Прејди на содржината

Хидемаса Морита

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хидемаса Морита
Лични податоци
Полно име Хидемаса Морита[1]
Роден на 10 мај 1995(1995-05-10)(29 г.)
Роден во Такацуки, Јапонија
Држава Јапонија Јапонија
Висина &100000000000001770000001,77 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 5
Младинска кариера
Универзитет Рјуцу Кеизаи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2020 Кавасаки Фронтале Кавасаки Фронтале 81 (1)
2021-2022 Санта Клара Санта Клара 48 (3)
2022- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 45 (8)
Репрезентација
2018- Јапонија Јапонија 32 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Хидемаса Морита (роден на 10 мај 1995 година, во Такацуки) — јапонски фудбалер, играч од средниот ред на Спортинг Лисабон и на јапонската репрезентација.[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден во Такацуки, префектурата Осака, Морита учел средно училиште во Конко, a потоа студирал на универзитетот Рјуцу Кеизаи, играјќи фудбал за тимот на универзитетот, со кој (во својата четврта година на универзитет) во 2017 година го освоил универзитетското првенство, каде бил прогласен и за најдобар играч на турнирот.

Во 2019 година, Морита стапил во брак со моделот Реина Фуџисака;[4] двојката има ќерка родена во 2022 година.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Кавасаки Фронтале[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера Морита ја започнал во 2018 година, приклучувајќи се на Кавасаки Фронтале, клуб од Ј1 лигата. Своето професионално деби го имал на 10 февруари 2018 година, во поразот со 3-2 од Серезо Осака во Суперкупот на Јапонија, заменувајќи го Јусуке Тасака во 52-рата минута. На 14 април, тој го имал својот прв старт во почетната постава во натпреварот против Вегалта Сендаи.[5] После тоа, тој успеал да обезбеди поактивна улога во тимот, давајќи важен придонес во освојувањето на јапонското првенство.

Следната година, Морита играл во АФК Лигата на шампионите 2019, правејќи го своето деби во натпреварувањето против кинескиот Шангај Порт, во натпревар во кој обезбедил асистенција за голот на Шого Танигучи во ремито 2-2.[6] Во 2019 година со клубот го освоил Купот на Јапонија, постигнувајќи го својот прв гол во кариерата на патот до таму, во победата со 3-1 против Кашима Антлерс во полуфиналето, но за жал поради повреда нема да го игра финалето каде Кавасаки Фронтале го победиле Консадол Сапоро.

Во 2020 година, тој ја освоил својата втора лична титула во Ј1 лигата, по изданието во 2018, постигнувајќи само еден гол во првенството во поразот со 3-1 од Урава Ред Дајмондс. Сепак, неговите одлични игри со кои му помигнал на клубот да ја освои титулата довеле до тоа да биде избран во Најдобрите единаесет во Ј1 лигата,[7] заедно со уште осум играчи на Кавасаки Фронтале.

Санта Клара[уреди | уреди извор]

На 8 јануари 2021 година, Морита се преселил во Португалија каде играл за Санта Клара.[8] Неговиот прв натпревар во Примеира лигата (најсилната дивизија на португалскиот фудбал), бил на 25 јануари против Рио Аве, каде веќе на своето деби Морита постигнал гол и тоа победничкиот за својот тим во успехот со 2-1.[9] Потоа, постигнал уште еден гол во победата над Фаренсе со 4-0.[10] Под водството на тренерот Даниел Рамош, Морита одиграл 20 натпревари на кои постигнал два гола во Примеира лига 2020-2021, придонесувајќи за освојувањето на шесттото место во најсилната лига на Португалија - што е најдобриот пласман на Санта Клара во историјата на клубот - и за тоа клубот да се квалификува за новосоздаденото европско натпреварување, УЕФА Лигата на конференции.

Следната сезона дебитирал во европски купови, играјќи во победата на Санта Клара во Скопје над македонскиот претставник Шкупи со 3-0, во второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на конференции 2021-2022. Својот прв гол во споменатото натпреварување го постигнал на 19 август 2021, во победата на домашен терен над српскиот Партизан со 2-1. Во првенството, Морита одиграл 28 натпревари и постигнал еден гол, продолжувајќи да пружа солидни партии кои наскоро ќе му донесат интерес од други поголеми клубови и ќе го натераат да ја промени средината.

Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2022 година, Спортинг Лисабон го официјализирале трансферот на Морита од Санта Клара за кој платиле околу 3.5 милиони евра.[11] Своето деби за клубот го направил на 7 август, играјќи во ремито 3-3 против Брага на отворањето на првенството.[12] На 7 септември, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт.[13] На 30 септември, тој го постигнал својот прв гол за лавовите во победата со 3-1 над Жил Висенте.[14][15] На 8 октомври, Морита постигнал гол на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Санта Клара, во победата на Спортинг со 2-1.[16] На 1 февруари 2023, Морита ги постигнал првите два гола во победата со 5-0 на домашен терен над Брага.[17] Под водството на тренерот Рубен Аморим, првата сезона во Спортинг ја завршил со 29 настапи и 6 гола во првенството; тој, исто така, имал важна улога и во европските натпреварувања каде собрал 10 настапи помеѓу Лигата на шампионите и Лигата на Европа, помагајќи лавовите да стигнат до четвртфиналето во второто натпреварување каде биле елиминирани од Јувентус.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Своето деби за јапонската репрезентација, Морита го направил на 11 октомври 2018 година во победата со 3-0 во пријателски натпревар против Костарика, влегувајќи како замена во 82-рата минута на местото на Сеи Муроја.

Во јануари 2019 година, тој бил повикан за Азискиот куп 2019, но поради повреда морал да се повлече и бил заменет од Цукаса Шиотани.[18]

Во март 2021 година, тој бил повикан во националниот тим за прв пат по нешто помалку од две години, а на 30 март го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 14–0 против Монголија во квалификациите за Светското првенство 2022;[19] последователно, на 1 ноември 2022 година, Морита бил избран во составот на Јапонија за мундијалот во Катар.[20] Таму, тој одиграл три од четирите натпревари на Јапонија, вклучително и оној во осминафиналето, по кој неговата репрезентација била елиминирана откако загубиле од Хрватска по изведување на пенали. Морита бил заменет во второто продолжение и не бил меѓу изведувачите за Јапонија.

На 1 јануари 2024 година, тој бил повикан за Азискиот куп 2023 каде постигнал и еден гол, во поразот со 2-1 од Иран во четвртфиналето, кој за јапонците значел елиминација од турнирот.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Јапонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-9-2018 Осака Јапонија Јапонија 3 – 0 Костарика Костарика Пријателска - влегол во игра 82'
20-11-2018 Тојота Јапонија Јапонија 4 – 0 Киргистан Киргистан Пријателска -
5-6-2019 Тојота Јапонија Јапонија 0 – 0 Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго Пријателска - заменет 61'
25-3-2021 Јокохама Јапонија Јапонија 3 – 0 Јужна Кореја Јужна Кореја Пријателска - заменет 86'
30-3-2021 Чиба Монголија Монголија 0 – 14 Јапонија Јапонија Квал. за СП 2022 1 заменет 46'
28-5-2021 Чиба Јапонија Јапонија 10 – 0 Мјанмар Мјанмар Квал. за СП 2022 1 заменет 62'
7-6-2021 Суита Јапонија Јапонија 4 – 1 Таџикистан Таџикистан Квал. за СП 2022 - влегол во игра 68'
11-6-2021 Кобе Јапонија Јапонија 1 – 0 Србија Србија Пријателска -
15-6-202 Суита Јапонија Јапонија 5 – 1 Киргистан Киргистан Квал. за СП 2022 - заменет 62'
7-10-2021 Џеда Саудиска Арабија Саудиска Арабија 1 – 0 Јапонија Јапонија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 73'
12-10-2021 Саитама Јапонија Јапонија 2 – 1 Австралија Австралија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 68-мата минута 68' заменет 84'
11-11-2021 Ханој Виетнам Виетнам 0 – 1 Јапонија Јапонија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 85-тата минута 85' заменет 88'
27-1-2022 Саитама Јапонија Јапонија 2 – 0 Кина Кина Квал. за СП 2022 -
1-2-2022 Саитама Јапонија Јапонија 2 – 0 Саудиска Арабија Саудиска Арабија Квал. за СП 2022 -
24-3-2022 Сиднеј Австралија Австралија 0 – 2 Јапонија Јапонија Квал. за СП 2022 -
29-3-2022 Саитама Јапонија Јапонија 1 – 1 Виетнам Виетнам Квал. за СП 2022 - влегол во игра 62'
23-9-2022 Дизелдорф Јапонија Јапонија 2 – 0 САД САД Пријателска -
27-11-2022 Ал Рајан Јапонија Јапонија 0 – 1 Костарика Костарика СП 2022 - Прва фаза -
1-12-2022 Ал Рајан Јапонија Јапонија 2 – 1 Шпанија Шпанија СП 2022 - Прва фаза -
5-12-2022 Ал Вакра Јапонија Јапонија 1 – 1 прод.
(1 – 3 пен.)
Хрватска Хрватска СП 2022 - Осминафинале - заменет 106'
24-3-2023 Токио Јапонија Јапонија 1 – 1 Уругвај Уругвај Пријателска - заменет 74'
28-3-2023 Осака Јапонија Јапонија 1 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 78'
15-6-2023 Тојота Јапонија Јапонија 6 – 0 Ел Салвадор Ел Салвадор Пријателска - заменет 76'
20-6-2023 Суита Јапонија Јапонија 4 – 1 Перу Перу Пријателска - влегол во игра 46'
9-9-2023 Волфсбург Германија Германија 1 – 4 Јапонија Јапонија Пријателска - заменет 75'
17-10-2023 Кобе Јапонија Јапонија 2 – 0 Тунис Тунис Пријателска -
16-11-2023 Суита Јапонија Јапонија 5 – 0 Мјанмар Мјанмар Квал. за СП 2026 - влегол во игра 66'
21-11-2023 Џеда Сирија Сирија 0 – 5 Јапонија Јапонија Квал. за СП 2026 -
14-1-2024 Доха Јапонија Јапонија 4 – 2 Виетнам Виетнам Куп на Азија 2023 - Прва фаза - заменет 77'
19-1-2024 Ал Рајан Ирак Ирак 2 – 1 Јапонија Јапонија Куп на Азија 2023 - Прва фаза - заменет 74'
31-1-2024 Доха Бахреин Бахреин 1 – 3 Јапонија Јапонија Куп на Азија 2023 - Осминафинале - влегол во игра 36'
3-2-2024 Ал Рајан Иран Иран 2 – 1 Јапонија Јапонија Куп на Азија 2023 - Четвтфинале 1 заменет 90+9'
Вкупно Настапи 32 Голови 3

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 26 мај 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018 Јапонија Кавасаки Фронтале Ј1 26 0 КЏЛ+КИ 0+4 0 АЛШ 5 0 СЈ 1 0 36 0
2019 Ј1 23 0 КЏЛ+КИ 4+2 1+0 АЛШ 4 0 СЈ 1 0 34 1
2020 Ј1 32 1 КЏЛ+КИ 4+2 0 - - - - - - 38 1
Вкупно Кавасаки Фронтале 81 1 16 1 9 0 2 0 108 2
јан.-јун. 2021 Португалија Санта Клара ПЛ 20 2 КП 1 0 - - - - - - 21 2
2021-2022 ПЛ 28 1 КП+ЛКП 1+3 0 ЛК 6[21] 1 - - - 38 2
Вкупно Санта Клара 48 3 5 0 6 1 - - 59 4
2022-2023 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 29 6 КП+ЛКП 1+2 0 ЛШ+ЛЕ 5+4 0 - - - 41 6
2023-2024 ПЛ 14 1 КП+ЛКП 0+0 0+0 ЛЕ 5 0 - - - 19 1
Вкупно Спортинг Лисабон 43 7 3 0 14 0 - - 60 7
Вкупно во кариерата 186 13 25 1 29 1 2 0 242 15

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Јапонија Кавасаки Фронтале[уреди | уреди извор]

2018, 2020
2020
2019
2021

Португалија Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

2023-2024

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

2017

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Cup Qatar 2022 – Squad list: Japan (JPN)“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 16. Посетено на 15 November 2022.
  2. „Hidemasa Morita“. Sporting CP. 24 July 2022. Посетено на 13 August 2022.
  3. Хидемаса Морита на soccerway
  4. „Upoznajte japanske WAGsice: U braku ili vezi su rijetki, privatan život vješto nastoje sakriti“. 5 декември 2022. Посетено на 11 март 2024.
  5. „川崎F、家長ポスト2本など決め切れずスコアレス…仙台はJデビューの青森山田出身DF常田が完封貢献“. ゲキサカ (јапонски). 14 April 2018. Посетено на 2022-12-01.
  6. https://www.the-afc.com/competitions/afc-champions-league/latest/news/group-h-kawasaki-frontale-jpn-2-2-shanghai-sipg-fc-chn. Отсутно или празно |title= (help)
  7. „[J.League Awards] Michael Olunga (Kashiwa Reysol) crowns the MVP to be the eighth top scoring player to double. Kawasaki Frontale produce nine members in the Best Eleven Players | News“. J.LEAGUE (англиски). 7 April 2021. Посетено на 2022-12-01.
  8. AcoresPRO.com, André Amaral-. „Clube Desportivo Santa Clara » Oficial- Hidemasa Morita“ (португалски). Посетено на 2022-12-01.
  9. „Hidemasa Morita nets winner in debut for Santa Clara“. The Japan Times (англиски). 2021-01-26. Посетено на 2022-12-01.
  10. Празен навод (help)
  11. „Morita joins Sporting CP“. www.sporting.pt (англиски). 2022-07-03. Посетено на 2022-12-01.
  12. „Draw against SC Braga opens 2022/23 season“. www.sporting.pt (англиски). 2022-08-08. Посетено на 2022-12-01.
  13. „Soccer: Morita assists opener as Sporting stun Kamada's Frankfurt“. nippon.com (англиски). 2022-09-08. Архивирано од изворникот на 2022-09-08. Посетено на 2022-12-01.
  14. „Sporting back on track with 3-1 victory over Gil Vicente“. portugoal.net. 22 септември 2022. Посетено на 13 март 2024.
  15. „Soccer: Morita nets 1st goal for Sporting in win over Gil Vicente“. nippon.com (англиски). 2022-10-01. Архивирано од изворникот на 2022-12-01. Посетено на 2022-12-01.
  16. „Hidemasa Morita leads Japanese scoring rush across Europe“.
  17. „BRAGA, Che tonfo: schiantata 5-0 dallo Sporting Lisbona“. Text "https://www.firenzeviola.it/avversari/braga-che-tonfo-schiantata-5-0-dallo-sporting-lisbona-387337" ignored (help); Отсутно или празно |url= (help)
  18. „Takashi Inui, Tsukasa Shiotani named as injury replacements for Japan's Asian Cup squad“. The Japan Times (англиски). 2019-01-05. Посетено на 2022-12-01.
  19. AP (2021-03-30). „Japan routs Mongolia 14–0 in World Cup qualifying“. business-standard.com (англиски). Посетено на 2022-12-01.
  20. Duerden, Greg LeaContributions from John; published, Ryan Dabbs (2022-11-23). „Japan World Cup 2022 squad: Team announced for tournament in Qatar“. fourfourtwo.com (англиски). Посетено на 2022-12-01.
  21. NeВо квалификациските кола.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]