25 август
Изглед

25 август — 237-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (238-и во престапна година). Остануваат 128 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1831 | Во Лондон британскиот научник, физичар и хемичар Мајкл Фарадеј откри дека електрицитетот може да се создава од магнет. |
| 1903 | Илинденско востание: Востаниците го нападнаа и ослободија гратчето Невеска, нахиски (општински) центар во Леринската околија. Ослободувањето на Невеска е еден од најзначајните настани во времето на Илинденското востание. |
| 1944 | Во селото Шешково, Кавадаречко, е формирана првата македонска дивизија на НОВЈ, во чиј состав влегоа II, IX и X македонска бригада. |
Родени:
Починале:
| 1270 | Луј IX Светиот — крал на Франција. |
| 1776 | Дејвид Хјум — шкотски филозоф. |
| 1822 | Вилијам Хершел — англиски астроном. |
| 1900 | Фридрих Ниче — германски филозоф. |
| 1908 | Анри Бекерел — француски физичар. |
| 1936 | Григори Зиновјев — руски револуционер и советски политичар. |
| 1965 | Џони Хајес — американски атлетичар. |
| 1967 | Пол Муни — американски глумец. |
| 1984 | Труман Капоти — американски писател. |
| 2000 | Иван Стамболиќ — српски и југословенски политичар. |
| 2001 | Алија — американска пејачка. |
| 2006 | Силва Капутикјан — советска и ерменска поетеса. |
| 2009 | Едвард Кенеди — американски сенатор. |
| 2009 | Виргилиј Невјестиќ — хрватски графичар. |
| 2012 | Нил Армстронг — американски космонаут, првиот човек што стапнал на Месечината. |
| 2018 | Ванчо Петрушевски — македонски глумец. |
| 2021 | Милан Гутовиќ — српски глумец. |
| 2022 | Невенка Кочовска — македонска пејачка. |
| 2022 | Радован Радовиќ — српски и југословенски кошаркар. |