Втора македонска ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Втора македонска ударна бригада
Formiranje Druge makedonske udarne brigade.jpg
Цветко Узуновски говори на борците на Втората македонска бригада за време на нејзиното формирање во село Фуштани, 20 декември 1943 година.
Активна20 декември 1943 – јуни 1945
Големина480 борци
Битки
ОдликувањаOrder of merits for the people with golden star Rib.png Орден заслуги за народ Order of the brotherhood and unity with golden wreath Rib.png Орден братство и единство
Команданти
Истакнати
команданти
Диме Туриманџовски

Втора македонска ударна бригада (позната и како Тиквешка ударна бригада) била формирана во село Фуштани, на планината Кожуф на 20 декември 1943 година. Била формирана од 480 борци на баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“. По неколку дена, на 23 декември баталјонот „Христо Ботев“ излегол од нејзиниот состав, а бил приклучен баталјонот „Мирче Ацев“.[1] Од 25 август 1944 година, бригадата била во состав на Четириесет и првата македонска дивизија.

По формирање на бригадата, таа почнала да го издава својот орган весникот „Народна борба“.[2]

Состав[уреди | уреди извор]

Во јануари 1944 година бригадата броела околу 445 борци. Командниот состав на бригадата го сочинувале:[2]

Политички комесари на бригадата биле:

Формирање на II македонска ударна бригада, 20 декември, 1943 година во село Фуштани, Егејска Македонија.

Борбени дејства[уреди | уреди извор]

Втора македонска ударна бригада

Борбените операции на оваа бригада се одвивале на целиот терен на Македонија, од егејскиот дел на Македонија, па сè до Сремскиот фронт, Србија, Хрватска и Словенија.[2]

Хорот на Руската чета во состав на Втоара македонска бригада

Во текот на првата половина на 1944 година, Втората македонска ударна бригада водела успешни борби против бугарскиот окупатор кај кавадаречко, мегленско и учествувала во Февруарскиот поход.[1] Изведувала диверзантски акции на пругата Гевгелија-Демир Капија, а потоа преминала на теренот на Прилеп и Мариово. Во рамките на овие операции, бригадата имала жестоки судири со бугарската војска кај село Витолишта, с. Полчишта, с. Конопиште на 7 јуни 1944 година, с. Стрмашево на 12 јуни 1944 година, кај с. Крањево на 19 јуни 1944 г.[2] Кон крајот на јули 1944 година, Бригадата имала пет баталјони, а кон средината на август, Битолскиот и Прилепскиот баталјон влегле во составот на Седмата и на Петтата македонска ударна бригада.[1]

Од 25 август 1944 година кога влегува во состав на Четириесет и првата македонска дивизија,[1] бригадата броела околу 1200 борци и старешини. Во текот на септември 1944 година делувала на линијата Гевгелија - Велес, а подоцна учествувала во борбите за ослободување на Прилеп и Кичево (околу 15-18 ноември, 1944 година),[2] како и против германските сили кои се повлекувале од Грција по долината на реката Вардар.[1]

Со воената реорганизација од декември 1944 година, бригадата влегла во состав на Четириесет и осмата македонска дивизија, која пак била дел од Петнаесеттиот македонски корпус. Во состав на корпусот, бригадата учествувала на Сремскиот фронт, во реонот на Илача и Винковци, почнувајќи од 12 април до 17 април, 1944 година при нивниот пробив кон Загреб воделе битки кај Стриживојно и Врпоље, па кај Славонска Пожега на 20-21 април, кај селото Гарешница, Чазма и во реонот на Загреб од 25 април до 9 мај. Откако учествувале во ослободувањето на Загреб, заедно со дваесет и првата српска дивизија, вршеле чистење на теренот и разоружување на непријателските сили.[1] На Сремскиот фронт, бигадата го издавала весникот „Нашиот удар“, од кој излегле 5 броја.[2]

Од оваа бригада на Сремскиот фронт загинале 245 борци и старешини.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 119. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​84-89

Литература[уреди | уреди извор]

Втора македонска ударна бригада - Наша книга, 1973 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]