Доминик Нерц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Доминик Нерц
Нерц во текот на Енеко Тур 2010
Лични податоци
Цело име Доминик Нерц
Роден 25 август 1989 (1989-08-25) (воз. 28 г.)
Ванген во Алгој, Германија
Висина 1,78 м
Маса 70 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2008
2009
2010
2011–2012
2013–2014
2015-2016
Иста
Континентална екипа Милрам
Тим Милрам
Ликвигас-Канондејл
БМЦ Рејсинг Тим
Бора-Аргон 18

Доминик Нерц (германски: Dominik Nerz; р. 25 август 1989) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016.

Иако бил јуниорски национален првак во велодромски велосипедизам, Нерц главно вози како друмски велосипедист. По бројни победи како младинец, тој се придружил на развојната екипа Тим Милрам и го освоил германското друмско првенство под 23 години. По една сезона за континенталната екипа Милрам, тој му се придружил на сениорскиот состав и станал професионалец.[1]

По распаѓањето на Милрам, му се придружил на Ликвигас-Канондејл за 2011,[2] и возел на неговиот прв Гранд Тур подоцна истата година - Вуелта а Еспања 2011. Возејќи како поддршка на Винченцо Нибали, тој завршил 38. во генералниот пласман и бил највисоко пласиран Германец во крајниот пласман. Тој исто така завршил трет на етапата 18 и тоа било негов најдобар резултат таа сезона.[3]

Нерц го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на БМЦ Рејсинг Тим за сезоната 2013.[4] Во септември 2014 година, Бора-Хансгрое објавил дека со Нерц потпишале двегодишен договор од 2015 година, како предводник на екипата за големите трки и слични етапни трки.[5]

Во октомври 2016 година, Нерц потврдил дека се повлекува од трки поради здравствени причини.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2006
MaillotAlemania.PNG Национален јуниорски првак, индивидуална потера
2007
1. Краен пласман Џиро дела Тоскана (јуниорска)
1. Етапа 1
1. Етапа 3a Трофео Карлсберг
2008
3. ГП Хидраулика Миколасек
2009
7. Краен пласман Џиро дел Фурланија-Јулиска краина
MaillotAlemania.PNG Национален друмски првак под 23 години
1. Етапа 6 Џиро дела Вале д’Аоста
2010
8. ГП Кантон Аргау
2012
2. Трка околу Франкфурт
5. ГП Мигел Индураин
2014
9. Краен пласман Трка околу Полска
2015
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 47 СО
Jersey red.svg Вуелта 38 14 18

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ричард Тајлер (28 септември 2009). „Милрам потпиша со Нерц двегодишен договор“. Cycling News. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/milram-signs-nerz-on-two-year-deal. конс. 30 септември 2011 г. 
  2. Бери Рајан (13 октомври 2010). „Кинг, Дуган и Вург потврдија за Ликвигас-Канондале“. Cycling News. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/king-duggan-and-wurf-confrmed-with-liquigas-cannondale. конс. 30 септември 2011 г. 
  3. Steiler Aufstieg (22 септември 2011). „Dominik Nerz aus Wangen blüht bei seiner ersten Spanien-Rundfahrt so richtig auf“ (на германски). http://www.all-in.de/nachrichten/sport/allgaeusport/Allgaeu-Sport-Dominik-Nerz-aus-Wangen-blueht-bei-seiner-ersten-Spanien-Rundfahrt-so-richtig-auf;art2745,1014835. конс. 30 септември 2011 г. 
  4. Аткинс, Бен. „Доминик Нерц и Даниел Ос во БМЦ Рејсинг Тим за 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 август 2012 (конс. 6 август 2012 г).
  5. „Нерц во Тим Бора во 2015 година“. 15 септември 2014. http://www.cyclingnews.com/news/nerz-to-team-bora-in-2015. конс. 5 октомври 2014 г. 
  6. „Bora-Hansgrohe finalise 2017 roster with McCarthy, Pelucchi and Saramotins signings“. 14 октомври 2016. http://www.cyclingnews.com/news/bora-hansgrohe-finalise-2017-roster-with-mccarthy-pelucchi-and-saramotins-signings/. конс. 14 октомври 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]