Владан Ѓорѓевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владан Ѓорѓевиќ
Владан Ђорђевић
VladanDjordjevic.jpg
Премиер на Србија
На должноста
11 октомври 1897 – 12 јули 1900
Монарх Александар I
Претходник Ѓорѓе Симиќ
Наследник Алекса Јовановиќ
Лични податоци
Роден(а) 21 ноември 1844(1844-11-21)
Белград, Србија
Починал(а) 31 август 1930(1930-08-31) (воз. 85 г.)
Баден, Австрија
Националност Србин
Партија Српска напредна партија
Потпис

Владан Ѓорѓевиќ (српски: Владан Ђорђевић, 21 ноември 1844 - 31 август 1930) — српски лекар, писател, политичар, премиер на Србија и санитетски полковник.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Владан Ѓорѓевиќ е роден во Белград во семејството на Ѓорѓија Ѓорѓевиќ и Марија Ѓорѓевиќ (по татко Леко). Неговиот татко Ѓорѓија (медицински асистент во српската војска), се доселил од Егејска Македонија. Мајка му Марија потекнувала од позната белградско семејство со македонско влашко потекло, таа е ќерка на Марко Лека и правнука Марко Лека од Клисура, Костурско. Семејството Леко, како и други влашки семејство, се преселило надвор од Македонија и се населиле во Австрија, односно Војводина, во Бела Црква, поради турските репресалии против православното население. Од Бела Црква, семејството Леко во триесеттите години на 19-ти век се преселило во Белград. Во духот на семејството на неговата мајка, со грчката-влашка култура, Владан бил крстен како Хипократ, неговите родителите имале желба тој да стане лекар. Тоа име го користел се до неговата матура, кога по предлог на Ѓуро Даничиќ, почнува да го користи името Владан.

Тој завршил средно училиште во Белград, како ученик бил еден од иницијаторите за создавање на Обединета српска младина и нејзин секретар. Под влијание на Јозиф Панчиќ, решил да студира медицина во Виена, каде што го брани својот докторат во 1869. Специјализирал хирургија кај познатиот професор Билрота со што станал прв школуван хирург во Србија. За да ја усоврши својата хируршка способност, со дозвола на српската влада, учествува во Француско-пруската војна, работи во пруски санитет. Во текот на оваа војна, во близината на Франкфурт, организирал воена болница, поради која добил воен чин и пофалба од хирургот Лангебек.

По враќањето во Србија, во еден период работел како приватен лекар, а потоа во српската војска каде станува првиот санитетски полковник.

До 1871 година бил воен лекар и шеф на хируршкото одделение при воената болница. Тој е еден од основачите на Српското лекарско друштво во 1872 и списанието Српски архив за целокупно лекарство во 1874 година. Ја извршувал и должноста личен лекар на кнезот Милан. Во текот на Српско-турска војна од 1876 година бил началник на санитетската служба при моравско-тимочката војска, а во Руско-турската војна бил началник на санитетската служба при врховната команда на српската војска. Тој е основач и прв управник на воената болница во Ниш во 1878 година. Началник на цивилниот санитет на Србија од 1879 година, а од 1881 година спроведува негова реформа. Во Српско-бугарската војна повторно бил началник на санитетската служба при врховната команда.

Во почетокот на 1880-те години започнува да се занимава со политика. Од 1884 до 1888 година бил претседател на белградската општина, а во владата на Никола Хрстиќ бил министер за просвета и економија. По оваа служба, започнува да се занимава со дипломатија. Во 1891 година бил српски дипломатски претставник во Атина, каде што бил задолжен да ги води преговорите со грчката влада за поделба на Македонија на сфери на влијанија.[3] Од 1894 година бил дипломатски претставник на Србија во Цариград, каде што успеал да добие дозвола за поставување на српски владици во Македонија.

Бил избран за дописен член на Српската кралска академија на 23 јануари 1888, а од 15 ноември 1892 година станал редовен член. Од 1897 до 1900 година е претседател на владата и министер за надворешни работи. Неговата влада работела на смирување на жестоките партиски борби, економски развој на Србија и зајакнување на српската војска. По најавата на српскиот крал Александар Обреновиќ за женидба со Драга Луњевица - Машин, поднел оставка.

Во текот на 1906 година, провел 6 месеци во затвор, поради наводно издавање на државни тајни во својата книга Крајот на една династија.

Дела[уреди | уреди извор]

Пишувал за историски теми, романи, песни, драми др. Негови најважни трудови се:

  • Историја на српскиот воен санитет, I-IV (1879-86)
  • Крајот на една династија, I-III (1905-1906)
  • Српско-турска војна, I-II (1907)
  • Арнаутите и големите сили (1913)
  • Цар Душан, I-III (историјски роман, 1919-1920)
  • Црна Гора и Австрија 1814-1894 (1924)
  • Спомени (1927)

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Владан Ђорђевић, Министар у апсу, Београд : Штампарија „Штампе“ С. М. Ивковића и комп., 1909.
  2. Владимир Јокановић, Великани наше медицине - Владан Ђорђевић (1844-1930), Гласник ЛКС, Београд, 2010, бр.4, стр 47-49.
  3. Ванчо Ѓорѓиев, „Слобода или смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893-1903 година“, Институт за историја, Философски факултет, Скопје, 2003.