Рубен Аморим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рубен Аморим
Лични податоци
Полно име Рубен Филипе Маркеш Аморим
Роден на 27 јануари 1985(1985-01-27)(39 г.)
Роден во Лисабон, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон (тренер)
Повлекување 4 април 2017 (32 г.)
Младинска кариера
Бенфика Бенфика
Белененсеш Белененсеш
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2008 Белененсеш Белененсеш 96 (4)
2008-2017 Бенфика Бенфика 95 (5)
2012-2013Брага Брага 30 (4)
2015-2016Ал-Вакра Ал-Вакра 14 (2)
Репрезентација
2003 Португалија Португалија 18 3 (0)
2003-2004 Португалија Португалија 19 13 (0)
2004-2005 Португалија Португалија 20 13 (0)
2005-2008 Португалија Португалија 21 10 (0)
2010-2014 Португалија Португалија 14 (0)
Раководител на екипите
2018-2019 Каза Пија Каза Пија
2019 Брага Б Брага Б
2019-2020 Брага Брага
2020- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Рубен Филипе Маркеш Аморим (роден на 27 јануари 1985, во Лисабон) — португалски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Спортинг Лисабон.

Својата играчка кариера Аморим ја поминал играјќи претежно за само два клуба Белененсеш и Бенфика, со вториот освоил и неколку трофеи вклучувајќи три првенствени титули, еден Куп на Португалија, пет Лига купа на Португалија и еден Суперкуп на Португалија. Во кариерата настапувал уште за екипите на Брага и катарската Ал-Вакра.

За португалската репрезентација, тој забележал 14 настапи и учествувал на две Светски првенства во 2010 и 2014.

По завршувањето на играчката кариера, Аморим ја започнал својата тренерска кариера, а првата работа ја добил во португалскиот третолигаш Каза Пија во 2018 година. Потоа ја водел Брага Б, пред да го преземе првиот тим во декември 2019 и да го освои Лига купот на Португалија веќе во првата своја сезона на чело на клубот.

Во март 2020 година, Аморим седнал на клупата на Спортинг Лисабон. Во сезоната 2020-2021, тој го одвел Спортинг до шампионската титула во португалското првенство, што била прва за клубот по 19 години чекање. Тоа му ја донело наградата Примеира лига Тренер на годината за 2021. Освен првенството, тој како тренер на Спортинг освоил и два лига купа и еден суперкуп.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рубен Аморим е роден во Лисабон на 27 јануари 1985, како единствено дете на Анабел и Виржилио Аморим кои се развеле кога Рубен имал само една година.[1]

Неговите братучеди Давид Симао и Бруно Симао се, исто така, професионални фудбалери.[2]

Аморим е во брак со Марија Жоао Диого, со која се венчале во Паласио е Мостеиро де Сао Маркос во Коимбра во 2016 година и со која имаат еден син.[1] Неговата сопруга има академска диплома во телекомуникациски инженеринг и има изградено сопствен бизнис за внатрешен дизајн.[1]

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Бенфика[уреди | уреди извор]
2009–2010, 2013–2014, 2014–2015
2013-2014
2008–2009, 2009–2010, 2010–2011, 2013–2014, 2014–2015
2014
Португалија Брага[уреди | уреди извор]
2012–2013

Тренер[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Португалија Брага[уреди | уреди извор]
2019–2020
Португалија Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]
2020–2021
2020–2021, 2021–2022
2021

Поединечни[уреди | уреди извор]

2021

Тренерска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 3 март 2024. Во болд се освоените натпреварувања.

Сезона Екипа Првенство Национален куп Континентални купови Останати купови Вкупно Победи % Пласман
Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И %
2019-јан. 2020 Португалија Брага ПЛ 9 8 1 0 КП+ЛКП 0+2 2 0 0 ЛЕ 2 0 0 2 - - - - - &1000000000000001300000013 &1000000000000001000000010 &100000000000000010000001 &100000000000000020000002 &1000000000000769200000076,92 Оставка
јан.-јун. 2020 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 11 6 3 2 КП+ЛКП - - - - ЛЕ - - - - СП - - - - &1000000000000001100000011 &100000000000000060000006 &100000000000000030000003 &100000000000000020000002 &1000000000000545500000054,55 наз. 4, крај 4. место
2020-2021 ПЛ 34 26 7 1 КП+ЛКП 3+3 2+3 0+0 1+0 ЛЕ 2 1 0 1 - - - - - &1000000000000004200000042 &1000000000000003200000032 &100000000000000070000007 &100000000000000030000003 &1000000000000761900000076,19 1. место
2021-2022 ПЛ 34 27 4 3 КП+ЛКП 6+4 4+4 0+0 2+0 ЛШ 8 3 1 4 СП 1 1 0 0 &1000000000000005300000053 &1000000000000003900000039 &100000000000000050000005 &100000000000000090000009 &1000000000000735800000073,58 2. место
2022-2023 ПЛ 34 23 5 6 КП+ЛКП 1+6 0+5 0+0 1+1 ЛШ+ЛЕ 6+6 2+1 1+4 3+1 - - - - - &1000000000000005300000053 &1000000000000003100000031 &1000000000000001000000010 &1000000000000001200000012 &1000000000000584900000058,49 4. место
2023-2024 ПЛ 23 19 2 2 КП+ЛКП 5+3 5+2 0+0 0+1 ЛЕ 9 4 4 1 - - - - - &1000000000000004000000040 &1000000000000003000000030 &100000000000000060000006 &100000000000000040000004 &1000000000000750000000075,00
Вкупно Спортинг Лисабон 136 101 21 14 31 25 0 6 31 11 10 10 1 1 0 0 &10000000000000199000000199 &10000000000000138000000138 &1000000000000003100000031 &1000000000000003000000030 &1000000000000693500000069,35
Вкупно во кариерата 144 108 23 13 31 26 0 5 32 9 9 14 1 1 0 0 &10000000000000212000000212 &10000000000000148000000148 &1000000000000003200000032 &1000000000000003200000032 &1000000000000698100000069,81

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „A mulher por detrás do sucesso de Rúben Amorim“. www.vidas.pt (португалски). Посетено на 2023-09-29.
  2. Almeida, Isaura (26 January 2018). „Bruno Simão saiu do coma e já respira sozinho“ [Bruno Simão emerges from coma and now breathes by self]. Diário de Notícias (португалски). Посетено на 4 July 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]