Оризари (Кумановско)
Оризари — село во Општина Липково, Кумановско.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жеглигово, во средишниот дел на општината. Теренот е рамничарски, со надморска височина од 400 м. Атарот зафаќа површина од 4,9 км2.[1] Низ Оризари минува патот Липково-Куманово (Р2133). Најблиските населени места се Слупчане на североисток, Липково на југозапад и Опае на исток.
Целото село и патот ги пресекува потокот Голем Дол, кој тече кон југоисток и завршува како притока на Липковска Река во месноста Оризиште.
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Оризари е населено уште од римско време, за што сведочи некрополата Беловина околу селото.[2]
Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Оризар како македонско село.[3] По извесно време овде се доселиле голем број Албанци, а македонското население драстично опаднало. На крајот од XIX век Оризари станало мешано македонско-албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Оризари имало 24 Македонци христијани и 180 Арнаути муслимани.[4][5]
На почетокот на XX век по податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Оризари имало и 60 христијани — Роми.[6]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во селото работат поголем број продавници, угостителски објекти и сл. Стопанството има полјоделски карактер. Според податок од 1998 г. Оризари имало 245 ха обработливо земјиште и 224 ха пасишта[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 204 | — | 817 | 915 | 966 | 1.282 | 1.522 | — | 1.847 | 2.094 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.094 жители. Следува табела на националната структура на населението според тој попис.[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 3 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 2 064 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 27 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Оризарска џамија
- Детска градинка
Децата од Оризари го посетуваат недалечното основно училиште „Фаик Коница“ кое е на подеднакво растојание од Оризари и Слупчане, а најблиско средно училиште е „Исмет Јашари“ во Липково.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Беловина — некропола од римско време
Личности[уреди | уреди извор]
- Исмет Јашари, наречен „Командант Куманова“ (1967-1998) — командант на УЧК, загинат во борбите со српската војска на Косово. По него се именувани разни нешта во липковскиот крај.
- Хајдар Јашари (1909–1991) — духовно лице
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 222. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 219. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.128-129.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|