргентина со 4-2. Вторпат го освоиле во 1950, кога во финалето со 2-1 го победиле Бразил. Тимот исто така освоил и две златни медали на Летните олимписки игри во 1924 и 1928, пред создавањето на Светското првенство. Уругвај освоил повеќе меѓународни титули (19) во XX век за разлика од било која друга земја во светот и сè уште го држи овој рекорд, иако сега го споделува со Аргентина.

Нивниот успех го зголемува и фактот што Уругвај има многу малку жители. Уругвај е единствената земја во светот која го освоила Светското првенство, а има помалку од 4 милиони жители. Всушност, само шест нации со население помало од тоа на Уругвај досега учествувале на Светското првенство: Северна Ирска (3 пати), Велс, Кувајт, Словенија и Тринидад и Тобаго. Исто така, Уругвај е најмалата нација која го освоила Олимпискиот медал во било кој тимски спорт.

Уругвај е и најмалиот член на КОНМЕБОЛ-от, јужноамериканската фудбалска конфедерација. Без оглед на тоа, Уругвај го освоил 14 пати Американското првенство, рекорд кој го споделува со Аргентина.

Меѓутоа, нивото на фудбалската репрезентација на Уругвај се намалило во последно време, бидејќи Уругвај се квалификувал само еднаш во последните четири Светски првенства, иако останал силен тим во Јужна Америка, завршувајќи на третото и четвртото место во последните два Американски купови.

Резултати на репрезентацијата[уреди | уреди извор]

Светски првенства[уреди | уреди извор]

1930 во Уругвај првак
1934 во Италија не учествувала
1938 во Франција не учествувала
1950 во Бразил првак
1954 во Швајцарија 4 место
1958 во Шведска не се квалифицирала
1962 во Чиле 1 коло
1966 во Англија четвртфинале
1970 во Мексико 4 место
1974 во Германија 1 коло
1978 во Аргентина не се квалифицирала
1982 во Шпанија не се квалифицирала
1986 во Мексико 2 коло
1990 во Италија 2 коло
1994 во САД не се квалифицирала
1998 во Франција не се квалифицирала
2002 во Јужна Кореја/Јапонија 1 коло
2006 во Германија не се квалифицирала
2010 во Јужноафриканска Р. се квалифицирала

Актуелен кадар[уреди | уреди извор]

Број Име Клуб Роденден
Голмани
01 Фернандо Муслера Италија ФК Лацио
12 Хуан Кастиљо Колумбија Депортиво Кали
23 Мартин Силва Уругвај ФК Дефенсор
Одбрана
02 Диего Лугано Турција ФК Фенербахче
03 Диего Годин Шпанија Виљареал
04 Хорхе Фусиле Португалија ФК Порто
06 Андрес Скоти Чиле ФК Коло Коло
16 Макси Переира Португалија ФК Бенфика
20 Маурисио Викторино Чиле ФК Универсидад де Чиле
22 Мартин Касерес Италија ФК Јувентус
Среден ред
05 Валтер Гаргано Италија ФК Наполи
08 Себастијан Егурен Шведска ФК АИК
011 Алваро Переира Португалија ФК Порто
14 Николас Лодеиро Холандија ФК Ајакс
15 Диего Перес Франција ФК Монако
17 Ихнасио Гонсалес Шпанија ФК Валенсија
18 Егидио Аревало Риос Уругвај ФК Пењарол
21 Алваро Фернандес Чиле ФК Универсидад де Чиле
Напад
07 Единсон Кавани Италија ФК Палермо
9 Луис Суарез Холандија ФК Ајакс
10 Диего Форлан Шпанија Атлетико Мадрид
13 Себастијан Абреу Бразил Ботафого
19 Себастијан Фернандес Аргентина Банфилд