Лотар Матеус
| Лотар Матеус | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Лотар Херберт Матеус | ||
| Роден на | 21 март 1961 | ||
| Роден во | Ерланген, Западна Германија | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,74 м | ||
| Играчки податоци | |||
| Позиција | среден ред, одбрана | ||
| Повлекување | 2001 (39 г.) | ||
| Младинска кариера | |||
| 1971–1979 |
| ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
| 1978–1979 |
| 22 | (20) |
| 1979–1984 |
| 162 | (36) |
| 1984–1988 |
| 113 | (57) |
| 1988–1992 |
| 115 | (40) |
| 1992–2000 |
| 189 | (28) |
| 2000 |
| 16 | (0) |
| Репрезентација | |||
| 1979 |
| 9 | (3) |
| 1979–1981 |
| 15 | (2) |
| 1980–1990 |
| 84 | (15) |
| 1990–2000 |
| 66 | (8) |
| Раководител на екипите | |||
| 2001–2002 |
| ||
| 2002–2003 |
| ||
| 2004–2006 |
| ||
| 2006 |
| ||
| 2006–2007 |
| ||
| 2008–2009 |
| ||
| 2010–2011 |
| ||
Лотар Херберт Матеус (германски: Lothar Herbert Matthäus; р. 21 март 1961, во Ерланген) — германски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од среден ред или одбраната. Со репрезентацијата на Западна Германија бил европски шампион во 1980 и светски шампион – како капитен – во 1990.
Се смета за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот,[1][2][3][4] го зазема 31-вото место на специјалната ранг-листа на најдобрите играчи на 20 век објавена од списанието „World Soccer“[3] и 15-тото место на истоимената листа составена од IFFHS. ФИФА, исто така, го рангирала на осмото место на нивната ранг-листа на најдобрите десетки во историјата на фудбалот,[5][6] додека во март 2004 година, Пеле го вклучил во ФИФА 100, листата на 125 најдобри живи фудбалери, составена по повод стогодишнината на ФИФА.[4]
На индивидуално ниво, тој ја освоил „Златната топка“ во 1990, станувајќи првиот играч на Интер кој го добил ова признание, и бил избран за ФИФА фудбалер на годината во 1991. Покрај тоа, тој бил избран за Германски фудбалер на годината во 1990 и 1999 година. На 9 март 2018 година, што се совпадна со 110-годишнината од основањето на Интер, тој станал првиот играч од средниот ред кој бил примен во „Куќата на славните“ на миланскиот клуб.[7]
По пет сезони со Борусија Менхенгладбах, тој се пресели во Бајерн Минхен, со кого освоил три германски првенства, еден куп и еден суперкуп за четири години. Во 1988 година, тој се преселил во Интер, етаблирајќи се дефинитивно на меѓународно ниво и освојувајќи едно италијанско првенство, национален суперкуп и Куп на УЕФА. По четири сезони во Италија, тој се вратил во Бајерн, освојувајќи уште три титули во лигата, еден Куп на Германија, три Лига купови на Германија и еден Куп на УЕФА, губејќи финале во Лигата на шампионите во сезоната 1998-1999. Следната година ја завршил својата кариера, по една сезона во МЛС лигата со екипата на Метростарс.
Тој одиграл 150 натпревари за националниот тим (рекорд за германскиот фудбал), постигнувајќи 23 гола. Тој го држи рекордот за најмногу учества на Светските првенства (пет, сите од 1982 до 1998), изедначен со Андрес Гвардадо, Џанлујџи Буфон, Антонио Карбахал, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Рафаел Маркес;[8] до 2022 година, тој бил играчот со најмногу настапи на финалните турнири на Светските првенства (25),[1] пред да биде престигнат од Меси. Тој, исто така, учествувал на четири Европски првенства (1980, 1984, 1988 и 2000) и еден Куп на конфедерации (1999).
Како тренер, тој освоил едно првенство на Србија и Црна Гора со Партизан.
Биографија
[уреди | уреди извор]Матеус има еврејско потекло од неговата баба по таткова страна.[9] Тој бил во брак пет пати[10][11] и има четири деца.[12]
Од 2001 до 2009, пишувал за германскиот спортски неделник „Sport Bild“, а работел и како коментатор за разни радиодифузери, како Sky Deutschland, ZDF, Eurosport, Al Jazeera, IRIB и ITV.
Во март 2019 година, тој бил избран од УЕФА за амбасадор на Европското првенство 2020.[13]
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]„Најдобриот противник што сум го имал во целата моја кариера, мислам дека тоа е доволно за да го дефинира.”
Динамичен, разноврсен и храбри играч,[15][16][17] откако ја започнал кариерата како „медијано“, тој подоцна се етаблирал како „плејмејкер“ во средниот ред:[18][19] На оваа позиција, тој бил во можност да го искористи максимално својот стил на игра[15] – атипично и тешко е да се проследи до добро дефинирана улога[15][20] –, движејќи се помеѓу нападот и одбраната[15] според сопствената инспирација, без целосно да ги следи упатствата на тренерите.[21] Во поцоцнежните години од својата кариера, тој го поместил назад својот опсег на дејствување, покривајќи ја улогата на „либеро“ со голема успешност, но и со одредена бескрупулозност.[15][18][22]
Обдарен со добра физичка сила[15] и техника - вешт и во завршување на акациите и при последното додавање, дури и со удар од далечина[18] – тој бил харизматичен „лидер“,[19][20][23] предодреден да презема одлучувачки потези,[24] иако во некои прилики не можел да се спречи себеси да побесне и да покаже одредена емотивност.[20] Во кариерата постигнал преку 200 гола, благодарение на силниот и прецизен удар, [15] што го направило и одличен изведувач на пенали.[25]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Борусија Менхенгладбах и Бајерн Минхен
[уреди | уреди извор]
Матеус ги направил своите први чекори во Херцогенаурах, мал клуб во Баварија. Во 1979 година, се преселил во Борусија Менхенгладбах, со кого го имал своето деби во Бундеслигата и во кој поминал пет сезони. Етаблирајќи се како еден од најдобрите играчи на клубот и стигнувајќи дури до репрезентацијата на Западна Германија, во 1984 година тој преминал во Бајерн Минхен.
Дебитирал во дресот на Бајерн на 25 август 1984, во победата со 1-3 на гостински терен над Арминија Билефелд, постигнувајќи го третиот гол за баварците. Во својата прва сезона постигнал 16 гола, и покрај тоа што играл во средниот ред бил најдобар стрелец на тимот кој го освоил првенството. Во четири години со клубот од Минхен, тој освоил три последователни шампионски титули и еден Куп на Германија.
Интер
[уреди | уреди извор]Во летото 1988 година, тој бил купен од претседателот на Интер, Ернесто Пелегрини, за 5,6 милијарди лири.[26] За време на неговиот престој во Интер, тој го освоил таканареченото „рекордно скудето“, освоено во сезоната 1988-1989 со 58 бода во 34 натпревари, рекорд за италијанската лига со 18 екипи, во ерата на 2 бода за победа.[19] Матеус го постигнал решавачкиот гол за победата со 2-1 во директниот судир со главниот конкурент за титулата, Наполи. Истата година, тој го освоил и Суперкупот на Италија со „нероаѕурите“.
Во сезоната 1990-1991, тој придонел за триумфот во Купот на УЕФА, првиот во историјата на Интер и во неговата лична кариера, во италијанското финале одиграно во два натпревари против Рома, постигнувајќи гол од пенал во победата со 2-0 во првиот натпревар одигран на Сан Сиро (реваншот завршил 1-0 за „џалоросите“); успехот ја означил првата европска титула на клубот, уште од времето на „Гранде Интер“. Во истата година во првенството, Интер долго време биле во трка за скудетото, но поразот од 2-0 во директниот судир со Сампдорија ги оддалечил од врвот, паѓајќи на третото место: во споменатиот натпревар, Матеус промашил пенал, одбранет од противничкиот голман Џанлука Паљука.[27]
На 12 април 1992 година, во натпреварот против Парма, Матеус претрпел сериозна повреда: скинати лигаменти на коленото.[28] Сезоната 1991-1992 се покажала како комплицирана за Матеус, и професионално (Интер не успеал да се квалификува за континенталните купови по седумнаесет години, и покрај промената на тренерот од Корадо Орико на Луис Суарес) и лично (во 1992 година завршил неговиот прв брак со Силвија). На крајот од годината, во договор со Интер, тој одлучил да се врати во Германија и бил продаден на неговиот поранешен тим, Бајерн Минхен,[28] за 3 милијарди лири.[29]
Враќање во Бајерн Минхен и Метростарс
[уреди | уреди извор]
Во својот втор престој во Бајерн Минхен, кој траел осум години, тој освоил уште четири шампионски титули, два германски купа и три Лига купа.
Опоравувајќи се конечно од повредата здобиена уште во претходната сезона додека играл за Интер, Матеус конечно го одиграл својот прв натпревар по враќањето во Бајерн, на 19 септември 1992, против Ватеншајд на домашен терен завршен со резултат 1-1. Матеус одиграл добра сезона, постигнувајќи 8 гола и 8 асистенции за неговиот тим, кој завршил на второто место во Бундеслигата со еден бод помалку од шампионот Вердер Бремен на Ото Рехагел, кој подоцна ќе му биде тренер во Бајерн. Следната сезона, тој повторно постигнал 8 гола во Бундеслигата помагајќи му на Бајерн да ја освои титулата, 13-тата во историјата на клубот и четврта лична за Матеус.
На почетокот на 1995 година, тој ја претрпел втората сериозна повреда во кариерата, руптура на Ахиловата тетива, што го принудила на долга пауза:[30] Тој се вратил на теренот по десет месеци, докажувајќи го спротивното на очекувањата на оние кои, со оглед на возраста на играчот кој сега бил на триесет и пет години, брзоплето го предвиделе неговото пензионирање.[30] Напротив: кон крајот на деценијата, дефинитивно бил вратен на позицијата либеро, улога на која тој покажал обновен спортски „живот“ што му овозможил успешно да ја продолжи кариерата до речиси четириесет години.[22] Во сезоната 1998-1999, тој го водел Бајерн до финалето на Лигата на шампионите, завршено со драматичен пораз на германците од Манчестер Јунајтед, кои го „свртеле“ натпреварот во последните минути откако Матеус бил заменет.
Тој не можел да се пофали со она што би била негова седма титула во Бундеслигата, бидејќи во текот на сезоната 1999-2000 дефинитивно ги напуштил Баварците, овојпат за да слета преку Атлантикот во Метростарс од Њујорк, каде што на крајот од годината се збогувал со професионалниот фудбал и ја започнал својата кариера како тренер.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за репрезентацијата на Западна Германија го имал во натпревар од групната фаза против Холандија на Европското првенство 1980. Натпреварувањето завршило со триумф на Западна Германија, така што Матеус ја освоил својата прва титула со репрезентацијата. Тој, исто така, играл на Светското првенство 1982, каде не бил стартер додека репрезентацијата стигнала до финалето, и на Европското првенство 1984, каде настапил на сите три натпревари од групната фаза која била кобна за нив.

Две години подоцна, тој бил капитен и движечката сила на Западногерманците на Светското првенство 1990 во Италија: за време на победничкиот Мундијал за нив, тој постигнал четири гола, од кои еден, против Југославија, кој бил рангиран на деветтото место на ранг-листата „Гол на векот“, објавена од ФИФА во 2002 година. На крајот од годината, тој бил награден со „Златната топка“,[18] продолжувајќи ја својата победничка серија следната година, освојувајќи ја првата ФИФА светски играч.
Тој играл како стартер уште на две Светски првенства, во 1994 и 1998, овојпат со повторно обединетата Германија. На овој начин, тој поставил рекорд за одиграни натпревари на Светските првенства, како и рекорд за учество во финалните фази на Светските првенства (учествуваше на пет различни турнири од Светското првенство, од 1982 до 1998).
Последните натпревари за репрезентацијата ги одиграл на Европското првенство 2000, кое било воедно и неговото последно важно натпреварување на кое настапил.
Матеус играл за националниот тим - прво за Западна Германија, а потоа за Германија - дваесет години, од јуни 1980 до јуни 2000 година, собирајќи 150 настапи, рекорд за Германците (само тринаесет играчи во светот, со другите национални тимови, се покажале подобро) и постигнувајќи 23 гола. Тој го држи, заедно со Џанлујџи Буфон, Антонио Карбахал, Рафаел Маркес, Андрес Гвардадо, Кристијано Роналдо и Лионел Меси рекордот за најмногу одиграни Светски првенства (5);[8] до 2022 година, бил играчот со најмногу настапи во натпревари од Светските првенства (25), надминат подоцна од Лионел Меси.[18]
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Западна Германија
Германија
Тренерска кариера
[уреди | уреди извор]На 6 септември 2001 година, тој станал тренер на австрискиот клуб Рапид Виена, позиција на која останал до 10 мај 2002 година. Од 22 декември истата година, тој го тренирал српскиот тим Партизан, каде што останал до 13 декември 2003 година. Потоа, тој бил селектор на унгарската репрезентација, функција која ја вршел до 31 декември 2005 година. Од 11 јануари 2006 година, тој имал кратка авантура надвор од Европа, предводејќи го бразилскиот тим Атлетико Паранаенсе, каде што останал до 17 март истата година. Од 1 јуни 2006 до 12 јуни 2007 година, тој бил помошник на Џовани Трапатони во Салцбург, освојувајќи го австриското првенство на оваа позиција.
На 15 јуни 2008 година, тој бил ангажиран од израелската екипа Макаби Нетанја;[31] таму останал на клупата до 29 април 2009 година. На 24 октомври истата година, тој потпишал договор со аргентинскиот клуб Расинг Клуб, каде што го заменил Рикардо Карусо Ломбарди по 10 првенствени натпревари; по два дена се предомислил и поднел оставка.[32]
Откако бил во преговори со камерунската репрезентација,[33] сепак на 23 септември 2010 година, тој станал селектор на Бугарија,[34] позиција на која се задржал до 19 септември 2011 година, кога го раскинал договорот.
Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]| Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
| 1978-1979 | ЛБМ | 22 | 20 | МК | 1 | 2 | - | - | - | - | - | 23 | 22 | ||
| 1979-1980 | БЛ | 28 | 4 | КГ | 2 | 0 | КУ | 11 | 2 | - | - | - | 41 | 6 | |
| 1980-1981 | БЛ | 33 | 10 | КГ | 5 | 2 | - | - | - | - | - | - | 38 | 12 | |
| 1981-1982 | БЛ | 33 | 3 | КГ | 5 | 4 | КУ | 4 | 1 | - | - | - | 42 | 8 | |
| 1982-1983 | БЛ | 34 | 8 | КГ | 5 | 2 | - | - | - | - | - | - | 39 | 10 | |
| 1983-1984 | БЛ | 34 | 11 | КГ | 6 | 4 | - | - | - | - | - | - | 40 | 15 | |
| Вкупно Борусија Менхенгладбах | 162 | 36 | 23 | 12 | 15 | 3 | - | - | 200 | 51 | |||||
| 1984-1985 | БЛ | 33 | 16 | КГ | 6 | 0 | КПК | 5 | 1 | - | - | - | 44 | 17 | |
| 1985-1986 | БЛ | 23 | 10 | КГ | 6 | 2 | КШ | 3 | 0 | - | - | - | 32 | 12 | |
| 1986-1987 | БЛ | 31 | 14 | КГ | 3 | 1 | КШ | 7 | 4 | - | - | - | 41 | 19 | |
| 1987-1988 | БЛ | 26 | 17 | КГ | 4 | 3 | КШ | 4 | 1 | СГ | 1 | 0 | 35 | 21 | |
| 1988-1989 | А | 32 | 9 | КИ | 7 | 3 | КУ | 5 | 0 | - | - | - | 44 | 12 | |
| 1989-1990 | А | 25 | 11 | КИ | 3 | 2 | КШ | 2 | 0 | СИ | 0 | 0 | 30 | 13 | |
| 1990-1991 | А | 31 | 16 | КИ | 3 | 1 | КУ | 12 | 6 | - | - | - | 46 | 23 | |
| 1991-1992 | А | 27 | 4 | КИ | 5 | 1 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 34 | 5 | |
| Вкупно Интер | 115 | 40 | 18 | 7 | 21 | 6 | 0 | 0 | 154 | 53 | |||||
| 1992-1993 | БЛ | 28 | 8 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 8 | |
| 1993-1994 | БЛ | 33 | 8 | КГ | 3 | 1 | КУ | 4 | 1 | - | - | - | 40 | 10 | |
| 1994-1995 | БЛ | 16 | 5 | КГ | 2 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | СГ | 1 | 0 | 25 | 5 | |
| 1995-1996 | БЛ | 19 | 1 | КГ | 0 | 0 | КУ | 7 | 0 | - | - | - | 26 | 1 | |
| 1996-1997 | БЛ | 28 | 1 | КГ | 3 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 33 | 1 | |
| 1997-1998 | БЛ | 25 | 3 | КГ+ЛКГ | 3+2 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | - | - | - | 35 | 3 | |
| 1998-1999 | БЛ | 25 | 1 | КГ+ЛКГ | 5+2 | 0 | ЛШ | 12 | 1 | - | - | - | 44 | 2 | |
| 1999-јан. 2000 | БЛ | 15 | 1 | КГ+ЛКГ | 2+2 | 0 | ЛШ | 9 | 0 | - | - | - | 26 | 1 | |
| Вкупно Бајерн Минхен | 302 | 85 | 36+6 | 7+0 | 64 | 8 | 2 | 0 | 410 | 100 | |||||
| 2000 | МЛС | 16+5[35] | 0+0 | УСкуп | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 23 | 0 | |
| Вкупно во кариерата | 617+5 | 181+0 | 87 | 28 | 100 | 17 | 2 | 0 | 810 | 226 | |||||
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]- Бајерн Минхен
Бундеслига : 6
- 1984-1985, 1985-1986, 1986-1987, 1993-1994, 1996-1997, 1998-1999
Куп на Германија : 2
- 1985-1986, 1997-1998
- 1997, 1998, 1999
- 1987
Куп на УЕФА : 1
- 1995-1996
- Интер
Серија А : 1
- 1989–1990
- 1989
Куп на УЕФА : 1
- 1990-1991
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Индивидуални
[уреди | уреди извор]- Идеален тим на Европско првенство: 1
- Идеален тим на Светско првенство: 1
Златна топка : 1
- 1990
- 1990
- Играч на годината според World Soccer : 1
- 1990
- Onze d'Or : 1
- 1990
- Германски фудбалер на годината : 1990, 1999
- Вклучен во ФИФА 100 листата (2004)
- Вклучен во Куќа на славните на ФК Интер: 2018
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Behind the World Cup record: Lothar Matthaus“ (англиски). 8 мај 2017. Архивирано од изворникот на
|archive-url=requires|archive-date=(help). Посетено на 19 октомври 2017. Занемарен непознатиот параметар|dead-link=(help) - ↑ „FourFourTwo's 100 Greatest Footballers EVER: 30 to 21“ (англиски). 25 јули 2017.
- 1 2 „World Soccer 100 Players of the Century“ (англиски). englandfootballonline.com. Посетено на 19 октомври 2012.
- 1 2 „Fifa names greatest list“.
- ↑ „Pelè è più forte di Maradona, Zidane 3°, Baggio 9°: i migliori 10 secondo la Fifa“.
- ↑ „Fifa, Pelè il miglior dieci di sempre. Maradona secondo, Baggio nella top ten“.
- ↑ „Hall of Fame, ecco i 4 vincitori della prima edizione“. 9 март 2018. Архивирано од изворникот на
|archive-url=requires|archive-date=(help). Посетено на 20 јули 2020. Занемарен непознатиот параметар|dead-link=(help) - 1 2 Гвадрадо, Карбахал, Роналдо, Маркес, Матеус и Меси играле барем еднаш на секое од петте одиграни Светски првенства, Буфон бил користен само во четири изданија.
, cfr. „Mexico's Rafa Marquez becomes third man to play at five World Cups“. 17 јуни 2018. Занемарен непознатиот параметар
|lаnguage=(help) - ↑ „Netanya beckons for Matthaüs“. 13 април 2008. Архивирано од изворникот на
|archive-url=requires|archive-date=(help). Занемарен непознатиот параметар|dead-link=(help) - ↑ „Verlobte musste Lothar Matthäus erst mal googeln“ (германски). 24 септември 2014.
- ↑ „L'ex interista Matthaeus da record. Si è sposato per la quinta volta“. 15 ноември 2014.
- ↑ Lorenza Pleuteri (21 март 1992). „Banditi da Matthaeus“. la Repubblica. стр. 17.
- ↑ „Gli ambasciatori di UEFA EURO 2020“. 20 март 2019.
- ↑ Maradona, Diego Armando (2006). Yo Soy El Diego (шпански). Planeta Publishing Corporation.
- 1 2 3 4 5 6 7 „Mattheus: il simbolo dell'ultimo scudetto nerazzurro“. Посетено на 21 maggio 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=(help) - ↑ Pezzotti, Vietti, p. 136.
- ↑ „Ferri: "Ho baciato una sola maglia, quella dell'Inter"“. 28 март 2016. Архивирано од изворникот на
|archive-url=requires|archive-date=(help). Посетено на 21 мај 2016. Занемарен непознатиот параметар|dead-link=(help) - 1 2 3 4 5 Bartoletti, p. 757.
- 1 2 3 Tosatti, p. 138.
- 1 2 3 Gianni Mura (3 декември 1988). „"Noi tedeschi uomini duri"“. Занемарен непознатиот параметар
|pubblicazione=(help) - ↑ Archetti, p. 124.
- 1 2 Gianluca Spessot (6–12 мај 1998). „Lothar contro il tempo“. Guerin Sportivo (nº 19 (1195)). Conti Editore. стр. 64–65. Занемарен непознатиот параметар
|city=(help)CS1-одржување: датумски формат (link) - ↑ Празен навод (help).
- ↑ Daniele Mari (21 септември 2015). „Bergomi: "Inter favorita. Melo alla Matthaus? Lothar non si faceva amare ma..."“. Посетено на 21 јануари 2017.
- ↑ Paolo Tomaselli (25 октомври 2008). „Rigori, riparte la sfida degli infallibili“. Corriere della Sera. стр. 57.
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Bruno Perucca (6 мај 1991). „Samp, due stilettate al cuore dell'Inter“. La Stampa. стр. 3, sez. lunedìsport.
- 1 2 Roberto Perrone (26 август 1992). „Affare fatto, Matthaeus al Bayern“. Corriere della Sera. стр. 24.
- ↑ Празен навод (help).
- 1 2 Marco Strazzi (13–19 март 1996). Conti Editore (уред.). „L'indistruttibile“ (nº 11 (1087)). Guerin Sportivo. стр. 24-27. Занемарен непознатиот параметар
|city=(help)CS1-одржување: датумски формат (link) - ↑ (хебрејски). 11 април 2008 https://www.ynet.co.il/articles/0,7340,L-3530597,00.html. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=(се препорачува|title=) (help); Отсутно или празно|title=(help) - ↑ „Argentina: no Racing per Matthaeus“. 28 октомври 2009. Посетено на 29 октомври 2009. Занемарен непознатиот параметар
|dead-link=(help)[мртва врска] - ↑ Tancredi Palmeri (9 август 2010). „Il blob della settimana: Pizarro e quella "z" di troppo“.
- ↑ „Calcio, Bulgaria: il nuovo CT è Matthaeus“. 21 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2025-01-20. Посетено на 2025-12-20.
- ↑ Регуларна сезона+МЛС куп.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Лотар Матеус на Ризницата ?- Матична страница (германски)
- Лотар Матеус на fbref
- Лотар Матеус на transfermarkt
- Лотар Матеус на espn
|