Липковска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Липковска Река
Kumanovska reka.jpg
Местоположба
Физички особености
УстиеКумановска Река
Должина17,5 км
Особености на сливот

Липковска Река или Липковкарека во Североисточна Македонија, притока на Кумановска Река[1]. Настанува кај селото Гошинце со спојување на Гошинска и Брештанска Река, а низводно од левата страна ја прима Слупчанска Река. Во горниот тек има планински, а низводно до вливот (311,7 м) рамничарски карактер. Долга е 17,5 км, а сливот зафаќа површина од 300 км2. Во нејзиниот слив се изградени вештачките езера Липково и Глажња. Средниот протек изнесува 1,42 м3/с.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Српска академија наука и уметности (1951). Српски етнографски зборник (српски). Akademija. стр. 62–64.
  2. Никодиновски, Борис (2000). Основи на воена географија на Република Македонија. Скопје: Нико Компјутери.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]