8 август
Изглед
8 август — 220-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (221-и во престапна година). Остануваат 145 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2026

Настани:
| 1786 | Мишел-Габриел Пакар и Жак Балма се првите луѓе кои го искачиле врвот Монблан. |
| 1918 | Прва светска војна: Започнала Битката кај Амјен во Франција, која била серија на континуирани победи на сојузниците во текот на 100-дневната офанзива, со кои завршила војната. |
| 1938 | Започнала изградбата на концентрациониот логор Матхаузен во Австрија, тогаш анектирана од Нацистичка Германија. |
| 1945 | Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх. Овој суд ќе го спроведе познатиот Нирнбершки процес. |
| 1966 | „Битлси“ го издаваат албумот „Револвер“, прогласен за трет најдобар на сите времиња според списанието Rolling Stone и за најдобар според мрежното место Rate Your Music. |
| 1969 | Советскиот Сојуз ја лансира автоматската вселенска станица Зонд-7 со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа. |
| 1974 | Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон соопшти дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата Вотергејт, која силно го погоди американскиот претседателски систем. Наместо Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател - Џералд Форд. |
| 1976 | Американската рок-група „Бостон“ го издава истоимениот албум, кој до денес е најпродаван дебитантски албум во историјата. |
| 2001 | Десет припадници на безбедносните сили на Република Македонија се убиени, а тројца се повредени во нападот што албанските терористи го извршија врз воениот конвој кај местото Карпалак на патот Скопје - Тетово. |
Родени:
Починале:
| 117 | Марко Улпиј Трајан — римски цар. |
| 1171 | Хенри Блоа — епископ на Винчестер. |
| 1295 | Отоне Висконти — архиепископ на Милано. |
| 1879 | Имануел Херман Фихте — германски филозоф. |
| 1919 | Руџеро Леонкавало — италијански композитор. |
| 1944 | Хаим Сутин — руски експресионистички сликар. |
| 1973 | Никос Захаријадис — генерален секретар на Комунистичката партија на Грција. |
| 1974 | Кирил Манчевски — македонски музичар. |
| 1975 | Кенонбол Адерли — американски џез-музичар. |
| 1993 | Димитар Кондовски — македонски сликар, член на МАНУ. |
| 1994 | Леонид Леонов — руски и советски писател. |
| 1996 | Невил Мот — британски физичар, добитник на Нобеловата награда. |
| 2007 | Душко Малевски — македонски новинар. |
| 2015 | Шон Прајс — американски рапер. |
| 2022 | Оливија Њутн-Џон — австралиска глумица и пејачка. |