Мортен Хјулманд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мортен Хјулманд
Лични податоци
Роден на 25 јуни 1999(1999-06-25)(24 г.)
Роден во Каструп, Данска
Држава Данска Данска
Висина &100000000000001850000001,85 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 42
Младинска кариера
Копенхаген Копенхаген
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2020 Адмира Вакер Адмира Вакер 68 (1)
2021-2023 Лече Лече 91 (0)
2023- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 13 (1)
Репрезентација
2017 Данска Данска 18 3 (0)
2017-2018 Данска Данска 19 15 (1)
2018-2019 Данска Данска 20 2 (0)
2019-2021 Данска Данска 21 11 (0)
2023- Данска Данска 3 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Мортен Блом Дуе Хјулманд (роден на 25 јуни 1999 година, во Каструп) — дански фудбалер, играч од средниот ред на Спортинг Лисабон и на данската репрезентација.[1]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Тој е централен играч за врска со добра индивидуална техника, кој ја претпочита улогата на разигрувач, од подефанзивна улога,[2][3] но може да ја покрие и позицијата мецала.[2] Извонредно физички подготвен, што му овозможува да се користи со голема конзистентност и да трча многу километри по натпревар, но освен тоа, тој има и добра визија за играта и лидерски способности.[3]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Израснал во младинскиот сектор на Копенхаген, на 13 мај 2018 година, тој бил купен од Адмира Вакер, австриски клуб, со кој потпишал четиригодишен договор.[4]

Тој го направил своето деби за првиот тим на 20 јули 2018 година, играјќи во натпреварот од Купот на Австрија во кој неговиот тим бил поразен со 1-0 од нисколигашот Нојзидл.[5] Шест дена подоцна, започнувајќи како стартер, тој дебитирал во Лига Европа, во поразот со 3-0 од ЦСКА Софија. На 29 јули, тој го направил своето деби во Австриската Бундеслига, влегувајќи како замена во натпреварот што неговите го загубиле од Рапид Виена со 3-0. Во првата година со австрискиот клуб, тој се етаблирал како стартер, играјќи вкупно 32 натпревари.

Во текот на следната сезона, на 19 октомври 2019 година, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, во победата од 4-1 на гостувањето кај Алтах во првенството.

Лече[уреди | уреди извор]

Сезоната 2020-2021, Хјулманд одново ја започнал со Адмира, но по завршувањето на првиот дел од првенството на 16 јануари 2021 година, тој бил купен од италијанскиот клуб Лече, тогаш член на Серија Б лигата, за приближно 170.000 евра.[3][6][7] Тој го имал своето деби за џалоросите осум дена подоцна, влегувајќи како замена во второто полувреме од првенствениот натпревар на домашен терен против Емполи што завршил нерешено 2-2.

Откако брзо се наметнал како еден од столбовите на тимот, кој стигнал до полуфиналето на плејофот, во следната година тој бил еден од најупотребуваните играчи на Лече во Серија Б 2021-2022, давајќи значаен придонес за успехот на салентините, кој ја освоиле титулата во првенството и на тој начин избориле промоција во Серија А. Пред почетокот на сезоната 2022-2023, тој бил назначен за капитен на тимот,[3] ​а на 13 август 2022 година, го направил своето деби во Серија А, во поразот на домашен терен од Интер (1-2). Хјулманд одиграл уште една сезона во која бил стандарден првотимец, помагајќи му на Лече да се спаси од испаѓање и да избори опстанок во лигата.

Спортинг Лисабон[уреди | уреди извор]

На 13 август 2023 година, Хјулманд се преселил во португалскиот клуб Спортинг Лисабон за 18 милиони евра плус 3 милиони во бонуси.[8][9] Во Лисабон тој пристигнал како замена за Мануел Угарте, кој се разделил со Спортинг околу два месеци претходно и заминал во Париз Сен Жермен.[10] Своето деби за лавовите го имал на 18 август, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Маркус Едвардс при гостинската победа со 1-2 на теренот на Каза Пија во првенството на Португалија.[11][12] Својот прв гол во зелено-белиот дрес го постигнал на 17 септември, во успехот од 3-0 на домашен терен против Мореиренсе.[13][14]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Хјулманд има играно за различни младински репрезентации на Данска (под 18, под 19 и под 20 години), а на 6 септември 2019 година дебитирал за репрезентацијата под 21 година, во пријателски натпревар против Унгарија што завршил 0-0. Тој учествувал во квалификациите за Европско првенство за играчи под 21 година 2021 како и на завршниот турнир на кој данците се пласирале. Таму тие биле елиминирани по изведување пенали од Германија во четвртфиналето, и покрај тоа што Хјулманд бил еден од сигурните реализатори за својата земја.

На 9 јуни 2022 година, тој за првпат бил повикан во сениорската репрезентација, за натпреварите против Хрватска и Австрија во Лигата на нации 2022-2023.[15]

На 7 септември 2023 година, тој го направил своето деби во сениорската репрезентација на Данска во квалификациски натпревар за Европското првенство 2024, во кој скандинавците со 4-0 го победиле Сан Марино на домашен терен.[16]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Данска
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-9-2023 Копенхаген Данска Данска 4 – 0 Сан Марино Сан Марино Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 58'
17-11-2023 Копенхаген Данска Данска 2 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 75'
20-11-2023 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 2 – 0 Данска Данска Квал. за Евро 2024 - заменет 73'
Вкупно Настапи 3 Голови 0

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 18 декември 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019 Австрија Адмира Вакер БЛ 29 0 КА 1 0 ЛЕ 2[17] 0 - - - 32 0
2019-2020 БЛ 30 1 КА 1 0 - - - - - - 31 1
2020-јан. 2021 БЛ 9 0 КА 2 0 - - - - - - 11 0
Вкупно Адмира Вакер 68 1 4 0 2 0 - - 74 1
јан.-јун. 2021 Италија Лече Б 19+2[18] 0 КИ - - - - - - - - 21 0
2021-2022 Б 37 0 КИ 1 0 - - - - - - 38 0
2022-2023 А 35 0 КИ 1 0 - - - - - - 36 0
Вкупно Лече 91+2 0 2 0 - - - - 95 0
2023-2024 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 13 1 КП+ЛКП 2+0 0 ЛЕ 6 0 - - - 21 1
Вкупно во кариерата 174 2 8 0 8 0 - - 190 2

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Лече[уреди | уреди извор]
2021-2022

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Мортен Хјулманд на soccerway
  2. 2,0 2,1 „Lecce, Hjulmand si presenta: "Ho capito subito che questa era un'occasione da cogliere". Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Claudio D'Amato (16 февруари 2023). https://www.goal.com/it/notizie/hjulmand-lecce-capitano-piu-giovane-serie-a/blt767d3a3c73b03c29. Посетено на 16 февруари 2023. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. „MORTEN HJULMAND SOLGT TIL FC ADMIRA WACKER“ (дански). 13 мај 2018.
  5. NEUSIEDL VS. ADMIRA 1 - 0, Soccerway, 20 July 2018
  6. „MORTEN HJULMAND WECHSELT NACH ITALIEN“ (германски). 16 јануари 2021. Посетено на 16 јануари 2021.
  7. „Hjulmand in giallorosso“. 16 јануари 2021. Посетено на 16 јануари 2021.
  8. „Cessione Hjulmand“. 13 август 2023. Посетено на 14 август 2023.
  9. „Morten Hjulmand é reforço“ (португалски). 2023-08-13. Посетено на 2023-08-14.
  10. „Substituto de Ugarte? Hjulmand é o novo reforço do Sporting“ (португалски). OneFootball. 13 август 2023. Посетено на 4 јануари 2024.
  11. Redazione (2023-08-19). „L'esordio di Hjulmand con lo Sporting...e un pizzico di nostalgia“ (италијански). Посетено на 2023-09-21. Занемарен непознатиот параметар |sito= (се препорачува |website=) (help)
  12. „Hjulmand, numeri pazzeschi nella prima partita da titolare con lo Sporting“. PianetaLecce (англиски). Посетено на 2023-09-21.
  13. „Sporting Lisbona, prima gemma portoghese per l'ex Lecce Hjulmand“. Sportitalia (италијански). Посетено на 2023-09-21.
  14. „Sporting in vetta in Portogallo grazie a Hjulmand! L'ex Lecce in gol, rimpianto per le italiane“. Calciomercato.com | Tutte le news sul calcio in tempo reale (италијански). 2023-09-18. Посетено на 2023-09-21.
  15. „Hjulmand in Nazionale“. 9 јуни 2022. Посетено на 2022-06-09.
  16. „Herrelandsholdet henter sikker 4-0-sejr over San Marino“ (дански). Посетено на 2023-09-08. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  17. Во квалификациските кола.
  18. Плејоф.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]