Прејди на содржината

Алашевце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алашевце
Алашевце во рамките на Македонија
Алашевце
Местоположба на Алашевце во Македонија
Алашевце на карта

Карта

Координати 42°11′9″N 21°35′25″E / 42.18583°N 21.59028°E / 42.18583; 21.59028
ОпштинаЛипково
Население во атар189 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО17002
Надм. вис.611 м
Алашевце на општинската карта

Атарот на Алашевце во рамките на општината
Алашевце на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Алашевце — село во Општина Липково.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во северозападниот дел на Кумановското Поле или Жеглигово, во сливот на Липковска Река, а во рамките на територијата на Општината Липково. Селото е ридско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Куманово населбата е оддалечена 14 км.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мошне мал атар на простор од 2,7 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 129 ха, на пасиштата отпаѓаат 51 ха, а на шумите 82 ха. Селото има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[3]

Алешевце е мала населба, којашто во 1961 година имала 307 жители, а во 1994 година 158 жители, исклучително населено со албанско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 126 жители, од кои 119 Албанци и 7 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 89 жители, од кои 84 Албанци и 5 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 — 496 340 307 334 283 0 158 126 89
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Алашевце е албанско село.

Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Алшиче (26 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселиле од селото Слубица кај Гнилане. Го знаат следното родословие: Алил (жив на 38 г. во 1941 година) Иљаз-Алил-Асан-Амет, основачот на родот кој се доселил. Подалечно потекло имаат од северна Албанија, од местото Алшиќ во Малесија; Гавел (12 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Доселени се после претходниот род од селото Станчиќ во Горна Морава. Уште подалечно потекло од северна Албанија.[10]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 9–10.
  3. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. ↑ . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]