Алиџерци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алиѓерце
Алиђерце
албански Geraj
село
Алиѓерце is located in Србија
Алиѓерце
Алиѓерце
Координати: 42°17′27″N 21°44′00″E / 42.29083° СГШ; 21.73333° ИГД / 42.29083; 21.73333
Држава Србија
ОкругПчињски Округ
ОпштинаОпштина Прешево
Население (2002)
 • Вкупно1.033
Часовен појасСЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Повик. бр.017

Алиѓерце — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Се наоѓа на самата гранична линија меѓу Република Македонија и Србија, каде гравитира кон кумановскиот регион и Скопска Црна Гора. Селото лежи во подножјето на Рујан планина. Топографски е врзано за една суводолица. Вода за пиење населението добива од бунари, кладенци и чешми. Цветков Кладенец и Крони Иљачит (Лековит Извор) се наоѓаат надвор од селото. Тие имаат вода преку цела година. Шумите над село, што постоеле понапред, сега се исечени. Нивите и ливадите се околу куќи и во полето до реката Моравица. Топографски називи се: Ќерамидница, Бузалче, Мустачин, Брес и Ливада. Во атарот на селото се наоѓа и Коридорот 10 и селото се наоѓа лево од меѓународниот автопат Е75 кој води од Белград до Солун, преку Скопје. Во селото постои Џамијата Горно Алиѓерце, која служи како духовно место за Албанците во Централна Србија. Селото се наоѓа на 5 километри од градот Прешево.

Алиѓерце е село од собран тип. Куќите се групирани по соеви и по нив носат имиња селските делови.

Според пописот од 2002. селото имало 1033 жители (според пописот од 1991 селото имало 1072 жители).

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е младо по постанок. Станало пред 100 години. Него го основале доселени муслимани од селото Норча од Карадак. По основачот Алија и по маалото Гер, во кое тој живеел во Норча, околното население селото почнало да го вика Алиѓерце. Пред основањето на селото тука имало трла кои се викале Талиновац (нарелени по сопственикот на трлата: Мифтар или Таљо). Затоа, сега селаните ова име го употребуваат како име за селото, додека името Алигерце е име за општа употреба. Во Алиѓерце порано живееле Албанци муслимани, Срби православни (3 фамилии), еден српски исламизиран сој и Роми (6 фамилии).

Демографија[уреди | уреди извор]

Во селото Алиѓерце живеат околу 627 полнолетни жители, а просечната старост изнесува 27,7 години (25,3 кај мажите и 30,6 кај жените). Во селото има 211 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,90. Бројот на малолетни лица во селото е 130.

Ова село е во голем дел населено со Албанци (според пописот од 2002), а во последните три пописи, забележан е пад во бројот на жители. Токму и затоа, вкупно 347 жители од ова село престојуваат во земјите на Западна Европа во потрага по работа.

График промена на бројот на население во текот на 20. век
Етнички состав според пописот од 2002 во Србија[1]
Албанци
  
1.022 98,93%
Муслимани
  
1 0,09%
Бошњаци
  
1 0,09%
непознато
  
9 0,87%
Етнички состав според пописот од 1961 во Србија
Албанци
  
650 99%
Срби
  
21 1%

Статистички податоци[уреди | уреди извор]

Година Жители
1948 539
1953 615
1961 677
1971 801
1981 952
1991 1072
2003 1388

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Во селото не постојат амбуланта, канцеларија за месна заедница, дневен дом и терени за спорт и рекреација. Патната мрежа (патот на влезот во селото е асфалтиран, меѓутоа центарот на селото и спротивните улици не се асфалтирани).

Селото е електрифицирано, но електричниот напон не е на задоволително ниво. Водоснабдувањето не е на задоволително ниво. Има четири бунари кои се отворени за снабдување на вода за селото и две соседни месни заедници, но поради неисправност на водата се престанало со работа. Во селото не постои канализација; телефонизација постои.

Мештаните во селото во соработка со раководството на месната канцеларија изработија план на приоритетните проекти кои се потребни да се реализираат во следниот период:

  • Изградба на фекална и атмосферска канализациска мрежа
  • Изградба и реконструкција на патиштата во заедницата
  • Изградба на медицински објект(амбуланта), објекти за деца од предшколска возраст и канцеларија за потребите на заедницата
  • Изградба на депонија за ѓубре
  • Изградба на спортски терен
  • Изградба на речно корито
  • Реконструкција на електричната мрежа
  • Да се продолжи со телефонизацијата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Књига 1, Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима, Републички завод за статистику, Београд, февруари 2003, -{ISBN 86-84433-00-9}-