Луис Суарез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Луиз Суарез
U09 Luis Suárez 7540.jpg
Суарез во дресот на Уругвај во 2014
Лични податоци
Полно име Луиз Алберто Суарез Диаз[1]
Роден на 24 јануари 1987 (1987-01-24) (воз. 30 г.)[1]
Роден во Салто, Уругвај
Висина 1.82 m (6 ft 0 in)[2]
Позиција Напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона
Број 9
Младинска кариера
2003–2005 Национал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2006 Национал 27 (10)
2006–2007 Гронинген 29 (10)
2007–2011 Ајакс 110 (81)
2011–2014 Ливерпул 110 (69)
2014– Барселона 91 (80)
Репрезентација
2006–2007 Уругвај 20 4 (2)
2012 Уругвај 23 4 (3)
2007– Уругвај 91 (47)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 8 April 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 28 March 2017

Луис Суарез (роден на 24 јануари 1987) e уругвајски фудбалер кој игра за ФК Барселона.

Биографија[уреди | уреди извор]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Летото 2013 година, Суарез потпишал нов договор со "Ливерпул" при што тој станал најплатен фудбалер на клубот. Во првиот дел од сезоната 2013-2014 година, Суарез се истакнал со своите одлични игри, постигнувајќи 19 голови за Ливерпул (до крајот на 2013 година), со што го свртел вниманието на светската фудбалска јавност. Сето тоа предизвикало зголемен интерес на повеќе големи клубови за ангажирање на Суарез, поради што неговиот клуб ги објавил двете откупни клаузули од договорот според кои Суарез може да замине во друг клуб само по цена од 130 милиони фунти (ако се работи за клуб од Премиер лигата) или по цена од 100 милиони фунти (ако станува збор за клуб надвор од Британија).[3]

Летото 2014 година, по завршувањето на светското првенство во Бразил, Суарез преминал во ФК Барселона, каде поради изречената казна од ФИФА не можел да игра на официјални натпревари до 23 октомври 2014 година. Истовремено, оваа година, Суарез ја добил наградата „Златна копачка“ (заедно со Кристијано Роналдо), како најдобар стрелец во Европските национални првенства. Како фудбалер на „Ливерпул“, во сезоната 2013-2014, тој постигнал 31 гол на 37 одиграни натпревари.[4] На 15 април 2015 година, во првиот четвртфинален натпревар против „ПСЖ“, Суарез постигнал два гола, од кои, првиот бил 400. гол на „Барселона“ во Лигата на шампионите.[5]
Во сезоната 2015/2016, Суарез играл во одлична форма. Така, веќе во средината на февруари, по одиграни 35 натпревари за „Барселона“, тој постигнал 39 гола и имал уште 12 асистенции. Со тоа, во поглед на постигнатите голови во текот на една сезона, тој ги надминал поранешните играчи на „Барселона“, Ето, Ривалдо и Ханс Кранкл, кои имале постигнато по 35 гола.[6]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На светското првенство во фудбал во Бразил, во осминафиналниот натпревар против Италија, во 71. минута, Суарез го каснал противничкиот играч Џорџо Кјелини за рамото. Поради инцидентот, Луис Сузарез бил казнет од страна на ФИФА со забрана за играње на девет натпревари и суспензија од секакви фудбалски активности во траење од четири месеци.[7] Тоа било највисоката казна што ФИФА ја изрекла на некое светско првенство при што биле земени предвид претходните слични инциденти на Суарез. Претходно, во еден натпревар во холандското првенство, тој го каснал играчот на “ПСВ”, Отман Бакал, за што добил казна од седум натпревари, а потоа, во англиската лига, го гризнал играчот на “Челси”, Бранислав Ивановиќ, за што бил казнет со забрана за играње на десет натпревари.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „2014 FIFA World Cup Brazi: List of Players: Uruguay“ (PDF). FIFA. 14 јули 2014. стр. 31. http://www.fifadata.com/document/fwc/2014/pdf/fwc_2014_squadlists.pdf. конс. 22 март 2016 г. 
  2. „Suárez – Luis Alberto Suárez Díaz – FC Barcelona“. http://www.fcbarcelona.com/football/first-team/staff/players/luis-suarez. 
  3. „Ливерпул одреди две откупни цени за Суарез“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 26.
  4. „Сузарез ја доби Златната копачка“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 25.
  5. „Енрике: Нема простор ПСЖ да нè изненади“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 25.
  6. „Суарез во налет да соборува рекорди“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 22.
  7. „Сузарез ја доби Златната копачка“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 25.
  8. ”ФИФА го казни Суарез со 9 натпревари неиграње”, Дневник, година XVIII, број 5501, петок, 27 јуни 2014, стр. 27.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]