Кирил Манчевски
| Кирил Манчевски | |
|---|---|
| Роден(а) | 8 ноември 1935
Броштица, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
| Починал(а) | 8 август 1974
|
| Занимања | музичар |
Кирил Манчевски (Броштица, 8 ноември 1935 - 8 август 1974 ) ― еден од великаните на градската, лирска народна песна[1].
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Броштица, Дебарско. Иако по занимање всушност бил металски работник, во текот на неговиот кус живот тој и се посветил на народната песна која била неговиот најверен сопатник. Како човек бил едноставен и искрен, исклучително духовит, вистински професионалец - велат за него оние кои го имаа задоволството лично да го познаваат. Неговиот музички талент е откриен во 1950-тите години. Оттогаш тој стана и сценски презентатор на народната песна, во и надвор од Македонија. Заедно со разните македонски фолклорни ансамбли тој имал можност да ја отвори својата „лирска душа“ и на светската јавност, која е љубител на македонските музички бисери. Најчесто настапувал како солист, а многу ретко во дует. Неговиот репертоар ги вклучувал најубавите бисери на македонската староградска музика. Меѓу нив, доминантно место имаат лирските песни, со поетски стихови и широко распеани мелодии, но и печалбарските, патриотските и други. Тој изградил единствен интерпретаторски стил, кој се одликува со широки и богати мелизми, вкусни и издржани каденци, карактеристнични и особено прецизни мелодиски орнаменти. Колку само внимателно, преполн со емоции, гази по секој од тоновите на мелодијата! Неговиот глас ѕвони во бавните и широки, рубато песни, од кои блика сиот лиризам на срцето. Долгите издржано каденци на крајот како да се претопуваат во тишината, толку природно и нежно, како снегулката што при допирот со дланката се топи и исчезнува.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Makedonski folklor (23. изд.). Institut za folklor. 1979.