6 август
Изглед
6 август — 218-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (219-и во престапна година). Остануваат 147 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2026


Настани:
| 1825 | Боливија стекна независност од Шпанија. |
| 1900 | Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затворила, а потоа го осудила на робија Даме Груев — еден од водачите на ВМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 г. е амнестиран, а потоа ја продолжил својата дејност. |
| 1903 | Напишан е Крушевскиот манифест. |
| 1932 | Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август е одржан првиот филмски фестивал во светот. |
| 1944 | Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини. |
| 1945 | САД ја фрлаат првата атомска бомба, врз Хирошима, Јапонија. |
| 1962 | Јамајка се стекнува со независност. |
| 2012 | Возилото „Кјуриосити“ (НАСА) слетува на планетата Марс во потрага по знаци на живот. |
Родени:
Починале:
| 523 | Хормизд — римски папа. |
| 1328 | Галеацо I Висконти — владетел на Милано. |
| 1458 | Каликот III — римски папа. |
| 1637 | Бен Џонсон — англиски драматург и поет. |
| 1660 | Диего Веласкес — еден од најпознатите шпански сликари. |
| 1973 | Мемфис Мини — американска блуз музичарка. |
| 1978 | Павле VI — римски папа. |
| 1991 | Ружа Икономова — македонска глумица. |
| 2001 | Аким Селмани — поранешен член на ОНА. |
| 2001 | Жорже Амадо - бразилски писател. |
| 2004 | Рик Џејмс — американски фанк-музичар. |
| 2005 | Ибрахим Ферер — кубански музичар, член на групата Buena Vista Social Club. |
Празници:
| Боливија — Ден на независноста. | |
| Јамајка — Ден на независноста. |