1 август
Изглед
1 август — 213-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (214-и во престапна година). Остануваат 152 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2025

Настани:
| 30 п.н.е. | Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет. |
| 527 | Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиското Царство. |
| 1291 | Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација. |
| 1492 | Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска ги протерале Евреите од Шпанија. |
| 1498 | Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела. |
| 1834 | Ропството е укинато во Велика Британија. |
| 1902 | САД ги откупиле правата на Панамскиот Канал од Франција. |
| 1944 | Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“. |
| 1960 | Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан. |
| 1981 | Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура. |
| 2012 | Пуштена во погон хидроелектраната „Света Петка“ на реката Треска. |
Родени:
| 1744 | Жан Батист Ламарк — француски природнонаучник и филозоф. |
| 1815 | Ричард Хенри Дана — американски писател и адвокат. |
| 1819 | Херман Мелвил — американски писател, есеист и поет. |
| 1893 | Александар — крал на Грција. |
| 1899 | Џими Ејнџел — американски воздухопловец. |
| 1919 | Димко Најдов — македонски револуционер. |
| 1933 | Ко Ун — јужнокорејски поет, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |
| 1941 | Натали Делон — француска глумица. |
| 1942 | Џери Гарсија — американски рок-музичар, член на групата Грејтфул дед (Grateful Dead). |
| 1952 | Зоран Ѓинѓиќ — премиер на Србија. |
| 1953 | Богдан Диклиќ — српски глумец. |
| 1953 | Роберт Креј — американски блуз-музичар. |
| 1954 | Тревор Бербик — јамајски и канадски боксер. |
| 1960 | Чак Д — американски рапер, член на групата Паблик енеми (Public Enemy). |
| 1960 | Професор Гриф — американски рапер, член на групата Паблик енеми. |
| 1961 | Дани Блинд — холандски фудбалер и тренер. |
| 1963 | Кулио — американски рапер. |
| 1965 | Сем Мендес — англиски режисер. |
| 1967 | Нехат Беќири — македонски сликар. |
| 1976 | Нванкво Кану — нигериски фудбалер. |
| 1984 | Бастијан Швајнштајгер — германски фудбалер. |
| 1984 | Франческо Гаваци — италијански велосипедист. |
| 1987 | Јаго Аспас — шпански фудбалер. |
| 1988 | Немања Матиќ — српски фудбалер. |
| 1993 | Маријано Дијас — шпанско-доминикански фудбалер. |
| 1994 | Доменико Берарди — италијански фудбалер. |
| 1999 | Кристоф Баумгартнер — австриски фудбалер. |
Починале:
| 1137 | Луј VI Дебелиот — крал на Франција. |
| 1402 | Едмунд — прв Војвода од Јорк. |
| 1464 | Козимо де Медичи — владетел на Фиренца. |
| 1911 | Едвин Остин Абел — американски уметник. |
| 1944 | Климе Кордоски — македонски борец. |
| 1966 | Чарлс Витмен — американски масовен убиец. |
| 1967 | Ричард Кан — австриски хемичар и Нобелов лауреат. |
| 1968 | Мито Хаџивасилев - Јасмин — македонски револуционер — новинар и публицист. |
| 1990 | Греам Јанг — британски сериски убиец, попознат како „Чајниот трујач“. |
| 1997 | Свјатослав Рихтер — руски пијанист. |
| 2001 | Рахим Беќири — член на ОНА. |
| 2005 | Фад бин Абдул Азис — крал на Саудиска Арабија. |