Опае
Опае — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во текот на 1413 - 1421 година селото Опае со уште две села е вклучено во мулк, подарок од султанот Мехмед I за неговата ќерка, принцезата Елалди-Хатун, жена на Ахмед-ага. Во пописниот опширен дефтер од 1570 година, селото е дел од Ќустендилскиот санџак, во Кратовската каза нахија Нагоричане и во него се регистрирани 10 муслимански семејства, 23 христијански семејства и 14 неженети, христијани.Вкупниот износ на данокот на селото изнесувал 4797 акчиња.[1]
Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година селото е забележано со 16 домаќинства.[2]
Во XIX век селото е дел од Кумановската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Националност | Број |
Македонци | 138 |
Албанци | 1 818 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 38 |
Бошњаци | 0 |
други | 2 |
Родови[уреди | уреди извор]
Опае е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1965 година, родови во селото се:
Македонски
- Зафировци (4 к.), Малинови (3 к.), Диневи (1 к.) и Максимови (1 к.) сите наведени родови во селото се староседелски; Армутови (12 к.) доселени се од селото Табановце во турско време; Неделковци (3 к.) и Крстевци (3 к.) доселени се од селото Слупчане во турско време; Томовски (2 к.) доселени се од Куманово во турско време; Таранци (5 к.) доселени се од селото Жуинце кај Прешево во турско време; Пироќанци (7 к.) доселени се во 1913 година од селото Велика Лука кај Пирот; Доброчани (7 к.) доселени се од селото Добрача; Лазеви (2 к.) доселени се од селото Слупчане; Петровски (3 к.) и Крстевски (1 к.) доселени се исто така од селото Слупчане; Ѓурови (3 к.) доселени се во 1930 година од селото Лесница во Горна Пчиња; Врањанци (1 к.) доселени се од околината на Врање; Бозаџици (3 к.) доселени се од селото Ѓерекара во Горна Пчиња; Станковци (1 к.) доселени се од Куманово.
Албански
- Бајрамовски (5 к.) доселени се од селото Сушево; Азировски (6 к.), Читаклар (3 к.), Алитовски (2 к.), Зенулови (1 к.) и Незировски (1 к.) доселени се од различни села; Зарбичани (9 к.), Сухарчани (2 к.), Брезничани (1 к.) и Рамнобучани (1 к.) доселени се од селата во Новобрдска Крајина; Стражани (5 к.), Руѓинчани (2 к.) и Слупчанци (2 к.) доселени се од селата Стража, Руѓинце и Слупчане.[3]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
До 1965 година од селото се иселиле 25 семејства во Скопје, Куманово и Турција. Повеќе се иселувало муслиманското население.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од 1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.76-77
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 255.
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|