Рамно
Рамно — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Рамно имало 21 жител, од кои 20 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 475 | 384 | 433 | 426 | 357 | 261 | 123 | 61 | 40 | 21 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Рамно е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
- Доселеници: Кушпарци (3 к.) доселени се од селото Војник; Забелци (5 к.) доселени се од селото Трница во Горна Пчиња (денес во Србија). Го знаат следното родословие: Јован (жив на 73 г. во 1971 година) Стојан-Ристе-Спаја, кој се доселил; Курјашци (4 к.) доселени се од некое блиско кумановско село; Ваганаровци (2 к.), Гезаци (2 к.), Ковелци (1 к.), Свиларци (5 к.) и Мартинци/Мартиновци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде се доселени.[5]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Постари иселеници има во околината на Врање во Србија. Во селото Брњаре (Раманци), потоа во Горна Пчиња (во Србија и Македонија) во селата Долно Стајевце (Ваљавичарци и Барчани), Горно Стајевце (Пржинци), Бабина Пољана (Стојановци) и во Буковљане (Миленковци).
Други постари и понови иселеници по кумановските села се во Мутилово (Крстевски), Алгуња (Арсиќи), Долно Коњаре (Митровиќи, Стојанови, Накиќи, Душан и Саво), Љубодраг (Козјачани), Карловце (Раманчани), Врачевце (Куштарци) и во Карабичане (Подкулајци и Дубовци).
Потоа иселеници има во селото Пепелиште во Тиквеш. Потоа селото Глогоњ кај Панчево, во Куманово и други места.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.