Добрача
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Добрача — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 година, во селото Добрача имало 76 жители, од кои 75 Македонци и 1 Србин.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[2] | 1905[3] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | 254 | 230 | 255 | 246 | 184 | 155 | 100 | 92 | 76 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[4]
Родови[уреди | уреди извор]
Добрача е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Дулутовци (4 к.), Бајдовци (4 к.), Царци (3 к.), Трајановци (9 к.) и Велковци (7 к.) сите родови потекнуваат од двајца браќа кои се викале Ристо и Велко, и кои преживеале по пропаста на старото село. Во родот Велковци се знае следното родословие: Постол (жив на 65 г. во 1971 година) Манасија-Анто-Илија-Ристо.[5]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Дух“ од почетокот на XVII век
- Археолошки наоѓалишта[6]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Добрача до 1944 година пораснала до 40 домаќинства. А потоа настанало големо иселување на населението. Населението почнало да се иселува во Глогоњ кај Панчево (околу 4 семејства), Куманово, Скопје и Белград.
Постари иселеници по селата се. Добрачани се иселени во селото Опае. Бачковци во Горно Коњаре. Китановци во Бедиње.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 19 март 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 208. ISBN 9989649286.