Броштица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Броштица
Броштица is located in Македонија
Броштица
Местоположба на Броштица во Македонија
Координати 41°29′30″N 20°35′4″E / 41.49167° СГШ; 20.58444° ИГД / 41.49167; 20.58444Координати: 41°29′30″N 20°35′4″E / 41.49167° СГШ; 20.58444° ИГД / 41.49167; 20.58444
Општина Coat of arms of Centar Župa Municipality.svg Центар Жупа
Население 748 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1328 м
Броштица на општинската карта
Броштица во Општина Центар Жупа.svg

Атарот на Броштица во рамките на општината

Броштица е село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар. Најголем дел од населението се Македонци-муслимани, од кои дел се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Броштица се наоѓа во областа Жупа, на северозападните падини на планината Стогово.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Дебарската каза во Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 60 домаќинства со 65 жители муслимани (Македонци) и 106 христијани (Македонци).[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Броштица живееле 800 жители, од кои 200 Македонци христијани и 600 Македонци муслимани.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брошица имало 240 Македонци, егзархисти.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 748 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 622
Турци 124
Други 2

Мајчин јазик според пописот од 2002 година:[4]

Мајчин јазик Вкупно
македонски 663
турски 84
Други 1

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 800[2] 240[3] 497 459 533 559 627 766 718 748

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[6]
Цркви[7]
  • Црква „Св. Димитриј“ - единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година. Во мај 2013 година, трагачи по закопано богаство ја осквернавиле црквата[8]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Андoн Maнчевски (1929-2004) - македонски невропсихијатар, доајeн на мaкeдoнската пcихијaтрија. Oснoвoпoлoжник нa eкстрaхoспитaлнaтa дејност во Македонија.
  • Вељо Манчевски (1905-1962) - партизан и деец на НОВМ;
  • Кирил Манчевски (1935 - 1974) - познат македонски интерпретатор на народни песни;


Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Броштица има огромен број на иселено население, пред се Македонци православни, целосно се иселени голем број на македонски православни родови, и тоа: Атанасовци, Костовци или Ристевци, Веловци, Гагановци, Дојчиновци, Стојановци, Аврамовци, Петковци, Калевци или Куновци, Танчевци, Тримовци, Манчевци, Силковци, Поповци, Гавриловци и Јовковци или Василовци. Потомци на постарите иселеници од Броштица има на многу места, но највеќе се иселени во Скопје (населбата Ѓорче Петров), каде има преку 50 семејства. Други иселеници од Броштица има во Бугарија, највеќе во Софија. Нешто иселеници има и во Дебар и Битола.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.184-185.
  4. 4,0 4,1 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  7. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  8. Осквернавена црквата во дебарското село Броштица“, Нова Македонија, сабота, 04 мај 2013, 12:41 (посет. 4 мај 2013 г). (на Македонски)
  9. Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]