Прејди на содржината

Ивица Дачиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивица Дачиќ
Премиер на Србија
На должноста
31 мај 2017  29 јуни 2017
Претседател Александар Вучиќ
Претходник Александар Вучиќ
Наследник Ана Брнабиќ
На должноста
27 јули 2012  27 април 2014
Претседател Томислав Николиќ
Претходник Мирко Цветковиќ
Наследник Александар Вучиќ
Министер за надворешни работи
На должноста
Стапил/ -а
27 април 2014
Премиер Александар Вучиќ
Претходник Иван Мркиќ
Министер за внатрешни работи
На должноста
7 јули 2008  27 април 2014
Премиер Мирко Цветковиќ
Претходник Мирјана Орашанин
Наследник Небојша Стефановиќ
Лични податоци
Роден(а) 1 јануари 1966(1966-01-01)(60 г.)
Призрен, СР Србија, СФРЈ
Партија Социјалистичка партија
Сопружник Сања Дачиќ
Деца 2
Образование Универзитет во Белград
Потпис

Ивица Дачиќ (1 јануари 1966 во Призрен) — српски политичар и претседател на Социјалистичката партија на Србија, кој извршувал повеќе високи функции во српската влада. Дачиќ бил министер за внатрешни работи во периодот 2008–2012, а потоа истовремено ги извршувал функциите премиер и министер за полиција до 2014 година. Во периодот 2014–2017 година, тој бил министер за надворешни работи и заменик премиер, а по започнување на претседателскиот мандат на Александар Вучиќ во 2017 година, Дачиќ повторно ја преземал премиерската положба. Во периодот 1999–2000 година, тој бил претседател на КК Партизан.[1]

Дачиќ дипломирал на универзитетот во Белград во 1989 година, а во 1991 година, тој се приклучил на Социјалистичката партија. Дачиќ брзо напредувал во партиската хиерархија, па така во 1992 година, тој станал портпарол на партијата. Тој многу се угледувал на српскиот претседател и водач на социјалистите, Слободан Милошевиќ, па така се здобил со прекарот „малиот Слобо“.[2] По симнувањето од власт на Милошевиќ на 5 октомври 2000 година, Дачиќ станал член на претседателството на партијата, а по смртта на Милошевиќ во 2006 година, и водач на социјалистите. Дачиќ работел на реформирање на партијата од националистичка во про-ЕУ ориентирана. Оженет е со Сања со која има две деца. Зборува руски и англиски јазик.[3]

  1. Beta (28 June 2012). „Karijera i dostignuća Ivice Dačića“. 24 sata. Архивирано од изворникот на 2014-07-07. Посетено на 2017-05-23.
  2. "We've changed": New Serb PM is ex-aide to Milosevic“. Chicago Tribune. 27 July 2012. Архивирано од изворникот на 2014-05-04. Посетено на 2017-05-23.
  3. „Profile: Prime Minister Ivica Dacic of Serbia“. BBC. 27 July 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]