Мартин Касерес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мартин Касерес
Лични податоци
Полно име Хосе Мартин Касерес Силва
Роден на 7 април 1987(1987-04-07)(36 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001780000001,78 м[1][2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Леванте Леванте
Број 7
Агент Уругвај Даниел Фонсека
Младинска кариера
Дефенсор Спортинг Дефенсор Спортинг
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2007 Дефенсор Спортинг Дефенсор Спортинг 26 (4)
2007-2008 Виљареал Виљареал 0 (0)
2007-2008Рекреативо Уелва Рекреативо Уелва 34 (2)
2008-2011 Барселона Барселона 16 (0)
2009-2010Јувентус Јувентус 15 (1)
2010-2012 Севиља Севиља 39 (2)
2012-2016 Јувентус Јувентус 51 (1)
2017 Саутхемптон Саутхемптон 1 (0)
2017-2018 Верона Верона 14 (3)
2018-2019 Лацио Лацио 10 (1)
2019Јувентус Јувентус 9 (0)
2019-2021 Фјорентина Фјорентина 56 (3)
2021-2022 Каљари Каљари 14 (1)
2022- Леванте Леванте 0 (0)
Репрезентација
2007 Уругвај Уругвај 20 4 (0)
2007- Уругвај Уругвај 86 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Хосе Мартин Касерес Силва (роден на 7 април 1987 во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Леванте и на уругвајската репрезнтација.

Неговата примарна позиција е центарален дефанзивец, но исто така можe да игра и како десен бек.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Касерес ја започна својата кариера во тимот кој се наоѓа во неговиот роден град Монтевидео, Дефензор Спортинг, станувајќи стандарден играч во првиот тим на многу млада возраст, и се натпреварува во една цела сезона во Примера Дивизион Уругваја со тимот. Во почетокот на февруари 2007 година, тој веќе потпиша за шпанскиот тим Виљареал, на кој му се приклучи во јуни иако договорот беше потпишан во месец февруари 2007 година.

По пристигнувањето во Виљареал, Касерес беше веднаш испратен на позајмица на новиот Ла Лига тим, Рекреативо Уелва и е еден од најчесто користените играчи за време на сезоната 2007-08 во шпанската лига (2988 минути, најчесто како партнер на португалецот Бето во централна одбранбена линија). Тој помогна многу за останувањето на андалусијците во најквалитетната шпанска лига, завршувајќи на 16-тата позиција; на 9 јануари 2008 година, тој постигна гол против екипата која беше сопственик на неговите права во Копа дел Реј (1-0 победа, но 1-2 пораз во вкупен резултат) и никогаш не се појави официјално во дресот на жолтата подморница.

Барселона[уреди | уреди извор]

Во јуни 2008 Касерес дојде во тимот на Барселона. Поради многу големата конкуренција тој одигра многу малку мечеви за тимот во сезоната, но заработи медал за победник во Лигата на шампионите, откако беше неискористена резерва во финалето против Манчестер Јунајтед што Барселона го доби со 2-0.

Во август 2009 Касерес доаѓа во италијанскиот калчолигаш Јувентус на позајмица со можност за откуп на договорот на крајот од сезоната за 11 милиони евра. Сезоната почна одлично за Касерес и тој се запиша во списокот на стрелците, веќе на своето деби против Лацио во гостинската победа на неговиот тим од 2-0. Тој почна да биде стандарден првотимец, но за негова несреќа по него дојдоа многубројни повреди, па така тој неуспеа да се избори за регуларен договор со тимот од Торино.

Севиља[уреди | уреди извор]

На 30 август 2010 година, Касерес се врати во Шпанија и му се приклучи на тимот на Севиља на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откупување. Тој почнува да игра редовно за тимот предводен од Грегорио Манзано, особено по враќањето на десниот бек Абдулај Конко до Џенова, во јануари 2011 година.

На 1 мај 2011 година, Касерес беше тешко повреден од страна на Михаел Јакобсен во натпреварот против ФК Алмерија, по што тој страда од болка во бубрезите по опасниот старт. На Данецот му беше доделен директен црвен картон, а за Касерес првично беше објавено дека ќе го пропушти остатокот од сезоната, но тој чудесно се опорави за последните два меча, а Севиља заврши на петтото место и се избори за место во УЕФА Лига Европа.

На 31 мај 2011 година, Севиља се согласи на 3.000.000 € договор плус 1.500.000 € во променливи со Барселона за трајно останување на Касерес на Рамос Санчес Пизхуан стадионот. Кон крајот на јануари 2012 година, сепак, тој се врати во Јувентус, на позајмица како и минатиот пат со можност за откуп.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 8 февруари 2012, Касерес дебитира за Јуве по своето враќање, во натпреварот против Милан на гости во полуфиналето на Купот на Италија. Тој ги одигра комплетните 90 минути и ги постигна двата гола во победата на Јувентус од 2-1.

Својот прв меч во Серија А по враќањето во Италија го одигра на 15 февруари 2012 против Парма кога влезе во 88-мата минута на местото на Стефан Лихтштајнер. На 25 март Касерес го постигна својот прв лигашки погодок, откако прецизно шутираше со глава по нафрлената топка од корнер на Андреја Пирло во победата на Јуве над Интер од 2-0. По завршувањето на сезоната Касерес станува шампион на Италија со Јувентус.

На 25 мај 2012, Јувентус целосно го откупил неговиот договор и потпишал четиригодишен договор со Касерес.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Шпанија Барселона[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]