Општина Прешево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Општина Прешево
Општина
Знаме на Општина Прешево
Знаме
Местоположба на општината Прешево во рамките на Србија
Местоположба на општината Прешево во рамките на Србија
Координати: 42°19′00″N 23°41′00″E / 42.31667° СГШ; 23.68333° ИГД / 42.31667; 23.68333
ЗемјаСрбија
ОкругПчињски
градПрешево
Управа
 • ГрадоначалникШќиприм Арифи
Површина
 • Општина264 km2 (102 sq mi) км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Население (Попис 2002 во Србија)
 • Град13.426
 • Општина34.904
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.17523
Повик. бр.+381 17
Рег. табличкиVR
Мреж. местоwww.presevo.rs
Општина Прешево во Пчињскиот округ

Општина Прешево (албански:Komuna e Preshevës, српски: Општина Прешево) е општина во Пчињскиот округ во јужниот дел на Централна Србија. Центар на општината е градот Прешево.

Географија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2004, општината опфаќа површина од 264 км, и се наоѓа во јужна Србија на границата со Косово и Македонија.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението од 2002 година, во општината живеат 34,904 жители во 35 населени места. [1] 89,10% од населението се Албанци и мал дел Срби кои го говорат торлачкиот дијалект. Во општината исто така се зборува и турскиот и ромскиот јазик.

Населението во општина Прешево има, скоро 90%, највисока процентуалност на Албанците во Централна Србија не вклучувајќи ја спорната територија Косово.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општина Прешево се состои од 35 населби, од кои еден град и 34 села.

Населби според етничко мнозинство[уреди | уреди извор]

Повеќето села во општината Прешево имаат апсолутно албанско мнозинство, освен селата: Љаник, Свињиште, Славуевац и Цакановац каде Србите се етничко мнозинство.

Истотака, повеќето села имаат 99% албанско население, но има и некои села каде Србите во Прешевската долина живеат и сочинуваат значително малцинство како: Буштрање, Големи Дол, Рељан, Стрезовце, Трнава, Чукарка и градот Прешево.

Етнички состав
Година Срби  % Албанци  % Вкупно
1961 6,741 25.21% 18,229 68.18% 26,738
1971 5,777 19.22% 23,625 78.60% 30,057
1981 4,204 12.38% 28,961 85.31% 33,948
1991 3,206 8.23% 34,992 89.85% 38,943
2002 2,984 8.55% 31,098 89.10% 34,904
2003 36 215
2004 37 154
2005 37 887
2006 38 385
2007 38 849

Етнички состав[уреди | уреди извор]

(2002)

Политика[уреди | уреди извор]

Во 1992, Албанците во овој дел организираа референдум во кој тие гласаа, Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово. Меѓу 1999 и 2001, албанска сепаратистичка организација наречена „Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (ОВПМБ), оперираше во овој регион, со цел да ги окупира овие три општини од Југославија и да ги припои кон идното и независно Косово. Овие активности привлекоа помал меѓународен медиски интерес во споредба со случувањата во Косово и Македонија. Терористите беа победени од страна на српските сили, во операција која не одзеде долго време и каде трупите на НАТО помогнаа контролирајќи терористите да не ги префрлат борбите во Косово. Моменталната ситуација е стабилна, но Албанците прават некои тензии поради нееднаквиот однос од страна на Владата на Србија кон нив. Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) има свој споменик во центарот на градот Прешево, кој е предмет на спор меѓу локалното албанско население и владата на Србија. Рагми Мустафа, претседателот на општината рече дека споменикот не би требало да биде отстранет, додека српскиот премиер Ивица Дачиќ инсистира овој споменик да биде отстранет, и им даде рок на Албанците да го тргнат споменикот до 17 јануари, во спротивно српската жандармерија ќе го отстрани со сила. Од декември 2005, претходниот градоначалник го изгуби своето седиште и беше променет со лидерот Рагми Мустафа од албанската демократска пертија ПДШ. По шест месеци, населението повторно гласаше и повторно Рагми Мустафа беше избран за претседател на општина Прешево за следните четири години. На 13 мај 2008 и 10 мај 2012 населението повторно го изгласа Рагми Мустафа да биде претседател на општина Прешево.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]