Алгуња
Алгуња — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алгуња живееле 256 жители, сите Македонци.[3]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Алгуња имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Алгуња имало 237 жители, од кои 88 Македонци и 149 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 256 | 240 | 725 | 787 | 755 | 650 | 452 | 281 | 288 | 237 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 725 |
1953 | 59 | — | 7 | 128 | — | 593 | ... | — | 787 |
1961 | 158 | — | — | ... | ... | 597 | ... | — | 755 |
1971 | 170 | — | — | — | ... | 480 | ... | — | 650 |
1981 | 71 | — | — | 2 | — | 379 | ... | — | 452 |
1991 | 67 | — | — | — | — | 209 | ... | 5 | 281 |
1994 | 96 | — | — | — | — | 191 | ... | 1 | 288 |
2002 | 88 | — | — | — | — | 149 | — | 1 | 237 |
Родови[уреди | уреди извор]
Колицко е православно (македонско-српско) село.
Родовите во селото се делат на маала.
- Во маалото Село се следните родови: Бутковци (10 к.), Стошиќи (8 к.) и Робаци (5 к.) потекнуваат од ист предок кој бил основач на денешното село. Во родот Стошиќи се знае следното родословие: Илија (жив на 80 г. во 1972 година) Димко-Стоше-Ѓеле, понатака не ги знаат предците; Моравци (1 к.) и Митковиќи (1 к.) доселени се од некое село кај Прешево; Николинци (11 к.), Нешковиќи (10 к.) и Филиповиќи (9 к.) доселени се, но не знаат од каде; Димковиќи (3 к.) доселени се пред 1912 година од некое село кај Прешево; Арсиќи (1 к.) доселени се од селото Рамно; Младеновиќи (1 к.) доселени се од селото Лопардинце кај Бујановац.
- Во маалото Татариновац се следните родови: Апостоловиќи и Величковиќи (14 к.) доселени се во 1925 година од селото Старац кај Бујановац; Китановиќи, Петковиќи и Јоциќи (4 к.) исто така се доселени од селото Старац во 1925 година; Николиќи (2 к.) доселени се од селото Спанчевац кај Бујановац.
- Во маалото Сејдинци се следните родови: Димитријевиќи, Митиќи и Станојевиќи (20 к.) доселени се во 1925 година од селото Кочура кај Врање.
- Во маалото Гулиновац се следните родови: Карафилци (4 к.) доселени се од соседното село Оравница кое сега не постои; Саздини (2 к.) доселени се од селото Пелинце; Трајановци (2 к.) и Стојменовци (1 к.) доселени се од селото Кленике кај Бујановац; Петковци (1 к.) и Јаќимовци (1 к.) доселени се од селото Малотино.[10]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Каленчарци и Кајсторовци се иселиле во селото Кокино. Основачите на овие два рода се доселиле од Алгуња, тие се постари иселеници. Марушани се иселени во Карабичане. После Втората светска војна имало иселување во Белград, Пожаревац, Смедерево (во Србија), Скопје и Куманово.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Манастирче - света градба од средниот век
- Селиште — населба (викус) од римското време
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 217.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.126-127.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.