Прејди на содржината

Норча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Норча
населено место
Норча is located in Србија
Норча
Норча
Координати: 42°17′52.5″N 21°38′30″E / 42.297917° СГШ; 21.64167° ИГД / 42.297917; 21.64167
Земја Србија
ОкругПчињски
ОпштинаПрешево
Население (2022)
 • Вкупно869
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Норчанаселено место во општината Прешево, Србија, во близина со македонската граница.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во подножјето на планината Црна Гора, на едно зарамнето место што е оддалечено 2км од градот Прешево. Источно од селото поминува железничката пруга. Над селото има букови и дабови шуми. Селото е од збиен тип, освен Герското маало, кое е оддалечено околу 200 метри од останатите куќи. Другите маала коишто го сочинуваат се: Паљај, Караосман, Жваљај, Блутај и Џинај.

Историја

[уреди | уреди извор]

Се смета дека Норча е старо село, бидејќи се споменува уште во средниот век. Тогаш било забележано дека селото имало црква посветена на Свети Никола, но таа црква непостои денес. Се претпоставува дека била разрушена околу 1878 година. Денешните муслимански жители местото на црквата го нарекуваат киша.

Порано ова село било православно македонско, но потоа постепено се доселувале муслимани од северна Албанија. Овој процес бил многу одамна, бидејќи малку се знае за овие православни родови. Во селото останал само еден исламизиран род, остатокот се доселени Албанци, но околу 1950 се доселени и нови православни семејства.[1]

Во XIX век, селото е дел од Прешевската каза на Приштинскиот санџак.

По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија.

Насeление

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1913 година селото има 377 жители и било дел од општина Прешево.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци и 50 Македонци.[3]

  • Има една исламизирана староседелска фамилија по име Читакај.
  • Албански родови доселени од фисот Соп се: Караосман, Жваљ, Суљај, Еминај, Џинај, Мула Салаови и Герови.
  • Доселени православни родиови се: Вујинци од Љутежа, Анѓелковци од Житораѓе, Павловци од околината на Врање, Павловци од Трејак и Петровци од Пчиња.
Година 1913 1931 1948 1953 1961 1971 1981 1991 2002 2011 2022
Население 377 450 597 637 738 904 1002 1052 992 869

Според пописот од 2022 година, селото имало 869 жители, со густина на населеност од 142.2/км2. 49.5% биле мажи, 50.5% биле жени.[4]

  1. Трифуноски, Јован (1951). Кумановска-прешевска Црна Гора. Белград: Српска академија на науките. стр. 162.
  2. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. „Пописа становништва, домаћинстава и станова 2022 године“.