Копа Америка 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Копа Америка 2019
CONMEBOL Copa América Brasil 2019
2019 Copa América official logo
Vibra o Continente
(Vibra el Continente)
Податоци за првенството
ЗемјаБразил Бразил
Датум на одржување14 јуни – 7 јули
Екипи12 (од 2 конфедерации)
Стадиони(во 5 градови домаќини)
Финални резултати
Прво место Gold medal blank.svg Бразил (9. титула )
Второ место Silver medal blank.svg Перу
Трето место Bronze medal blank.svg Аргентина
Четврто место Чиле
Статистики на првенството
Број на натпревари26
Постигнати голови60 (2.31 по натпревар)
Гледачи855.861 (32.918 по натпревар)
ГолгетерБразил Евертон
Перу Паоло Гереро
(по 3 гола)
Најдобар играчБразил Дани Алвес
Најдобар голманБразил Алисон
Фер плеј наградаБразил Бразил
2016
2020


Копа Америка 2019 — 46. издание на Копа Америка, главниот меѓународен фудбалски турнир за репрезентациите од Јужна Америка, организиран од страна на КОНМЕБОЛ.

Турнирот се одржал во Бразил од 14 јуни до 7 јули 2019. Вкупно 12 репрезентации учествувале на турнирот, 10 од Јужна Америка и две земји гостинки од Азија Јапонија и Катар. Чиле влегол во турнирот како бранител на титулата од претходните две изданија во 2015 и 2016 година.

Бразил ја освоил титулата на Копа Америка 2019, нивна деветта во историјата, победувајќи го Перу со 3-1 во финалето.[1] Аргентина го освоила третото место на турнирот победувајќи го Чиле со 2-1 во натпреварот за третото место.[2]

Изборот на домаќин[уреди | уреди извор]

Првично, домаќин на Копа Америка во 2019 година требало да биде Чиле, додека Бразил требало да биде домаќин на Копа Америка 2015,[3] поради политиката на КОНМЕБОЛ турнирите да се одржуваат во секоја од земјите одејќи по азбучен ред. Сепак, поради организацијата на Купот на Конфедерации 2013, Светското првенство 2014 и Летните олимписки игри 2016 во таа земја, Бразил одлучил да не биде домаќин на Копа Америка 2015. Така фудбалските федерации на Бразил и Чиле се согласиле да го променат редот на домаќинство на првенствата во 2015 и 2019 година.[4] Овој договор бил одобрен и од КОНМЕБОЛ во 2012 година.[5]

Копа Америка 2019 година ќе биде последното издание кое се игра во непарни години и со 12 екипи. Почнувајќи од 2020 година, турнирот ќе се одржува во истата година како и УЕФА Европското првенството.

Стадиони[уреди | уреди извор]

На 14 јуни 2018 година, потпретседателот на Фудбалската федерација на Бразил Фернандо Сарнеј објавил дека пет градови ќе бидат домаќини на турнирот: Салвадор, Рио де Жанеиро, Бело Хоризонте и Порто Алегре. Списокот на стадионите бил решен на 17 септември 2018 година.[6] Натпреварот со кој ќе се отвори пренството ќе се одигра на Морумби во Сао Паоло, полуфиналните натпревари ќе се одржат на Арена до Гремио во Порто Алегре и Минеирао во Бело Хоризонте, а финалето ќе се одржи на Маракана во Рио де Жанеиро.[7] На 23 ноември 2018, КОНМЕБОЛ објавиле дека кај вториот стадион во Сао Паоло ќе има промена и наместо Алијанц Парки домаќин на турнирот ќе бида Арена Коринтијанс.[8]

Рио де Жанеиро Сао Паоло
Маракана Морумби Арена Коринтијанс
Капацитет: 74,738 Капацитет: 67,428 Капацитет: 49,205
Aerea2 maracana.jpg Estadio Morumbi 2014.jpg Arena Corinthians West Building.jpg
Бело Хоризонте Порто Алегре Салвадор
Минеирао Арена до Гремио Арена Фонте Нова
Капацитет: 58,170 Капацитет: 55,662 Капацитет: 51,900
Mineirão (Top View).jpg Arena do Grêmio 2014.jpg Aerea Fontenova.jpg

Репрезентации[уреди | уреди извор]

Покрај сите десет репрезентации членки на КОНМЕБОЛ кои имаат право да влезат во натпреварувањето, КОНМЕБОЛ првично планирал да одржи турнир од 16 екипи со покана на шест екипи надвор од КОНМЕБОЛ. На 16 март 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил три екипи од КОНКАКАФ конфедерацијата и три екипи од Азиската фудбалска конфедерација (АФК) кој ќе бидат поканети да учествуваат на Копа Америка 2019.[9][10] На 12 април 2018 година, било објавено дека Катар, земјата домаќин на Светското првенство 2022, ја прифатил поканата за учество на турнирот.[11] На 4 мај 2018 година, КОНМЕБОЛ објавил дека турнирот сепак ќе се одигра со 12 екипи, истиот број како и на претходните изданија почнувајќи од 1993 (освен на Копа Америка Сентенарио кој се одржал во 2016 година), и дека двете екипи гост ќе бидат Катар и Јапонија од АФК конфедерацијата.[12] Овие две репрезентации успеале да стигнат до финалето на АФК Азискиот куп 2019 кој се одржал во ОАЕ, што го освоил Катар.

За Катар ова било нивното прво учество на Копа Америка и со тоа тие станале првата арапска нација која играла на турнирот, додека Јапонија го имала својот втор настап, откако претходно учествувале на изданието во 1999. Ова исто така ќе биде првата Копа Америка на која нема да има ниту еден тим од КОНКАКАФ конфедерацијата, откако на неа учествуваат и поканети екипи; особено ова се однесува на Мексико, кои се натпреварувал на сите десет изданија од 1993 година како поканета екипа, а нема да учествува на овој турнир. САД исто така се натпреварувале на четири турнири, вклучувајќи го и изданието во 2016 година како домаќин.[13]

Ждрепка и групи[уреди | уреди извор]

Распоред на репрезентациите по шешири пред извлекувањето на ждрепката:

Шешир 1 Шешир 2 Шешир 3 Шешир 4

 Бразил (3) (домаќин)
 Уругвај (7)
 Аргентина (11)

 Колумбија (12)
 Чиле (13)
 Перу (20)

 Венецуела (31)
 Парагвај (32)
 Јапонија (50)

 Еквадор (57)
 Боливија (59)
 Катар (93)

Со ждрепката репрезентациите биле распоредени во следниве групи:

Група А Група Б Група Ц

 Бразил (домаќин)
 Боливија
 Венецуела
 Перу

 Аргентина
 Колумбија
 Парагвај
 Катар

 Уругвај
 Еквадор
 Јапонија
 Чиле

Судии[уреди | уреди извор]

На 21 март 2019 година, бил објавен списокот на судии за Копа Америка кој го сочинувале 23 главни и 23 помошни судии.[14][15]

Држава Судии Помошни судии
Аргентина Аргентина Нестор Питана
Фернандо Рапалјини
Патрисио Лоустау
Ернан Мајдана
Хуан Пабло Белати
Есекиел Браиловски
Боливија Боливија Гери Варгас Хосе Антело
Едвар Саведра
Бразил Бразил Вилтон Сампајо
Рафаел Клаус
Андерсон Даронсо
Родриго Кореа
Марсело ван Гасе
Клебер Жил
Венецуела Венецуела Алексис Ерера
Хесус Валенсуела
Карлос Лопес
Луис Мурилјо
Еквадор Еквадор Роди Самбрано
Карлос Орбе
Кристијан Лескано
Бајрон Ромеро
Колумбија Колумбија Вилмар Ролдан
Андрес Рохас
Николас Галјо
Александер Гусман
Вилмар Наваро
Џон Александер Леон
Парагвај Парагвај Марио Дијас де Вивар
Арналдо Саманиего
Едуардо Кардосо
Дарио Гаона
Перу Перу Диего Аро
Виктор Карилјо
Џони Босио
Виктор Раес
Уругвај Уругвај Естебан Остојич
Леодан Гонсалес
Николас Таран
Ричард Тринидад
Чиле Чиле Роберто Тобар
Хулио Баскуњан
Пјеро Маса
Кристијан Шиман
Клаудио Риос

Сoстави на репрезентациите[уреди | уреди извор]

Секоја репрезентација мора на првенството да поведе 23 фудбалери, од кои три мора да бидат голмани.[16]

Фаза по групи[уреди | уреди извор]


  Екипа која се квалификувала во четвртфинале

Група A[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Копа Америка 2019 - група А.
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Бразил 7 3 2 1 0 8 0 +8
2.  Венецуела 5 3 1 2 0 3 1 +2
3.  Перу 4 3 1 1 1 3 6 -3
4.  Боливија 0 3 0 0 3 2 9 -7


Група Б[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Копа Америка 2019 - група Б.
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Колумбија 9 3 3 0 0 4 0 +4
2.  Аргентина 4 3 1 1 1 3 3 0
3.  Парагвај 2 3 0 2 1 3 4 -1
4.  Катар 1 3 0 1 2 2 5 -3


Група Ц[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Копа Америка 2019 - група Ц.
Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Уругвај 7 3 2 1 0 7 2 +5
2.  Чиле 6 3 2 0 1 6 2 +4
3.  Јапонија 2 3 0 2 1 3 7 -4
4.  Еквадор 1 3 0 1 2 2 7 -5


Поредок на третопласираните репрезентации[уреди | уреди извор]

Поз. Група Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. А  Перу 4 3 1 1 1 3 6 -3
2. Б  Парагвај 2 3 0 2 1 3 4 -1
3. Ц  Јапонија 2 3 0 2 1 3 7 -4

Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Копа Америка 2019 - нокаут фаза.

Во нокаут фаза, ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути:

  • Во четвртфиналето, продолженија нема да се играат, и ако натпреварот заврши нерешено по 90 минути се оди директно кон изведување на пенали.
  • Во полуфиналето, натпреварот за третото место и финалето, продолженија ќе се играат (две продолженија од по 15 минути), каде на секоја екипа ќе и биде дозволено право на четврта замена. Ако резултато остане нерешен и по продолженијата, тогаш натпреварот ќе биде решен по изведувањето на пенали.

Жреб и резултати[уреди | уреди извор]

Четвртфинале Полуфинале Финале
                   
27 јуни – Порто Алегре        
  Бразил (п)  0 (4)
2 јули – Бело Хоризонте
  Парагвај  0 (3)  
  Бразил  2
28 јуни – Рио де Жанеиро
    Аргентина  0  
  Венецуела  0
7 јули – Рио де Жанеиро
  Аргентина  2  
  Бразил  3
28 јуни – Сао Паоло (Коринтијанс)
    Перу  1
  Колумбија  0 (4)
3 јули – Порто Алегре
  Чиле (п)  0 (5)  
  Чиле  0 Натпревар за 3. место
29 јуни – Салвадор
    Перу  3  
  Уругвај  0 (4)   Аргентина  2
  Перу (п)  0 (5)     Чиле  1
6 јули – Сао Паоло (Коринтијанс)

Четвртфинале[уреди | уреди извор]




Полуфинале[уреди | уреди извор]


Натпревар за 3. место[уреди | уреди извор]

Финале[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Финале на Копа Америка 2019.

Статистика[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци[уреди | уреди извор]

3 гола
2 гола

1 гол

Автоголови

Табела[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б Краен
резултат
1.  Бразил 6 4 2 0 13 1 +12 14 Шампион
2.  Перу 6 2 2 2 7 9 -2 8 Вицешампион
3.  Аргентина 6 3 1 2 7 6 +1 10 Трето место
4.  Чиле 6 2 1 3 7 7 0 7 Четврто место
5.  Колумбија 4 3 1 0 4 0 +4 10 Елиминирани во
четвртфиналето
6.  Уругвај 4 2 2 0 7 2 +5 8
7.  Венецуела 4 1 2 1 3 3 0 5
8.  Парагвај 4 0 3 1 3 4 -1 3
9.  Јапонија 3 0 2 1 3 7 -4 2 Елиминирани во
групната фаза
10.  Катар 3 0 1 2 2 5 -3 1
11.  Еквадор 3 0 1 2 2 7 -5 1
12.  Боливија 3 0 0 3 2 9 -7 0

Награди[уреди | уреди извор]

Од лево кон десно, Евертон, Алисон и Дани Алвес (сите од Бразил) со добиените награди.

Следниве награди биле доделени по завршувањето на турнирот.[35]

Тим на турнирот

Позиција Играч
Голман Бразил Алисон
Одбрана Бразил Дани Алвес
Бразил Тијаго Силва
Уругвај Хосе Хименес
Перу Мигел Трауко
Среден ред Бразил Артур
Аргентина Леандро Паредес
Чиле Артуро Видал
Напад Бразил Евертон
Перу Паоло Гереро
Колумбија Хамес Родригес

Маркетинг[уреди | уреди извор]

Маскота[уреди | уреди извор]

Зизито, маскотата на Копа Америка 2019.

Маскота на првенството е Зизито, капибара на која и дадено името во чест на Зизињо, кој заедно со аргентинецот Норберто Доротео Мендес е рекордер по бројот на постигнати голови на Копа Америка, со 17 гола.[36]

Слоган[уреди | уреди извор]

Слоганот на Копа Америка 2019 е "Vibra el Continente/Vibra o Continente" (Вибрирање на континентот).[37]

Официјална песма[уреди | уреди извор]

"Vibra Continente", дуетска песма на бразилецот Лео Сантана и колумбијката Карол Џи, е официјална песна на Копа Америка 2019.[38]

Топка[уреди | уреди извор]

Како официјална топка на ова издание на Копа Америка, била објавена топката на Најк Мерлин Рабиско на 24 јануари 2019 година. Нејзиниот дизајн бил инспириран од графитите на ѕидовите во Бразил. Таа е претежно бела и црна украсена со сини и жолти бои со спреј ефект.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „En vibrante partido, Brasil venció por 3-1 a Perú y es el nuevo campeón“ (Spanish). Copa América. 7 July 2019. 
  2. „Argentina venció 2-1 a Chile y se quedó con el tercer puesto“ (Spanish). Copa América. 6 July 2019. 
  3. Copa América será no Brasil em 2015, confirma CBF em seminário“, „O Globo“, 22 февруари 2011. (на Portuguese)
  4. La Copa América da otro paso hacia Chile“, „La Nación“, 8 август 2009. (на Spanish)
  5. Oficial: la Copa América 2015 en Chile Архивирано 13 May 2012 во Wayback Machine.
  6. Morumbi fará abertura da Copa América. Allianz recebe os outros jogos em SP“. (на pt-BR)
  7. „Comité Organizador Local confirma estadios de apertura, final y semifinales de la CONMEBOL Copa América Brasil 2019“. CONMEBOL.com. 18 September 2018. 
  8. Arena Corinthians entra na vaga do Allianz Parque para a Copa América“. (на pt-BR)
  9. „Sem europeus, Brasil busca alternativas para ter 16 times na Copa América de 2019“ [Without european teams, Brazil is looking for alternatives to having 16 teams in 2019 Copa América] (Portuguese). Globo Esporte. 16 March 2018. 
  10. Surprise Nation to Be Included in Copa America 2019 to Be Held in Brazil“, „Sports Illustrated“, 5 април 2018 (посет. 5 април 2018 г).
  11. Jaafar, Karim. „Qatar say yes to playing in 2019 Copa America“, Agence France-Presse, 12 април 2018.
  12. Copa América BRASIL 2019 se disputará con 12 selecciones“, „Conmebol“, 4 мај 2018 (посет. 4 мај 2018 г). (на Spanish)
  13. „Mexico, United States not included as CONMEBOL announces 12-team 2019 Copa America“. Goal.com. 4 May 2018. 
  14. „Árbitros convocados para la CONMEBOL Copa América - Brasil 2019“. CONMEBOL.com. 21. 3. 2019. конс. 18. 6. 2019. 
  15. „Nos complace informarles que la Comisión de Árbitros ha designado a los árbitros y árbitros asistentes de sus respectivas asociaciones para participar de la CONMEBOL COPA AMÉRICA BRASIL 2019.“ (PDF). CONMEBOL.com. конс. 18. 6. 2019. 
  16. „CONMEBOL Copa América Brasil 2019: Reglamento“ (PDF) (шпански). CONMEBOL. 26. 4. 2019. Архивирано (PDF) од изворникот на 2. 5. 2019. конс. 18. 6. 2019. 
  17. „Bolivia vs. Peru“. ESPN. 18 June 2019. конс. 19 June 2019. 
  18. „Brazil vs. Venezuela“. ESPN. 19 June 2019. конс. 19 June 2019. 
  19. „Peru vs. Brazil“. ESPN. 22 June 2019. конс. 22 June 2019. 
  20. „Bolivia vs. Venezuela“. ESPN. 22 June 2019. конс. 22 June 2019. 
  21. „Colombia vs. Qatar“. ESPN. 19 June 2019. конс. 20 June 2019. 
  22. „Argentina vs. Paraguay“. ESPN. 19 June 2019. конс. 20 June 2019. 
  23. „Qatar vs. Argentina“. ESPN. 23 June 2019. конс. 24 June 2019. 
  24. „Colombia vs. Paraguay“. ESPN. 23 June 2019. конс. 24 June 2019. 
  25. „Uruguay vs. Ecuador“. ESPN. 16 June 2019. конс. 17 June 2019. 
  26. „Japan vs. Chile“. ESPN. 17 June 2019. конс. 18 June 2019. 
  27. „Chile vs. Uruguay“. ESPN. 24 June 2019. конс. 25 June 2019. 
  28. „Ecuador vs. Japan“. ESPN. 24 June 2019. конс. 25 June 2019. 
  29. „Brazil vs. Paraguay“. ESPN. 27 June 2019. конс. 28 June 2019. 
  30. „Venezuela vs. Argentina“. ESPN. 28 June 2019. конс. 28 June 2019. 
  31. „Uruguay vs. Peru“. ESPN. 29 June 2019. конс. 29 June 2019. 
  32. „Brazil vs. Argentina“. ESPN. 2 July 2019. конс. 3 July 2019. 
  33. „Chile vs. Peru“. ESPN. 3 July 2019. конс. 4 July 2019. 
  34. „Argentina vs. Chile“. ESPN. 6 July 2019. конс. 7 July 2019. 
  35. „Daniel Alves é eleito craque da Copa América; Alisson e Everton também ganham prêmios“ (Portuguese). Globo. 7 July 2019. 
  36. „Zizito es escogido como nombre de la mascota de la CONMEBOL Copa América - Brasil 2019“. CONMEBOL.com. 12. 4. 2019. конс. 18. 6. 2019. 
  37. „Check out "Vibra el continente", the tournament's anthem with Karol G and Léo Santana“. billboard.com. конс. 18. 6. 2019. 
  38. Roiz, Jessica (10. 6. 2019). „Karol G Teams Up With Brazilian Artist Léo Santana For 2019 Copa America Song“. billboard.com. конс. 18. 6. 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]