Прејди на содржината

Фудбалска репрезентација на Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Германија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)The Mannschaft
Панцирите
СојузГерманска Фудбалска Асоцијација
(Deutscher Fußball-Bund — DFB)
СелекторЏулиан Нагелсман
КапитенЈозуа Кимих
Најмногу настапиЛотар Матеус (150)
Најдобар стрелецМирослав Клозе (71)
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално 2
Највисок1 (август 1993)
Најнизок28 (март 2006)
Прв меѓународен натпревар
 Швајцарија 5 - 3  Германија
Базел, Швајцарија 5 април 1908
Најголема победа
 Германија 16 - 0  Русија
(Стокхолм, Шведска; 1 јули, 1912)
Најлош пораз
 Англија 9 - 0  Германија
(Оксфорд, Англија; 16 март, 1909)
Светско првенство
Учества16 (Првпат во 1934)
Најдобар резултатПобедници, 1954, 1974, 1990
Европско Фудбалско Првенство
Учества10 (Првпат во 1972)
Најдобар резултатПобедници, 1972, 1980, 1996

Фудбалската репрезентација на Германија (германски: Die deutsche Fußballnationalmannschaft) е една од трите најуспешни фудбалски репрезентации во историјата на фудбалот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Од 1950 до 1990 постоеле две репрезентации од подрачјето на сегашната земја, Западна Германија која трипати била светски шампион и Источна Германија која немала значајни резултати. Првиот натпревар заедничката репрезентација го одиграла на 13 декември 1990 кога заиграле Матијас Замер и Улф Кирстен. Едно време за репрезентацијата на Германија играле и Австријци и тоа пред Втората светска војна кога државата била припоена кон Третиот Рајх. Во 1954 година во Швајцарија ја освоила титулата првак на светот победувајќи ја во финалето Унгарија, со 3-2, иако претходно губела со 0-2. Унгарија до тој момент изиграла 32 натпревари без пораз што и понатаму претставува светски рекорд. Натпреварот е наречен чудото од Берн (по градот каде што се играло). Фриц Валтер го предводел тимот. Титулата имала големо влијание на духот на нацијата и на економското закрепнување на земјата.

Клупското првенство во сојузно ниво, Бундеслигата, е основано во 1963 година. Во тоа време најпознат германски фудбалер бил Уве Зелтер, еден од почесните четири капитен, покрај Валтер, Бекенбауер и Матеус (сите биле светски прваци). Германците следната титула ја освоила во 1974 година со генерацијата на легендарниот Франц Бекенбауер, Пол Брајтнер и еден од најдобрите голгетери на сите времиња Герд Милер. Германските играчи отсекогаш ги карактеризирала дисциплина и упорност. Токму тие особини придонесуввале за многубројните успеси. За сега последната титула ја освоила во 1990 победувајќи ја Аргентина во Италија. Прваци на Европа биле исто така во три наврати. Титулата често се одлучувала во последното коло. Германските клубови биле шест пати прваци на Европа и безброј пати освојувачи на Купот на Европа и Купот на УЕФА. Клубовите и репрезентацијата на оваат земја често се обвинувани дека не играат привлечно[се бара извор] , но уживаат големо почитување и статус во светот на фудбалот.

Германија нема национален стадион и натпреварите кои ги игра тимот се одржуваат на различни места во земјата. До сега, стадионите во Берлин биле домаќини на натпреварите. Случајно, Берлин бил домаќин на првиот натпревар на Германија во 1908 година против тимот на Англија. Други поголеми градови во кои Германија игра фудбал се: Хамбург, Штутгарт и Хановер. Вкупно, Германија играла во 39 германски градови.

Во Германија, тимот најчесто се нарекува „Nationalmannschaft“ (репрезентација) или „Nationalelf“ (националните единаесет), додека во странските медиуми се именувани како „Mannschaft“ или во превод тимот.

Достигнувања

[уреди | уреди извор]

Светски првенства

[уреди | уреди извор]
Година Рунда Позиција GP Поб. Нер. Изб. GS GA
Уругвај 1930повлечено-------
Италија 1934трето место34301118
Франција 19381 рунда10201135
Бразил 1950забранета-------
Швајцарија 1954Шампиони165012514
Шведска 1958четврто место462221214
Чиле 1962четврт финале7421142
Англија 1966второ26411156
Мексико 1970трето365011710
Западна Германија 1974Шампиони17601134
Аргентина 1978Втора рунда66141105
Шпанија 1982второ место273221210
Мексико 1986второ место2732287
Италија 1990Шампиони17520155
САД 1994четврт финале5531197
Франција 1998четврт финале7531186
Јужна КорејаЈапонија 2002второ место27511143
Германија 2006трето место37511146
Вкупно16/183 титули9255*1918190112

Европски првенства

[уреди | уреди извор]
Година Рунда GP Поб. Нер. Пор. GS GA
Франција 1960не се квалиф.------
Шпанија 1964не се квалиф.------
Италија 1968не се квалиф.------
Белгија 1972Шампиони220051
Југославија 1976второ место211064
Италија 1980Шампиони431063
Франција 19841 рунда311122
Западна Германија 1988полуфиналисти421163
Шведска 1992второ место521278
Англија 1996Шампиони6420103
БелгијаХоландија 20001 рунда301215
Португалија 20041 рунда302123
ШвајцаријаАвстрија 2008второ место6402107
ПолскаУкраина 2012------
Вкупно3 титули38191095539

Конфедерациски куп

[уреди | уреди извор]
Година Рунда GP Поб. Нер. Пор. GS GA
Саудиска Арабија 1992не се квалиф.------
Саудиска Арабија 1995не се квалиф.------
Саудиска Арабија 1997не се квалиф.------
Мексико 19991 рунда310226
Јужна КорејаЈапонија 2001не се квалиф.------
Франција 2003не се квалиф.------
Германија 2005трето место53111511
ЈАР 2009не се квалиф.------
Вкупно2/884131717

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]