5 август
Изглед
5 август — 217-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (218-и во престапна година). Остануваат 148 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2026


Настани:
| 1305 | Вилијам Волес, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е одведен во Лондон за судење и погубување. |
| 1789 | Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот. |
| 1858 | Поставен е првиот прекуатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија. |
| 1884 | На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата. |
| 1962 | Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен сè до 1990 година. |
| 1974 | Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата „Вотергејт“. |
Родени:
Починале:
| 1895 | Фридрих Енгелс — германски филозоф и економист. |
| 1962 | Мерилин Монро — американска филмска глумица. |
| 1983 | Џоан Робинсон — англиска економистка. |
| 1984 | Ричард Бартон — велшки глумец. |
| 1998 | Тодор Живков — бугарски комунистички водач од 1956 до 1989 година. |
| 2000 | Алек Гинис — британски глумец. |
| 2005 | Полина Астахова — советска гимнастичарка. |
| 2019 | Тони Морисон — американска писателка. |