Питер Стетина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Питер Стетина
Лични податоци
Цело име Питер Стетина
Роден 8 август 1987 (1987-08-08) (воз. 28 г.)
Булдер, Колорадо, САД
Висина 1,80 м
Маса 63,5 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Трек Фактори Рејсинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2008–2009 ВМГ/Фелт
Професионални клубови
2010–2013
2014–2015
2016-
Гармин-Транзишанс
БМЦ Рејсинг Тим
Трек Фактори Рејсинг
Значајни победи
Маунт Еванс (2010)
Последна промена
5 јануари 2016

Питер Стетина (англиски: Peter Stetina; р. 8 август 1987) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Трек Фактори Рејсинг. По осум години поминати со екипата Гармин-Шарп[1] Стетина потпиша со БМЦ Рејсинг Тим за сезоните 2014 и 2015.[2][3] Роден во Булдер, Колорадо, Стетина сега престојува во Жирона, Шпанија, во текот на сезоната.[4] Тој е син на поранешниот друмски велосипедист Дејл Стетина.

Во април 2015 година, на Трката околу Баскија, Стетина го скршил коленото и четири ребра на првата етапа. Пред завршницата удрил во метална шипка од страна на патот. Неговата екипа ги обвинила организаторите за ниските заштитни мерки.[5] Во август 2015 година било објавено дека Стетина ќе се приклучи на поранешниот колега од Гармин, Рајдер Хесједал во Трек Фактори Рејсинг на едногодишен договор за 2016 година, со улога за поддршка на Хесједал и Бауке Молема како помошник со можност за предводник на екипата на американските трки.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. MaillotUSA.PNG Националнуи хронометарски првенства под 23 години
6. Светски хронометарски првенства UCI под 23 години
6. Краен пласман Флеш ду Суд
9. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Редландс Класик
2009
1. MaillotUSA.PNG Национални хронометарски првенства
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач Вуелта Мексико
7. Краен пласман Тур де л’Авенир
9. Лиеж-Бастон-Лиеж под 23 години
2010
1. Маунт Еванс Хил Клајб
10. Трофео Мелинда
2011
11. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Јута
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
9. САД Про Сајклинг Челинџ
1. Jersey orange.svg Најборбен возач
2013
3. ГП Мигел Индураин
4. Краен пласман Тур де Лангкави
2014
6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Тур де Сан Луис

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014 2015
Jersey pink.svg Џиро 21 27 52
Jersey yellow.svg Тур 35
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Екипата Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 18 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  2. Питер Стетина потпиша со БМЦ“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 август 2013 (конс. 27 декември 2013).
  3. Stetina, Garmin's longest-tenured rider, heads for BMC Racing“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 14 август 2013 (конс. 14 август 2013).
  4. Питер Стетина во Гармин-Шарп“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  5. Pat Malach. „Stetina out of Pais Vasco with broken kneecap and ribs“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 6 април 2015 (конс. 7 април 2015).
  6. Бенсон, Даниел (28 август 2015). „Питер Стетина потпиша за Трек Фактори Рејсинг“. http://www.cyclingnews.com/news/peter-stetina-signs-for-trek-factory-racing/. конс. 29 август 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]