Прејди на содржината

Себастијан Коатес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Себастијан Коатес
Лични податоци
Роден на 7 октомври 1990(1990-10-07)(35 г.)
Роден во Монтевидео, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина &100000000000001960000001,96 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Насионал Насионал
Број 4
Младинска кариера
Насионал Насионал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2011 Насионал Насионал 60 (8)
2011-2015 Ливерпул Ливерпул 12 (1)
2014Насионал Насионал 6 (0)
2014-2016 Сандерленд Сандерленд 26 (0)
2016-2024 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 262 (22)
2024- Насионал Насионал 10 (3)
Репрезентација
2009 Уругвај Уругвај 20 19 (1)
2012 Уругвај Уругвај 23 3 (0)
2011-2023 Уругвај Уругвај 51 (2)

Себастијан Коатес Нион (роден на 7 октомври 1990 во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, играч од одбраната на Насионал Монтевидео.

Во периодот 2011-2023 играл за уругвајската репрезентација, за која забележал 51 настап и 2 гола.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Коатес е роден во Монтевидео. По неговата таткова страна, тој е од шкотско потекло, иако неговото семејство не зборува англиски.[1]

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Централен дефанзивец со моќни физички предиспозиции, одлично чувство за позиционирање, добар во играта во воздхот и во изградба на нападите на својот тим.[2]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Коатес ја започнал својата кариера во екипата на Насионал Монтевидео, во која се приклучил на возраст од 11 години и во која напредувал низ сите младински категории играјќи како капитен во секоја од нив. Првиот професионален договор со клубот го потпишал во 2009 година, откако наполнил 18 години, и оттогаш започнал да игра за првиот тим. Својот прв настап како професионален фудбалер го имал против Бела Виста, а по натпреварот уругвајскиот весник Ел Паис го прогласил Коатес за играч на натпреварот. Во текот на трите сезони проведени во Насионал, вкупно за клубот одиграл 92 натпревари и постигнал 8 голови, освојувајќи и две титули во уругвајското првенство.

Коатес со Мартин Кели во дресот на Ливерпул во 2012.

Во август 2011 година Ливерпул покажал силен интерес да го доведе Коатес во својте редови. На 30 август, откако му била издадена работна дозвола тој потпишал повеќегодишен договор со англискиот клуб, во трансфер вреден околу 8 милиони евра. За црвените дебитирал на 18 септември во натпреварот против Тотенхем, заменувајќи го повредениот Даниел Агер во 27-мата минута, во поразот на Ливерпул со 4-0.[3] Својот прв натпревар како стартер го забележал три дена подоцна, во победата со 2-1 над Брајтон во Лига купот.[4] Тој одиграл три натпревари за клубот во ова натпреварување, кое на крајот завршило со победа на Ливерпул и така Коатес го освоил својот прв трофеј како играч на клубот од Енфилд. Својот прв гол во дресот на Ливерпул го постигнал на 21 март 2012 во натпреварот против Квинс Парк Ренџерс на Лофтус Роуд.[5] Првата сезона во клубот ја завршил со 12 настапи (7 во првенството, 2 во ФА Купот и 3 во Лига купот) и еден постигнат гол.

На почетокот на неговата втора сезона во Ливерпул, Коатес заработил повреда на коленото играјќи за својата репрезентација во пријателски натпревар против Јапонија во август 2013 година, која го оддалечила од теренот во поголемиот дел од сезоната 2013-2014.[6] Не можејќи по повредата да конкурира за редовено место во тимот, тој се вратил во Насионал на позајмица во вториот дел од сезоната како би ги сочувал шансите да избори место во репрезентацијата на Уругвај за Светското првенство 2014.[7]

Коатес играјќи за Сандерленд во 2015

На 1 септември 2014, Коатес бил позајмен на Сандерленд до крајот на сезоната 2014-2015, каде тренер му бил неговиот сонародник Густаво Појет.[8] За црните мачки дебитирал на 23 септември играјќи како стартер во третото коло на Лига купот, против Стоук Сити на Стадионот на светлината. На полувремето, тој бил заменет од Патрик ван Анхолт, а Сандерленд загубил со 1–2.[9] Неговиот прв лигашки натпревар го имал на 3 декември, играјќи ги комплетните 90 минути во поразот со 1–4 на домашен терен од Манчестер Сити.[10] Откако Појет бил отпуштен и заменет со Дик Адвокат, Коатес добил повеќе простор за игра. Тој ја одиграл секоја минута во серијата на Сандерленд од пет натпревари без пораз, која ги оддалечила од зоната за испаѓање и на крајот им обезбедила опстанок во лигата. Сезоната ја завршил со 19 настапи во сите натпреварување без постигнат гол.

Во јули 2015, тој потпишал четиригодишен договор со Сандерланд, а трансферот го чинел клубот околу 2,5 милиона евра.[11][12] Тој забележал 18 настапи за англискиот премиерлигаш во првиот дел од сезоната 2015-2016, а потоа бил проследен на позајмица во португалскиот Спортинг Лисабон. Дебитирал за Спортинг на 8 февруари во ремито без голови против Рио Аве.

Во првото коло од сезоната 2016-2017, Коатес го постигнал својот прв гол за лавовите со удар со глава по корнерот на Жоао Марио, во победата со 2-0 на домашен терен над Маритимо.[13] На 14 септември 2016, дебитирал во УЕФА Лигата на шампионите во натпреварот од групната фаза Реал Мадрид-Спортинг 2-1 на Сантјаго Бернабеу.[14] После добрите игри во лисабонскиот клуб, во кој играл константно во сезоната 2016-2017, во февруари 2016 година, Спортинг го откупил Коатес перманентно од Сандерленд за 4,72 милиона евра, потпишувајќи петгодишен договор со играчот.[15]

Во сезоната 2017-2018, Коатес го освоил својот прв трофеј со клубот, откако Спортинг бил најдобар во Лига купот на Португалија; во финалето лавовите ја победиле Виторија Сетубал по изведување на пенали со 5-4 (1-1 во регуларниот дел), а Коатес бил еден од прецизните изведувачи за својот тим.[16] На 12 март 2018, Коатес го забележал својот 100-ти настап за Спортинг во победата со 2-1 на гостувањето кај Чавес.

Во финалето на Лига купот на Португалија 2018-2019 на 26 јануари 2019 година, Коатес промашил удар од белата точка, но и покрај тоа Спортинг го победил Порто со 3-1 по изведување пенали и ја освоил својата втора титула едноподруго во Лига купот.[17] Четири месеци подоцна, во финалето на Купот на Португалија на 25 мај, Спортинг и Порто одново се сретнале и повторно победникот бил одлучен по изведување пенали откако натпреварот завршил 2–2; овојпат Коатес бил прецизен изведувач на ударот од белата точка помагајќи им на лавовите да победат со 5-4 и со тоа да ги освојат двата купа во истата сезона.[18]

На 31 август 2019 година, Коатес направил три пенали и заработил црвен картон во поразот на Спортинг со 2–3 на домашен терен од Рио Аве. Интересно, сите три прекршоци биле над иранскиот напаѓач Мехди Тареми.[19]

Во сезоната 2020-2021, Коатес бил капитен и клучен играч на Спортинг во освојувањето на Примеира лигата, првата првенствена титула на клубот во последните 19 години.[20] Тој бил пофален за водењето на бековската линија на клубот која во 20 натпревари не примила гол и примила само 20 гола на 34 натпревари; исто така, бил награден за Најдобар играч во Примеира лигата за сезоната 2020-2021.

На 30 ноември 2023 година, во ремито 1–1 на гостувањето кај Аталанта во Лига Европа, Коатес го одиграл својот 343-ти натпревар во дресот на Спортинг, претекнувајќи го Андерсон Полга како странски играч со најмногу настапи за лавовите.[21] На 29 јануари 2024 година, тој го одиграл својот 350-ти натпревар за Спортинг, постигнувајќи и гол во првенствената победа со 8-0 против Каса Пиа, со што исто така станал најефикасниот дефанзивец во историјата на португалскиот клуб.[22]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Коатес во дресот на уругвајската репрезентација на ЛОИ 2012.

Откако најпрво бил член на уругвајската репрезентација под 20 години тој бил повикан за првпат во сениорската репрезентација за првиот натпревар од КОНМЕБОЛ–КОНКАКАФ плејофот за пласман на Светското првенство 2010 против Костарика, каде тој сепак останал неискористена замена.[23]

Своето деби за сениорската репрезентација на Уругвај го направил на 23 јуни 2011, во пријателски натпревар против Естонија, влегувајќи како замена во второто полувреме. Две недели подоцна се нашол на списокот на репрезентацијата за Копа Америка 2011, каде ги одиграл комплетните 90 минути во првиот натпревар на својата земја на турнирот против Чиле, во натпреварот што завршил нерешено 1-1 во Мендоса, Аргентина. Коатес ги одиграл и сите преостанати натпревари за својата репрезентација до крајот на турнирот (со исклучок на четвртфиналето каде морал да паузира заради парни жолти картони), на кој Уругвај ја освоил својата 15-та титула јужноамерикански шампион, а Себастијан бил прогласен за најдобар млад играч на ова натпреварување.[24]

Потоа тој бил повикан од Оскар Табарес во Олимписката репрезентација на Уругвај за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[25] Тој ги одиграл сите минути на турнирот, на кој Уругвај не успеал да ја мине првата фаза. На Купот на конфедерации 2013 во Бразил, тој одиграл само два натпревари; влегувајќи како резерва во победата со 2–1 над Нигерија и стартувал во победата со 8–0 над Тахити двете во групната фаза, а Уругвај го завршил натпреварувањето на четвртото место.

И покрај тоа што во сезоната 2013-2014 страдал многу од повреди, сепак тој се нашол на списокот меѓу 23-цата фудбалери на селекторот Табарес за Светското првенство 2014 во Бразил. Дебитирал на првенството во победата со 2-1 над Англија, заменувајќи го својот соиграч од Ливерпул, Луис Суарес во последните минути од средбата. Тоа бил неговиот единствен настап на тоа Светско првенство, а Уругвај бил елиминиран во осминафиналето. Следната година на Копа Америка 2015 во Чиле, Коатес играл во последниот натпревар на "Селесте" од групната фаза, ремито 1–1 против Парагвај, заменувајќи го капитенот Диего Годин кој бил суспендиран; Уругвај бил елиминиран во четвртфиналето на турнирот од репрезентацијата домаќин.[26]

Четири години подоцна, Коатес бил во составот на Уругвај и за следното Светско првенство 2018 во Русија.[27]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Уругвај
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
23-6-2011РивераУругвај Уругвај3 – 0Естонија ЕстонијаПријателска-влегол во игра 59'
8-7-2011МендосаУругвај Уругвај1 – 1Чиле ЧилеКопа Америка 2011 - Прва фаза-дет.
12-7-2011Ла ПлатаУругвај Уругвај1 – 0Мексико МексикоКопа Америка 2011 - Прва фаза-заменет 90'дет.
19-7-2011Ла ПлатаПеру Перу0 – 2Уругвај УругвајКопа Америка 2011 - Полуфинале-дет.
24-7-2011Буенос АиресУругвај Уругвај3 – 0Парагвај ПарагвајКопа Америка 2011 - Финале-15. титуладет.
2-9-2011ХарковУкраина Украина2 – 3Уругвај УругвајПријателска-влегол во игра 77'
15-11-2011РимИталија Италија0 – 1Уругвај УругвајПријателска-влегол во игра 45'
2-6-2012МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 1Венецуела ВенецуелаКвал. за СП 2014-влегол во игра 77'
10-6-2012МонтевидеоУругвај Уругвај4 – 2Перу ПеруКвал. за СП 2014-
5-6-2013МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 0Франција ФранцијаПријателска-
20-6-2013СалвадорНигерија Нигерија1 – 2Уругвај УругвајКуп на конф. 2013 - Прва фаза-влегол во игра 81'
23-6-2013РесифеУругвај Уругвај8 – 0Тахити ТахитиКуп на конф. 2013 - Прва фаза-
14-8-2013РифуЈапонија Јапонија2 – 4Уругвај УругвајПријателска-влегол во игра 80'
30-5-2014МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 0Северна Ирска Северна ИрскаПријателска-влегол во игра 45'
4-6-2014МонтевидеоУругвај Уругвај2 – 0Словенија СловенијаПријателска-влегол во игра 81'
19-6-2014Саун ПаулоУругвај Уругвај2 – 1Англија АнглијаСП 2014 - Прва фаза-влегол во игра 88'
20-6-2015Ла СеренаУругвај Уругвај1 – 1Парагвај ПарагвајКопа Америка 2015 - Прва фаза-
4-9-2015ПанамаПанама Панама0 – 1Уругвај УругвајПријателска-влегол во игра 45'
12-11-2015КитоЕквадор Еквадор2 – 1Уругвај УругвајКвал. за СП 2018-
18-11-2015МонтевидеоУругвај Уругвај3 – 0Чиле ЧилеКвал. за СП 2018-
26-6-2015РесифеБразил Бразил2 – 2Уругвај УругвајКвал. за СП 2018-
30-6-2015МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 0Чиле ЧилеКвал. за СП 2018-
6-10-2016МонтевидеоУругвај Уругвај3 – 0Венецуела ВенецуелаКвал. за СП 2018-
11-10-2016БаранкилјаКолумбија Колумбија2 – 2Уругвај УругвајКвал. за СП 2018-
10-11-2016МонтевидеоУругвај Уругвај2 – 1Еквадор ЕквадорКвал. за СП 20181
15-11-2016СантјагоЧиле Чиле3 – 1Уругвај УругвајКвал. за СП 2018-добил жолт картон во 45-тата минута 45'
24-3-2017МонтевидеоУругвај Уругвај1 – 4Бразил БразилКвал. за СП 2018-добил жолт картон во 71-вата минута 71'
4-6-2017ДаблинИрска Ирска3 – 1Уругвај УругвајПријателска-
7-6-2017НицаИталија Италија3 – 0Уругвај УругвајПријателска-
26-3-2018НанингВелс Велс0 – 1Уругвај УругвајПријателска-влегол во игра 8'
25-6-2018СамараУругвај Уругвај3 – 0Русија РусијаСП 2018 - Прва фаза-дет.
12-10-2018СеулЈужна Кореја Јужна Кореја2 – 1Уругвај УругвајПријателска-
16-10-2018СаитамаЈапонија Јапонија4 – 3Уругвај УругвајПријателска-
22-3-2019НанингУругвај Уругвај3 – 0Узбекистан УзбекистанПријателска-влегол во игра 63'
24-6-2019Рио де ЖанеироЧиле Чиле0 – 1Уругвај УругвајКопа Америка 2019 - Прва фаза-влегол во игра 90+2'дет.
Вкупно Настапи 35 Голови 1

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 19 февруари 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009Уругвај НасионалПД113---КЛ51---164
2009-2010ПД21+3[28]2--КЛ81---293
2010-2011ПД27+1[28]1---CL50---331
2011-2012ПД10---КС+КЛ00---10
сеп. 2011-2012Англија ЛиверпулПЛ71ФАКуп+ЛК2+30ЛЕ-----121
2012-2013ПЛ50ФАКуп+ЛК2+20ЛЕ31---121
Вкупно Ливерпул1219031--242
2013-2014Уругвај НасионалПД60---КЛ10---70
Вкупно Насионал66+46----192---897
2014-2015Англија СандерлендПЛ100ФАКуп+ЛК2+10------130
2015-јан. 2016ПЛ160ФАКуп+ЛК1+10------180
Вкупно Сандерленд26050310
јан. - мај. 2016Португалија Спортинг ЛисабонПЛ130КП+ЛКП0+00+0ЛЕ10---130
2016-2017ПЛ333КП+ЛКП2+20+0ЛШ60---433
2017-2018ПЛ342КП+ЛКП5+42+1ЛШ+ЛЕ7[29]+50+0---545
2018-2019ПЛ311КП+ЛКП6+40+1ЛЕ80---492
2019-2020ПЛ294КП+ЛКП0+30ЛЕ72СП10406
2020-2021ПЛ335КП+ЛКП3+22+0ЛЕ2[30]0---407
2021-2022ПЛ302КП+ЛКП3+11+0ЛШ62СП10415
2022-2023ПЛ301КП+ЛКП0+40ЛШ+ЛЕ5+50+2---443
2023-2024ПЛ173КП+ЛКП3+21+0ЛЕ61---285
Вкупно Спортинг Лисабон250214485772035336
Вкупно во кариерата3582858879102049746
Коатес со наградата за најдобар млад играч на Копа Америка 2011.

Уругвај Насионал

[уреди | уреди извор]
2008-2009, 2010-2011

Англија Ливерпул

[уреди | уреди извор]
2011-2012

Португалија Спортинг Лисабон

[уреди | уреди извор]
2020-2021, 2023-2024
2018-2019
2017-2018, 2018-2019, 2020-2021, 2021-2022
2021

Репрезентација

[уреди | уреди извор]
2011
  1. „Seba: My roots are actually in Scotland“. Liverpool F.C. 19 June 2014. Посетено на 27 June 2014.
  2. È un continente per vecchi: tra Ganso e Aguero spunta Coates
  3. Wilkinson, Kerry. „BBC Sport - Tottenham 4-0 Liverpool“. bbc.co.uk. Посетено на 20 December 2013.
  4. McNulty, Phil (21 September 2011). „BBC Sport - Brighton 1-2 Liverpool“. bbc.co.uk. Посетено на 20 December 2013.
  5. Sanghera, Mandeep (21 March 2012). „BBC Sport - QPR 3-2 Liverpool“. bbc.co.uk. Посетено на 20 December 2013.
  6. Liverpool's Sebastián Coates to miss 'most of the season' with knee injury - The Guardian, 22 August 2013
  7. Dan Kay (27 November 2013). „Liverpool FC defender Sebastian Coates making injury progress and eyeing Uruguay World Cup slot“. Liverpool Echo. Посетено на 20 December 2013.
  8. „Transfer deadline day: Sunderland sign Liverpool's Sebastian Coates“. BBC Sport. 1 September 2014. Посетено на 1 September 2014.
  9. „Sunderland 1-2 Stoke“. BBC Sport. 23 September 2014. Посетено на 23 March 2015.
  10. Johnston, Neil (3 December 2014). „Sunderland 1-4 Man City“. BBC Sport. Посетено на 23 March 2015.
  11. „Sebastian Coates: Sunderland sign Liverpool defender“. BBC. 1 July 2015.
  12. „Sunderland sign Sebastian Coates from Liverpool on four-year deal“. ESPN FC. 1 July 2015.
  13. Hunter, James (15 August 2016). „Sunderland loanwatch: Sebastian Coates helps Sporting Lisbon get off to a winning start“. Chronicle Live. Посетено на 25 September 2016.
  14. „Real Madrid-Sporting Lisbon 2-1“. uefa.com. 14 септември 2016. Посетено на 1 март 2019.
  15. „Sebastian Coates: Sunderland defender joins Sporting Lisbon on permanent deal“. BBC Sport. 2 February 2017. Посетено на 5 February 2017.
  16. „Taça da Liga Final 2018“. Архивирано од изворникот на 2018-01-30. Посетено на 2019-03-01.
  17. „FC Porto 1 : 1 Sporting CP“ (португалски). Liga Portugal. 26 January 2019. Архивирано од изворникот на 2024-11-27. Посетено на 1 September 2019.
  18. „Taça Portugal Placard“ (PDF) (португалски). FPF. 25 May 2019. Посетено на 1 September 2019.
  19. „Sporting defender concedes 3 pens, sent off“. ESPN. 31 August 2019. Посетено на 1 September 2019.
  20. „Sporting Lisbon's bittersweet title win after 19 years of hurt“. CNN. 12 May 2021. Посетено на 25 May 2021.
  21. Vidal Silva, Diogo (30 November 2023). „Coates histórico: uruguaio torna-se no estrangeiro com mais jogos pelo Sporting“ [Historic Coates: Uruguayan becomes foreigner with most games for Sporting]. zerozero.pt (португалски). Посетено на 4 December 2023.
  22. Marta Fernandes Simões (30 јануари 2024). „Coates tornou-se o defesa mais goleador do Sporting“ (португалски).
  23. „Match Report: Costa Rica 0 – Uruguay 1“. FIFA. 14 November 2009. Архивирано од изворникот на 2012-01-21. Посетено на 13 April 2010.
  24. „Sebastian Coates receives the Trophy Claro – Best Young Player of the Copa America“. Awazsports.com. 25 July 2011. Архивирано од изворникот на 2 March 2012. Посетено на 23 August 2011.
  25. „Convocatoria Uruguay Fútbol Juegos Olímpicos Londres 2012“ [Uruguay Football Squad London 2012 Olympic Games] (шпански). lovingfutbol.com. 8 July 2012. Архивирано од изворникот на 12 July 2012. Посетено на 8 July 2012.
  26. Sharma, Rik (20 June 2015). „Uruguay 1-1 Paraguay: Lucas Barrios cancels out Jose Gimenez's opener in La Serena but a point takes Oscar Tabarez's side into the last eight of the 2015 Copa America“. Mail Online. DMG Media. Посетено на 1 July 2015.
  27. „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists - Goal.com“. www.goal.com.
  28. 1 2 Плејоф.
  29. 2 настапи во плејофот
  30. Во квалификациските кола

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]