ФК Борусија Менхенгладбах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германија Борусија Менхенгладбах
Borussia Mönchengladbach logo.svg
Целосно име Борусија ВФЛ 1900 Менхенгладбах е.В.
Прекар(и) Ждребиња
Основан 1 август 1900
Терен Борусија парк
Менхенгладбах, Германија
(Капацитет: 54,057)
Претседател Германија Ролф Кенингс
Тренер Германија Андре Шуберт
Лига 20px Бундеслига
2014-15 Супер лига, 3-ти
Мреж. место Официјално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Борусија Менхенгладбах, попознат како Менхенгладбах или само Гладбах, е германски фудбалски клуб од градот Менхенгладбах, Северна Рајна-Вестфалија.

Клубот е основан во 1900 година, и во моментов се натпреварува во Бундеслигата, највиското ниво на германскиот фудбалски лигашки систем, во која својот прв настап во лигата го имале во текот на сезоната 1965-1966. Потоа клубот станал еден од најпознатите, со најмногу навивачи, и најуспешните тимови во Германија, откако ја освоиле Бундеслигата дури пет пати во текот на 1970-тите. [1]

Од 2004 година, Борусија Менхенгладбах ги игра својте домешни натпревари на стадионот Борусија парк кој е со капацитет од 54.057 седечки места. Претходно тие настапувале на помалиот Стадион Бекелберг од 1919. Борусија Менхенгладбах има над 60.000 членови од септември 2013 година и е петти најголем клуб во Германија.[2] Нивен најголем и главен ривал е екипата на Келн.

Името "Борусија" е латинизирана форма на Прусија, популарен термин за германски клубови кој доаѓаат од поранешното Кралството Прусија. Прекарот на клубот е Die Fohlen (превод на мак. ждребиња), и тој доаѓа од 70-тите години а се должи на тоа што Борусија тогаш имала млад тим со брз, агресивен стил на игра. Официјалната маскота на клубот е магаренцето Јинтер.

Историја[уреди | уреди извор]

Борусија Менхенгладбах била основана како ФК Борусија во 1900 година во областа на Ајкен, Менхенгладбах. Борусија потекнува од латинизираната форма на Прусија, Кралството во кое бил сместен градот Менхенгладбах од 1815. До 1912 година, Борусија се натпреварувала во Фебандслигата, во тоа време највисокото клупско ниво во кое можете да се натпреварувате.

Во 1919 година, ФК Борусија се споила со друг локален клуб, Турнфераин Германија 1889, и станала 1899 ВфТУР М.Гладбах. Клубот го почувствувал првиот голем успех во 1920 година, победувајќи го во финалето БК Колнер со 3-1, со што го освоиле Западното првенство.

Сојузот помеѓу Германија и Борусија траел само две години; потоа клубот го добил денешното име Борусија ВФЛ 1900 Менхенгладбах е.В., или ФК Борусија Менхенгладбах.[3]

Борусија Менхенгладбах за прв пат се појавува во највисоката фудбалска дивизија во Германија во 1965 година, завршувајќи ја својата деби сезона во Бундеслигата на 13. место. Годините што следеле потоа самите го најавиле големиот успех на Гладбах на најголемата сцена во клупскиот фудбал. Играјќи со примамливо изграден стил околу талентирани играчи како Јуп Хајнкес и Гинтер Нецер, Менхенгладбах го освојува третото место две години едноподруго во 1968 и 1969 година.

Иако најдобрите времиња на клубот тек доправа следувале, Менхенгладбах ги освоил својте први две титули "Првак на Германија" во две поредни години 1970 и 1971 година, со што станале единствениот клуб, кој успеал да го задржи трофејот од претходната сезона до тогаш.

Четири години подоцна, под водство на легендарниот тренер, Удо Латек, Борусијанците отишле едно скалило погоре за да го соборат нивниот сопствен рекорд, за освојување на Бундеслигата три пати по ред во периодот од 1975 до 1977 година.

Додека доминирале на домашната сцена, Гладбах, исто така импресионирал и на континентот, кревајќи го трофејот од Купот на победниците на куповите во два наврати во 1973 и 1975 година, пред да стигне до финалето на Европскиот куп во 1977 година, каде загубиле од Ливерпул со 3-1.

Во тоj славен осумгодишен период, Берти Фогтс и неговите соиграчи одиграле дури пет финалиња во европските натпреварувања, освојувајќи две и биле поразени во три.

Потоа за клубот следуваат долги години во кој играат споредна улога во германскиот шампионат се до 2011 година кога на позицијата тренер бил назначен Лусиен Фавр. Со Фавр ждребињата повторно се враќаат во врвот на Бундеслигата како една од фудбалските сили во Германија.

Во првата сезона по пристигнувањето, Фавр најпрво го спасил клубот од испаѓање преку бараж натпреварот за опстанок во лигата, а потоа изградил добра екипа со што неговата прва целосна кампања на клупата на Борусија била многу успешна, завршувајќи на изненадувачкото четвртото место за сезоната 2011-2012. Во сезоната 2014-2015 ги одвел ждребињата до третото место на табелата во Бундеслигата на крајот на сезоната, и за прв историски пат до место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Екипата на Борусија Менхенгладбах во сезоната 2014-2015, пред натпреварот на домашен терен против Бајер Леверкузен на 9 мај 2015 година

Меѓутоа, почетокот на сезоната 2015-2016 бил катастрофален за Фавр бидејќи клубот забележал пет порази во исто толку натпревари, што го натерало швајцарскиот тренер да поднесе оставка и да му ја препушти функцијата на тренерот на У23 тимот, Андре Шуберт.

Пласман по сезони[уреди | уреди извор]

Сезона Лига Место Куп
1963-1664 Регионална лига
1964-1965 Регионална лига
1965-1966 Бундеслига 13º
1966-1967 Бундеслига
1967-1968 Бундеслига
1968-1969 Бундеслига
1969-1970 Бундеслига
1970-1971 Бундеслига
1971-1972 Бундеслига
1972-1973 Бундеслига
1973-1974 Бундеслига
1974-1975 Бундеслига
1975-1976 Бундеслига
Сезона Лига Место Куп
1976-1977 Бундеслига
1977-1978 Бундеслига
1978-1979 Бундеслига 10º
1979-1980 Бундеслига
1980-1981 Бундеслига
1981-1982 Бундеслига
1982-1983 Бундеслига 12º
1983-1984 Бундеслига
1984-1985 Бундеслига
1985-1986 Бундеслига
1986-1987 Бундеслига
1987-1988 Бундеслига
1988-1989 Бундеслига
Сезона Лига Место Куп
1989-1990 Бундеслига 15º
1990-1991 Бундеслига
1991-1992 Бундеслига 13º
1992-1993 Бундеслига
1993-1994 Бундеслига 10º
1994-1995 Бундеслига
1995-1996 Бундеслига
1996-1997 Бундеслига 11º
1997-1998 Бундеслига 15º
1998-1999 Бундеслига 18º
1999-2000 2.Бундеслига
2000-2001 2.Бундеслига
2001-2002 Бундеслига 12º
Сезона Лига Место Куп
2002-2003 Бундеслига 12º
2003-2004 Бундеслига 11º
2004-2005 Бундеслига 15º
2005-2006 Бундеслига 10º
2006-2007 Бундеслига 18º
2007-2008 2.Бундеслига
2008-2009 Бундеслига 15º
2009-2010 Бундеслига 12º
2010-2011 Бундеслига 16º
2011-2012 Бундеслига
2012-2013 Бундеслига
2013-2014 Бундеслига
2014-2015 Бундеслига

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

[4]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Швајцарија ГМ Јан Зомер
3 Данска ОД Андреас Кристенсен
4 Холандија ОД Роел Брауверс
6 Норвешка СР Хавард Нордтвеит
7 Германија СР Патрик Херман
8 Германија СР Махмуд Дауд
9 Швајцарија НП Јосип Дрмиќ
10 Белгија СР Торган Азар
11 Бразил СР Рафаел
13 Германија СР Ларс Штиндл
14 Германија ОД Нико Шулц
15 Шпанија ОД Алваро Домингес
16 Гвинеја СР Ибраима Траоре
17 Шведска ОД Оскар Вендт
Бр. Нац. Позиција Играч
18 Германија СР Марвин Шулц
19 САД ОД Фабијан Џонсон
20 Германија ОД Нико Бранденбургер
21 Германија ГМ Тобијас Зипел
24 Германија ОД Тони Јантшке
27 Германија ОД Јулијан Корб
28 Германија СР Андре Хан
30 Швајцарија ОД Нико Елведи
31 Шведска НП Бранимир Хргота
33 Германија ГМ Кристофер Хајмерот
34 Швајцарија СР Гранит Џака
36 Германија НП Марлон Ритерr
39 Австрија ОД Мартин Штранцл (к)

Тренери низ историјата[уреди | уреди извор]

Андре Шуберт моменталниот тренер на Борусија Менхенгладбах.

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

Бундеслига Бундеслига : 5

1969–1970, 1970–1971, 1974–1975, 1975–1976, 1976–1977

2.Бундеслига : 1

2007–2008

Куп на Германија Куп на Германија : 3

1959–1960, 1972–1973, 1994–1995
Финалист (2) : : 1983–1984, 1991–1992

Суперкуп на Германија Суперкуп на Германија : 1

1977 (неофицијално)
Финалист (1) : : 1995

Лига куп:

Финалист (1) : : 1972-1973

Европски[уреди | уреди извор]

Лига на шампиони Европски куп:

Финалист (1) : : 1976–77

Куп на УЕФА Куп на УЕФА: 2

1974–1975, 1978–1979
Финалист (2) : : 1972–1973, 1979–1980

Интернационални[уреди | уреди извор]

Финалист (1) : : 1977

Младински[уреди | уреди извор]

Германско првенство за играчи под 17 години : 1

1981

Бундеслига - Запад за играчи под 17 години

2009

Спонзори и производители на опрема[уреди | уреди извор]

Спонзори
  • 1976-1980: Erdgas
  • 1980-1983: Datsun
  • 1983-1990: Erdgas
  • 1990-1992: Tuborg
  • 1992-1994: Trigema
  • 1994-1997: Diebels
  • 1997-2002: Belinea
  • 2002-2005: Jever
  • 2005-2009: Kyocera
  • 2009-денес: Postbank
Опрема

Вториот тим[уреди | уреди извор]

Германија Борусија Менхенгладбах II
Терен Стадион Гренцл
Менхенгладбах, Германија
(Капацитет: 10,000)
Тренер Холандија Ари ван Лент
Лига Регионална лига - Запад
2014–15 Регионална лига - Запад, 1-ви
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Борусија Менхенгладбах II е исто така професионален тим кој во моментов се натпреварува во четвртата лига по ранг односно Регионалната лига - Запад. Тимот содржи млади играчи на возраст до 23 години кој подоцна можат да бидат прекомандувани во првиот тим.

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Германија ГМ Мартин Компала
2 Финска ОД Јоел Меро
3 Германија ОД Кристофер Ленц
4 Германија ОД Тим Книпинг
5 Германија ОД Штефен Нкансах
6 Германија СР Мишел Лидер
7 Германија ОД Малте Берауер
9 САД НП Марио Родригес
10 Германија НП Марлон Ритер
11 Австралија НП Квами Јебоа
12 Германија ОД Вилфрид Сар
13 Швајцарија СР Џибрил Со
Бр. Нац. Позиција Играч
14 Англија ОД Мандела Егбо
15 Азербејџан СР Билал Сезер
16 Германија СР Бено Мор
17 Германија НП Џанлука Рицо
18 Италија НП Џузепе Писано
19 Германија СР Кевин Холцвеилер
20 Германија СР Џошуа Холтби
21 Германија НП Томас Краус
22 Германија ОД Нилс Рутен
23 Германија ОД Оливер Станг
29 Германија ГМ Мориц Николас

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]