Прешево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Прешево
Шаблон:Име
Поглед на Прешево
Coats of arms of None.svg
(Грб)
Flag of None.svg
(Знаме)
Општи податоци
Име Прешево
Површина 264 км²
Население(2011) 13.426
Густина 50,86 ж/км²
Надморска височина: 463 м
Часовен појас UTC+1 (CET)
(Летно време: UTC+2 (CEST)
Градоначалник: Шкиприм Арифи
Веб-страница: www.presevo.rs
Местоположба
Држава:  Србија
Управен округ: Пчињски округ
Географски
координати
:
42° 18′ 20′′ СГШ
21° 38′ 34′′ ИГД
Прешево се наоѓа во Србија
Прешево
Прешево (Србија)
Ознаки на градот
Автомобилска ознака: VR
Повикувачки број: 017
Поштенски број: 17523
17527
17555


Прешево е градска населба и центар на истоимената општина во Пчињскиот округ во Србија. Се наоѓа на крајниот југ на Републикa Србијa, недалеку до границата со Косово и Македонија во Прешевската долина и Поморавието, на надморска височина од 463 метри. Територијата на оваа општина се наоѓа на вододелницата на Егејското и Црното море.

Вкупната површина на територијата на општина Прешево е 264 километри квадратни. Според пописот од 2011 градот броел 13.426 жители (според пописот од 1991. градот имал 15.107 жители).

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот пишан документ за Прешево датира од 14. век. Во средновековната српска историја, е познато дека во 1389 година, кога, како се верува, во Прешевско поле се одиграла битка, која била вовед во Косовската битка меѓу Србите и Албанците. При крајот на 14. век и почетокот на 15. век, со градот владее кралот Углеша, и Прешево станува значајна населба, која се споменува како паланка, место и мало градче, кој се наоѓал на самиот средновековен пат Приштина-Ќустендил (преку прешевска Скопска Црна Гора). Во 16. век градчето Прешево имаше значителен број на население - според пописот од 1519, имало 59 христијански фамилии; според пописот од 1528, 76 христијански фамилии; според пописот од 1570 во Прешево живееле 90 христијански фамилии и 85 жители неомажени/неоженети.

Градот е под турска власт, од 1454 до 1912 година. Во поголем обем, како и околните села, зафатено е значајно иселување на Србите во текот на турското владеење, почнувајќи од 1690 година и покасно, кога постепено се населуваат Албанци. нивното доселување најголема изразеност има по Втората австриско-турска војна од првата половина на 18. век.

При крајот на 19 век Прешево е центар на Прешевската каза на Отоманската империја. Според статистиката на Васил Канчов од 1900 година, Прешево било населено од 2000 жители арнаути муслимани. Според Димитар Мишев, во градот имало и мал број на христијанско население, вкупно 280 жители.

Од 1929 до 1941 Прешево беше дел од Вардарската бановина. Во текот на априлската војна, Кралството Југославија капитулираше по 12 дена од воени дејствија против Силите на Оската. На 20 април, Бугарија окупираше дел од кралството Југославија, вклучувајќи го и Прешево. Фашистичкиот режим на Бугарите го окупираше овој дел се до 7 септември, 1944 со голем терор, кога ја предадоа власта на Нацистичкиот режим на Германија. Албанските сојузници на Нацистичкиот режим, Бали Комбетар, подоцна владееше со овој дел. Кон средината на ноември, Југословенските партизани ги присилија на повлекување, окупациските Албански сили.

При крајот на 80тите во текот на СФРЈ локалните Срби предлагаа да се направи српска општина Источно Прешево. Но, таа идеја не беше прифатена и денес Србите во градот се во многу мал број.

Случувања во 2013[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 2012, српскиот премиер Ивица Дачиќ му упати ултиматум на локалните лидери на Албанците во Централна Србија за да се тргне споменикот на ОВПМБ во центарот на Прешево. Ова наиде на отпор од страна на локалните лидери при што во средината на јануари 2013 година, споменикот веше одстранет од локацијата.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во градот Прешево живее 8.641 жител, додека просечната старост на населението изнесува 29,9 години (29,2 кај мажите и 30,5 кај жените). Овој град и општина е главно населен со Албанци и претставува културен, административен центар на Албанците во Јужна Србија.

Според најновиот попис од 2011, општината Прешево има 3.066 жители, но во 2002, општината имала 34.000 жители затоа што Албанците го бојкотирале пописот.

Според српската историографија, Србите во околината на Прешево се раселувале во текот на големите селби во 1690 и 1737 година и во текот на целиот 18. век сè до почетокот на 19. век. Тие Срби кои преживеале на своите вековни огништа се протерани од страна на Арнаутите. Турците до крајот на 17. век па сè до почетокот на 19. век, масовно доселувале Албанци од Албанија а оние преостанати Срби од околината на Прешево се иселувале во околината на Бујановац, Врање и Централна Србија.

Етнички состав според пописот од 2002 во Србија[1]
Албанци
  
11.746 87,48%
Срби
  
1.231 9,16%
Роми
  
321 2,39%
Македонци
  
14 0,10%
Бошњаци
  
12 0,08%
Руси
  
4 0,02%
Хрвати
  
3 0,02%
Муслимани
  
3 0,02%
Црногорци
  
2 0,01%
Унгарци
  
2 0,01%
Чеси
  
1 0,00%
непознато
  
42 0,31%

Политика[уреди | уреди извор]

Во 1992, Албанците во овој дел организираа референдум во кој тие гласаа, Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово. Меѓу 1999 и 2001, Албанска сепаратистичка организација наречена „Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (ОВПМБ), оперираше во овој регион, со цел да ги одцепи овие три општини од Југославија и да ги припои кон идното и независно Косово. Овие активности привлекоа помал меѓународен медиски интерес во споредба со случувањата во Косово и Македонија. Терористите беа победени од страна на српските сили, во операција која не одзеде долго време и каде трупите на НАТО помогнаа контролирајќи, терористите да не ги префрлат борбите од Косово. Моменталната ситуација е стабилна, но Албанците прават некои тензии поради нееднаквиот однос од страна на Владата на Србија кон нив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Књига 1, Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима, Републички завод за статистику, Београд, фебруар 2003, -{ISBN 86-84433-00-9}-