Петар I Караѓорѓевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар I Караѓорѓевиќ
Крал Петар во 1904
Крал на Србите, Хрватите и Словените
На престол1 декември 1918 – 16 август 1921
НаследникАлександар I Караѓорѓевиќ
РегентПрестолонаследникот Александар (1918–1921)
Крал на Србија
На престол15 јуни 1903 – 1 декември 1918
Крунисување21 септември 1904
ПретходникАлександар I Обреновиќ
РегентПрестолонаследникот Александар (1914–1918)
Роден(а)11 јули [ст. ст. 29 јуни] 1844
Белград, Кнежевство Србија
Починал(а)16 август 1921(1921-08-16) (возр. 77)
Белград, Кралство на Срби, Хрвати и Словенци
Почивалиште
Сопружникцрногорска принцеза Љубица
ДецаЈелена
Милена
Ѓорѓе
Александар
Андрија
ДинастијаКараѓорѓевиќ
ТаткоАлександар Караѓорѓевиќ
МајкаПерсида Ненадовиќ
ВероисповедПравославен Србин
Воена служба
Држава Кнежевство Србија
 Кралство Србија
Предлошка:Country data Кралство Југославиа Кралство на Срби, Хрвати и Словени
Служба1855–58
(end of active service)
Чинфелд маршал

Петар I Караѓорѓевиќ (Белград, 11 јули 1844 година - Белград, 16 август 1921 година) бил крал на Србија, од 1903 до 1918 година и крал на Србите, Хрватите и Словените (т.е. Кралството СХС) од 1918 до 1921 година.

Петар Караѓорѓевиќ бил Караѓорѓевиот внук и трет син на Персида и кнезот Александар Караѓорѓевиќ, кој бил присилен да абдицира после Светоандрејското собрание. Петар со семејството живеел во странство. Се борел во француската војска во Француско-пруската војна. Се придружил како доброволец под псевдонимот Петар Мркоњиќ во босанско-херцеговачкото востание.

Се оженил во 1883 година со црногорската принцеза Зорка, ќерката на кнезот Никола. Со неа имал пет деца, вклучувајќи го и наследникот Александар. После смртта на татко му во 1885 година, Петар станал глава на династијата Караѓорѓевиќ. По Мајскиот преврат и убиството на кралот Александар Обреновиќ во 1903 година, избран е за крал на Србија. Како крал се залагал за уставното уредување на земјата и бил познат по својата либерална политика.

Кралот Петар бил врховен командант на српската војска во Балканските војни. Поради старост на 24 јуни 1914 година, ги префрлил кралските овластувања на неговиот син, престолонаследникот Александар. Во Првата светска војна се повлекувал со војската преку Албанија. Бидејќи бил крал на Србија во периодот на големите српски војни успеси, во српскиот народ останал запамтен како кралот Петар Ослободител (исто така познат и како Стариот крал).

Со основањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словени (кралството СХС) на 1 декември 1918 година тој станал крал на кралството, и останал сè до својата смрт на 16 август 1921 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младост[уреди | уреди извор]

Роден е како петто дете на принцот (кнезот) Александар и принцезата Персида (од семејството Ненадовиќ), на 29 јуни/11 јули 1844 година. Неговиот прв воспитувач бил Чех, д-р Вилем Габлер, во текот од 1852 до 1854 година. Основно училиште и гимназија завршил во Белград, а понатамошното школување го завршил во Швајцарија во заводот Венел-Оливија во Женева. По завршеното школување во септември 1961 година, младиот кнез Петар се запишува на парискиот Колеџ Сен-Барб, а во 1962 година во познатата Воена Академија Сен-Сир. Неа ја завршува во 1864 година. Во Париз се занимавал со фотографирање и сликарство, и го усовршувал своето воено и политичко образование. Тоа му ја отворило идејата за политички либерализам, парламентаризам и демократија. На почетокот на 1868 година, кнезот Петар во Виена го отпечатил својот превод на книгата од англискиот политичар и филозоф Џон Струјарт Мил, со свој предговор, кој подоцна ќе стане негова политичка програма.

Кралот Петар I во 1875 година кога војувал под псевдонимот Петар Мркоњиќ.
Печатот на кралот Петар Караѓорѓевиќ.
Кнезот Петар во текот на емиграцијата.
Крунисувањето на 21 септември 1904 година.

Политички живот[уреди | уреди извор]

После убиството на кнезот Михаило во мај 1868 година, политичките кругови кои биле блиски на династијата Обреновиќ се приклучиле во новиот српски Устав и одредбата со која на семејството Караѓорѓевиќ му се одзема целиот имот.

Петар, во 1870 година, се придружил на Легијата на странци во француската војска и со неа учествувал во бројни борби, и затоа е награден со споменик за војна од 1870. Во 1875 година работел на организирањето и активното учество во босанско-херцеговачкото востание под псевдоним Петар Мркоњиќ. После неуспешната Тополска одбрана во 1877 година, водел жива политичка активност.

Во летото 1883 година се оженил со принцезата Љубица-Зорка, најстарата ќерка на црногорскиот кнез (принц) Никола. Во тој брак родени се пет деца: ќерките Јелена и Милена (умрела како дете), и синовите Ѓорѓе (се откажал од правото за наследство на престолот во 1909 година), Александар и Андрија (умрел како дете). После пократок одмор во Париз, семејството Караѓорѓевиќ се преселило, каде останале следните десет години. Поради лоша материјална положба, кнезот Петар ја продал куќата во Париз во 1894 година, и се преселил со семејството во Женева. Неговите контакти со луѓето од Србија никогаш не престанале, пред сè со Никола Пашиќ, првак на Радикалната партија и со Алекса Жујовиќ, исто така виден како член на Радикалната партија со кој се дружел и во скривалиштето во Западна Србија и Босна, и така било направено доживотно пријателство.

Во текот на 1897 година, кнезот Петар заминал во Русија, и бил примен кај царот Никола II. Три години подоцна пробал да се договори со кралот Александар Обреновиќ за признавањето за кнежевната титула и враќањето на одземениот имот, но без успех. Кнезот Петар уште повеќе ја зајакнал својата политичка активност за враќањето во Србија. Во 1901 година, настојувал на тоа да влези во поблиски односи со Австроунгарија, нудејќи и ја неговата политичка програма.

Крал на Србија[уреди | уреди извор]

Во ноќта помеѓу 28 и 19 мај 1903 година, официри на заговорниците го убиле кралот Александар и кралицата Драга. Војската ивршила државен удар, и го прогласила кнежевиќ Петар Караѓорѓевиќ за крал на Србија, што со својот избор го потврдило Народното Собрание на 2 јуни/15 јуни. После 45 години потомството на Караѓорѓевиќ повторно доаѓа на чело на српската држава, со што почнува нов период во неговиот развој. Крунисан е на 21 септември 1904 година.

Од самиот почеток на своето владеење, кралот Петар I се соочил со сериозни препреки. Земјата била растргната со внатрешна политичка борба, а Австроунгарија, веднаш ненаклонета на новиот српски крал, станала набрзо отворен непријател на Србија, особено по кризата предизвикана од анексијата на Босна и Херцеговина во 1908 година.

Балканските војни[уреди | уреди извор]

Првата балканска војна против Турција 1912 година, и Втората - против Бугарија 1913 година - се завршиле со триумфот на српската војска под врховна команда на кралот Петар I, и ослободувањето на Рашката област, Косово, Метохија и Македонија и нивното припојување кон Србија. Тој ја потпишал и објавил Прокламацијата за присоединувањето во 1913 година.

Поради постојаните и тешки напори во Балканските војни, здравствената состојба на кралот Петар I се влошила.

Првата светска војна[уреди | уреди извор]

„Црна рука“[1] ја претставувала сржта на војничката опозиција на цивилната влада. Скривајќи се позади војската или опозицијата, членовите на „Црна рука“ го приморале кралот Петар I да ја расформира владата на Никола Пашиќ, без разлика на тоа што Народната радикална партија имала поголема бројчена вредност во Народното собрание. Дури после руската интервенција и можеби со помош на францускиот капитал, кризата е решена во Пашиќева корист, а кралот Петар бил приморан да се повлече, наводно поради болест, а на 24 јуни 1914 година ги пренел кралските овластувања на престолонаследникот Александар. Месец дена подоцна, Австроунгарија и објавила војна на Србија, со што ја започнала Првата светска војна. Веста за Првата светска војна ја добива во Врањската бања и оттаму заминува на фронт. После победата на Цер и Колубара во 1914 година, после влегувањето на Германија и Бугарија во војната во 1915 година, српската војска била принудена на повлекување и на напуштање на земјата.[2]

Албанската голгота оставила голема трага врз здравјето на остарениот крал. Тој сепак доживеал да дочека победа и ослободување на Србија, и основањето на новата држава настаната со обединувањето на Србите, Хрватите и Словените.[2]

Смрт и погреб[уреди | уреди извор]

Починал на 16 август 1921 година во Белград, а погребан е на 22 август.

После смртта, во знак на траен спомен и благодарност кон кралот Петар, Народното собрание едногласно се согласило на кралот Петар да му се даде име Петар Големиот Ослободител.

Гробот на Кралот Петар I Караѓорѓевиќ.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Сочуван е автомобил од времето на неговот управување со државата.
  • За време на неговото крунисување, снимен е „Крунисање краља Петра I“ филм.
  • По него се викаат градот Мркоњиќ, Медалот на Петар Мркоњиќ, улицата на кралот Петар I во Смедерево, Споменик на Кралот Петар I Караѓорѓевиќ, Петрова куќа, куќата на кралот Петар I Караѓорѓевиќ.
  • Снимени се повеќе филмови за него. Некои од нив се: „Где цвета лимун жут“ (2006), „Краљ Петар Први у славу Србије“ (2018).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Crna ruka : ličnosti i događaji u Srbiji od prevrata 1903. do Solunskog procesa 1917. godine, Kazimirović, Vasa,Prometej, Novi Sad, 2013
  2. 2,0 2,1 Митровић, Андреј (1984). Србија у Првом светском рату. Београд: Српска књижевна задруга.
Петар I Караѓорѓевиќ
Роден(а): 29 јуни 1844 Починал(а): 16 август 1921
Владејачки титули
Претходник
Александар Обреновиќ
Крал на Србија
15 јуни 1903 – 1 декември 1918
Проширување на државата
прогласен за крал на Србите, Хрватите и Словенците
Нова титула Крал на Србите, Хрватите и Словенците
1 декември 1918 – 16 август 1921
Наследник
Александар I Караѓорѓевиќ