Пузајка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пузајка
Викиекспедиција Козјачија 073.jpg

Поглед на селото Пузајка (во преден план)

Пузајка is located in Македонија
Пузајка
Местоположба на Пузајка во Македонија
Координати 42°14′2″N 21°51′51″E / 42.23389° СГШ; 21.86417° ИГД / 42.23389; 21.86417Координати: 42°14′2″N 21°51′51″E / 42.23389° СГШ; 21.86417° ИГД / 42.23389; 21.86417
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Staro Nagoričane.svg Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 54[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Надм. вис. 360-400 м
Слава Спасовден
Пузајка на општинската карта
Пузајка во Општина Старо Нагоричане.svg

Атарот на Пузајка во рамките на општината
Commons-logo.svg Пузајка на Ризницата


Пузајка (се сретнува и под формата Пузаљка) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од десната страна на реката Пчиња. Селото има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 360 до 400 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 27 километри.[2]

Куќите на ова село се наоѓаат во една долина помеѓу соседните села Драгоманце на југоисток и Коинце на северозапад.[3]

Селото има мошне мал атар, од само 1,7 км². На него обработливото земјиште зафаќа површина од 99 хектари.[2]

Пузајка има збиен тип. Како маала на селото се споменуваат Дршљанско, Киринско, Пирајско Маало и други.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

На 500 метри западно од селото („под село“) се наоѓа месноста Црквиште, на која некогаш постоела црква и гробишта. Остатоци од храмот и гробовите може да се забележат. Се претпоставува дека тоа припаѓало на некоја постара населба, која се наоѓала на денешното село Пузајка.[3]

Денешното село Пузајка е млада населба, основана околу 1860 година од страна на три домаќинства од соседното село Драгоманце.[3]

Во XIX век, Пузајка било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

До крајот на турското владеење, Пузајка претставувало одвоено маало на Драгоманце.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поради распореденоста на атарот, селото главно се занимава со полјоделство.[2]

Покрај полјоделството, во селото уште од неговото основање било застапено сточарството.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пузајка имало 136 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пузајка имало 120 жители.[5]

Населбата е мала, којашто во 1961 година имала 134 жители, од кои 108 биле Македонци, а 26 Срби. Во 1994 година, бројот се намалил на 63 жители, од кои 50 биле Македонци и 13 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пузајка имало 54 жители, од кои 48 Македонци и 6 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 136 120 102 125 134 127 84 67 63 54
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Денешните жители на Пузајка потекнуваат од доселените претци. Најстари родови се: Дршљанци (7 к.) и Киринци (5 к.), слават Свети Никола, доселени од Драгоманце во 1860-1870 година; Баба Донкини (2 к.), постариот род доселен од Драгоманце изумрел, а денешните жители потекнуваат од домазетот Младен, кој потекнува од Паланечко, слават Свети Архангел; Јованоски (1 к.), исто потекло како Баба Донкини; Пирајци (3 к.), слават Света Петка; Димитријоски (1 к.), доселени од негде, слават Свети Никола; Гривинци или Призеткови (1 к.), слават Свети Никола.[3]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Драгоманце, во која влегувале селата Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузајка и Стрновац.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Пузајка се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Родот Пузаљчани (6 к.) се иселил во кумановското село Сушево. После војната иселувањата биле кон градовите Куманово, Скопје и Белград.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 26 март 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 247. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 1 мај 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]