Стојан Новаковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стојан Новаковиќ
Стојан Новаковић
Stojan Novaković with signature.jpg
38-ми Премиер на Србија
На должноста
1895–1896
Монарх Александар I
Претходник Никола Христиќ
Наследник Ѓорѓе Симиќ
На должноста
февруари 1909 – октомври 1909
Монарх Петар I
Претходник Петар Велимировиќ
Наследник Никола Пашиќ
Лични податоци
Роден(а) Коста Новаковиќ
1 ноември 1842(1842-11-01)
Шабац, Кнежевство Србија
Починал(а) 18 февруари 1915(1915-02-18) (возр. 72)
Ниш, Кралство Србија
Партија Српска напредна странка
Занимање историчар, филолог, политичар и дипломат
Потпис

Стојан Новаковиќ (1842 - 1915) бил еден од најистакнатите српски научници и виден политичар и државник, универзитетски професор и академик, министер за правда и за внатрешни работи и претседател на српската влада, а повремено и дипломатски претставник на Србија во Цариград (1886-1891 и 1897), во Париз (1899-1902) и во Санкт Петербург (1902-1905). Новаковиќ се трудел да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќавал и со Крсте Петков Мисирков. Стојан Новаковиќ пишува до министерот на просветата на Кралство Србија, Белград во 1887 г.:

„...Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, фати длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако ѝ се спротивстави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне бугарската, ако остане само како чисто и голо спротивставуваење. Затоа голема корист би имале од свој соузник, остро спротивставен на бугаризмот и содржејќи во себеси елементи кои ќе го привлечат народот и кои ќе бидат блиски на неговите чувства - точно тие ќе го отцепат од бугаризмот. Како таков сојузник јаc го гледам Македонизмот, или во извесни промислени граници - тактичко негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. Ништо не може да биде толку спротивставено на бугарските тенденции, со ништо Бугарите не можат да се доведат во понепомирлива позиција отколку со македонизмот.“ [1][2][3]

Ђ и Ћ у македонским народним дијалектима, 1889

Со ова Новаковиќ свесно влегува во амбиција да го посрби македонскиот народ подоцна, но со други видови пропаганда, а надевајќи се на тоа што Македонците не би имале своја државност, или пак - засебна црква, за да можат да развијат свои училишта (образовен систем) и други национални институции. Затоа во истото писмо тој ги нафрла чекорите кои ќе следат веднаш потоа, а тоа е издавање на „македонски буквар“, во којшто пак, во други писма, кога истиот ќе се отпечати, ќе препорача еден многу подмолен пропаганден систем за посрбување на Македонците. Имено, како што ќе се види и од букварот, иако навистина е напечатен на македонски јазик, на многу перфиден начин се уфрлени 20% српски зборови, точно како што и препорачува Новаковиќ во тие писма. За наредните препечатувања овие проценти се предвидувало да се зголемуваат сè додека целосно не се истисне македонскиот јазик. За ова печатење на букварот во погоре споменатото писмо, тој визионерски пишува:

„Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите, во оној час штом бугаризмот се одвои од него, би му помогнал на србизмот и со истиот би се помешал... „Македонскиот буквар“ кој наскоро се надевам ќе го отпечатиме во Цариград ќе ги удри основите на оваа работа, макар што потребата од тој буквар се правда и од многу други потреби и погледи. Но освен „букварот“, добро би било работата пошироко да се негува и изразито да се зајакнува...“[4]

Во истата година во Цариград, со благослов на Стојан Новаковиќ, дипломатски претставник на Србија таму, било формирано Друштво на Србо-Македонците во кое влегле и членовите на Тајниот македонски комитет од Софиja. Подоцна со неговата помош било создадено и Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург во 1902 г.

Дела[уреди | уреди извор]

Новаковиќ е автор на повеќе од 400 дела и 50 книги.[5]

  • Srpska biblijografija za noviju književnost, 1741-1867, U Biogradu : Srpsko učeno društvo, 1869, XXIV+644 pp.
  • Istorija srpske književnosti : pregled ugađan za školsku potrebu : s jednim litografisanim snimkom, Drugo sasvim prerađeno izdanje, Beograd : izdanje i štampa Državne štamparije, 1871, XII+332 pp.
  • Kosovo : srpske narodne pjesme o boju na Kosovu : pokušaj da se sastave u cjelinu kao spjev, U Biogradu : u Državnoj štampariji, 1871, 40 pp.
  • Primeri književnosti i jezika staroga i srpsko-slovenskoga, Beograd, Izdanje i štampa Državne štamparije, 1877, XXVII+593 pp.
  • Zemljište radnje Nemanjine, U Beogradu : u Državnoj štampariji, 1877, 83 pp.
  • Die serbischen Volkslieder über die Kosovo-Schlacht (1389): Eine kritische Studie 1879, pp. 413–462
  • Heraldički običaji u Srba : u primeni i Književnosti, Beograd, Kraljevsko-srpska državna štamparija, 1884, 140 pp.
  • Beleške o Đ. Daničiću : prilog k istoriji srpske književnosti, U Beogradu, u Kraljevsko-srpskoj Državnoj štampariji, 1885, 100 pp.
  • Pronijari i baštinici : (spahije i čitluk-sahibije) : prilog k istoriji nepokretne imovine u Srbiji XIII-XIX veka : jedna glava iz prostranijeg dela "Narod i zemlja u staroj srpskoj državi", Beograd, Kraljevsko-srpska državna štamparija, 1887, 102 pp. (Glas, Srpska kraljevska akademija, vol. 1)
  • Srpska Kraljevska Akademija i negovanje jezika srpskog : poslanica Akademiji nauka filosofskih, pročitana na svečanom skupu akademije, držanom 10 septembra 1888 u slavu stogodišnjice Vuka Stef.Karadžića, Beograd,Kraljevsko-srpska državna štamparija, 1888, 87 pp. (Glas, Srpska Kraljevska Akademija, vol. 10)
  • Manastir Banjska : zadužbina Kralja Milutina u srpskoj istoriji, Beograd,Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1892, 55 pp. (Glas, Srpska Kraljevska Akademija, vol. 32)
  • S Morave na Vardar : 1886, Beograd, Kraljevska srpska državna štamparija, 1892, 76 pp.
  • Srpska gramatika, 1. celokupno izd., Beograd, izdanje i štampa Državne štamparije, 1894, XXII+512 pp.
  • Stara srpska vojska : istorijske skice iz dela "Narod i zemlja u staroj srpskoj državi", Beograd, Kraljevsko-srpska državna štamparija, 1893, 207 pp.
  • Strumska oblast u XIV veku i car Stefan Dušan, Beograd,Kralj.-srp. državna štamparija,1893, 49 pp. (Glas, Srpska kraljevska akademija, vol. 36)
  • Zakonik Stefana Dušana cara srpskog : 1349 i 1354, Beograd, Državna štamparija, 1898, CLIII+ 312 pp. (Izdanje Zadužbine Ilije M. Kolarca ; vol. 91)
  • Srpska knjiga : njeni prodavci i čitaoci u XIX veku, Beograd : Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1900, IV+118 pp.
  • Ustanak na dahije 1804 : ocena izvora,karakter ustanka, vojevanje 1804 : s kartom Beogradskog pašaluka, Beograd, Zadužbina Ilije M. Kolarca,1904, VIII+208 pp.(Izdanje Zadužbine Ilije M. Kolarca; vol. 103)
  • Vaskrs države srpske : političko-istorijska studija o prvom srpskom ustanku 1804-1813, 2. popunjeno i popravljeno izd. Beograd, Srpska književna zadruga, 1904, 252 pp.
  • Dva dana u Skoplju : 14-15-16 jul 1905, Beograd, Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1905, 58 pp.
  • Tursko carstvo pred Srpski ustanak : 1780-1804, Beograd: Srpska književna zadruga, 1906, VIII, 429 pp.
  • Balkanska pitanja i manje istorijsko-političke beleške o Balkanskom poluostrvu : 1886-1905, Beograd, Izdanje Zadužbine I. M. Kolarca,1906, VIII+ 559 pp.
  • Katolička crkva u Srbiji : Pisma vladike J. J.Štrosmajera iz 1881-1885, Beograd, "Dositej Obradović" – Štamparija Ace M. Stanojevića, 1907, 55 pp.
  • Ustavno pitanje i zakoni Karađorđeva vremena : studija o postanju i razviću vrhovne i središnje vlasti u Srbiji 1805.-1811. Stojana Novakovića, Beograd, Nova štamparija "Davidović", 1907 IV+131 pp.
  • Jovan Sterijin Popović : 1806-1856 :književno-istorijska studija Stojana Novakovića, Beograd, Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1907, 121 pp.
  • Matije Vlastara Sintagmat : azbučni zbornik vizantijskih crkvenih i državnih zakona i pravila : slovenski prevod vremena Dušanova, Beograd, Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1907, LXXXVII+621 pp. (Zbornik za istoriju, jezik i književnost srpskoga naroda. Prvo odeljenje, Spomenici na srpskom jeziku, knj. 4)
  • Najnovija balkanska kriza i srpsko pitanje : beleške, razmišljanja, razgovori i politički članci iz 1908-1909, Beograd, Štamparija "Štampa" St. M. Ivković i Komp., 1910, 100 pp.
  • Nemanjićske prestonice : Ras - Pauni - Nerodimlja, Beograd, Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1911, 54 pp.
  • Bibliografija Stojana Novakovića : 1858-1911, Beograd, Državna štamparija Kraljevine Srbije, 1911, 96 pp.
  • Zakonski spomenici srpskih država srednjega veka, Knj. 5, Beograd, Srpska kraljevska akademija, 1912 XLII+912 pp. (Posebna izdanja,Srpska Kraljevska Akademija, vol. 37)
  • Dvadeset godina ustavne politike u Srbiji : 1883-1903 : istorijsko-memoarske zapiske k tome vremenu i k postanju i praktikovanju Ustava od 1888 i 1901, Beograd, S. B. Cvijanović, 1912, 336 pp.
  • Kaludjer i hajduk : pripovetka o poslednjim danima Srbije u XV veku, Beograd, Zadužbina I. M. Kolarca, 1913, 296 pp.
  • Selo, Beograd, Srpska književna zadruga, 1965 243 pp. (Introduction and comments, Sima M. Ćirković)
  • Prepiska Stojana Novakovića i Valtazara Bogišića (Correspondance entre Stojan Novaković et Valtazar Bogišić), B. M. Nedeljković (ed.), Beograd : Srpska akademija nauka i umetnosti,1968, IX + 264 pp.(Zbornik za istoriju, jezik i književnost srpskog naroda, Odeljenje 1, vol. 28)
  • Istorija i tradicija : izabrani radovi, Beograd, Srpska književna zadruga, 1982 XX+478 pp. (comments by S.M. Ćirković)
  • Stojan Novaković i Vladimir Karić, ed. M. Vojvodić, Beograd : Clio & Arhiv Srbije, 2003, 615 pp.
  • Radovi memoarskog karaktera, Beograd, Zavod za udžbenike, 2007, XVI+500 pp. (Izabrana dela Stojana Novakovića; knj.7)
  • Izabrana dela Stojana Novakovića (Selected Works of Stojan Novaković), Belgrade: Zavod za udžbenike 2001-2008, 16 vols.( Zemlje i narod u staroj srpskoj državi, Spisi iz istorijske geografije, Srbi i Turci, Tursko carstvo pred srpski ustanak, Vaskrs države srpske, Balkanska pitanja, Nacionalna pitanja i misao, vol I, Nacionalna pitanja i misao vol. II, Autobiografski spisi, Istorija srpske književnosti, Prvi osnovi slovenske književnosti, Stara srpska književnost vol. I, Stara srpska književnost vol. II, Primeri književnosti i jezika starog srpskoslovenskog, O narodnoj tradiciji i narodnoj književnosti, Srpska bibliografija).

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кл. Џамбазовски, „Културно-општествените врски на Македонците со Србија во текот на XIX век", Скопје, 1960г. , стр. 17.
  2. Дипломатски архив - Дубровник, ПП оддел, Ф. 1.
  3. „Граѓа за историјата на македонскиот народ“ од Архивот на Србија, том IV, книга III, 1888-1889, стр. 305[мртва врска], 306[мртва врска], 307[мртва врска], 308, 309[мртва врска].
  4. Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III, 1888-1889
  5. Vuković, Đorđe (December 2015). „CULTURE CAN MAKE THE STATE For the centenary of the death of the Serbian scientist and statesman Stojan Novakovic“ (PDF). Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]