Илхами Емин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Илхами Емин
Илхами Емин.jpg
Роден 8 август 1931
Радовиш, Македонија
Починал 28 април 2020
Скопје, Македонија


Илхами Емин (Радовиш, 8 август 1931 - Скопје28 април 2020)[1] — македонски поет и преведувач од турска етничка припадност.[2].

Животопис[уреди | уреди извор]

Емин е роден во Радовиш. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел во Републичкиот комитет за култура. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1956 година.

Како преведувач од турски на македонски јазик Емин ја афирмира источната поезија и филозофија. Тој ги има преведено на македонски јазик песните на тројцата најзначајни класични турски поети–суфии: Ахмед Јесени, Јунус Емре и Џелалудин Руми–Мевљана.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор е на стихозбирките:

  • Трагање (1954)
  • Животот пее и плаче (1955)
  • Деноноќија (1957)
  • Сарај без мачка (1964)
  • Четириесет пријатели (1965)
  • Отаде каменот (1965)
  • Солнечни песни (1972)
  • Трендафил - цвет (1972)
  • Трендафил - дом (1974)
  • Азбуката низ песни (1974)
  • Јурукче (1984)
  • Розариум (1985)
  • Ѓулдесте (1991),
  • Ѓулдин (1993) [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (турски) https://www.aa.com.tr/mk/%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD/%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D1%85%D0%B0%D0%BC%D0%B8-%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D0%BD-%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D1%82-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80/1821671. Посетено на 2020-08-26. Отсутно или празно |title= (help)
  2. „İlhami Emin“ (PDF) (турски). turizam.gov.tr. Посетено на 2010-12-19.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 89.
  4. Излезе „Ѓулкарпа“ од Илхами Емин на турски и на македонски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]