Матејче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Матејче
Матејче is located in Македонија
Матејче
Местоположба на Матејче во Македонија
Матејче на интерактивна карта

Координати 42°7′32″N 21°35′52″E / 42.12556° СГШ; 21.59778° ИГД / 42.12556; 21.59778Координати: 42°7′32″N 21°35′52″E / 42.12556° СГШ; 21.59778° ИГД / 42.12556; 21.59778
Општина Општина Липково
Население 3394 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 17062, 17562
Надм. вис. 465 м
Матејче на општинската карта
Матејче во Општина Липково.svg

Атарот на Матејче во рамките на општината
Commons-logo.svg Матејче на Ризницата

Матејче — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ познат како Жеглиговски манастир потекнува од XIV век.

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во минатото Матејче било чисто македонско село. Во 1861 г. Јохан фон Хан на етническата карта на долината на Јужна Морава го означил Матејци како село населено само од Македонци.[1][2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Матејче живееле 638 жители, од кои 536 Албанци, 52 Роми и 50 Македонци.[3][4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Матејче имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.394 жители. Следува табела на националната структура на населението:[6]

Народност Број
Македонци 17
Албанци 3.012
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 325
Бошњаци 1
останати 39

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 2.657
1953 83 183 1.564* 33 767 ... 7 2.637
1961 82 264 1.120* ... ... 822 ... 57 2.345
1971 108 1.482 305* 27 ... 663 ... 31 2.616
1981 48 2.131 88* 2 498 ... 14 2.781
1994 11 2.759 1 355 11 3.137
2002 17 3.012 325 1 39 3.394

*Оние жители кои се изјасниле како Турци, всушност претставуваат етнички Албанци, кои со цел да се приклучат на процесот на иселување кон Турција, се определувале за Турци.

Родови[уреди | уреди извор]

Матејче е православно (македонско-српско) и муслиманско (албанско-ромско) село.

  • Православни родови во селото се: Петревци (5 к.), Ѓоргијовци (3 к.), Трајковци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Аврамовци (2 к.) староседелци; Доселените родови сите се дојдени после 1912 година, а тоа се: Николиќи (4 к.), Алексиќи (4 к.), Спасиќи (4 к.), Филиповиќи (4 к.), Стојановиќи (3 к.), Ѓуриќи (2 к.), Ѓорѓевиќи (2 к.), Илиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Петровиќи (3 к.), Младеновиќи (2 к.), Јовановиќи (2 к.), Николиќи (2 к.), Лилиќи (1 к.), Живиќи (1 к.), Живковиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Николиќи (1 к.), Лилиќи (1 к.), Пејиќи (1 к.), Танчиќи (1 к.), Ангелковци (1 к.), Стаменовиќи (1 к.) и Станковиќи (1 к.) сите наведени родови се доселени од околината на Пирот во Србија; Величковци (4 к.), Јовановци (3 к.), Стојковци (3 к.), Стојковци (2 к.), Додинци (2 к.), Јовановци (2 к.), Милковци (3 к.), Митревци (2 к.), Младеновци (2 к.), Ќиревци (2 к.), Тасинци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Илевци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Давидковци (1 к.), Антини (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Грујовци (1 к.), Анѓелковци (1 к.), Маџевци (1 к.), Мичевци (1 к.), Павловци (1 к.), Славковци (2 к.), Стевановци (1 к.), Станисавлевци (1 к.), Стевановци (1 к.), Неделковци (1 к.), Тасинци (1 к.), Трајковци (1 к.) и Стошинци (1 к.) сите се доселени од Кривопаланечко; Момиќи (2 к.) доселени се од Босна; Ѓелевци (1 к.) доселени се од блискотон село Отља; Николовци (1 к.) доселени се од Егејска Македонија.
  • Муслимански родови во селото се: Домовци (8 к.) староседелци се. Порано биле православни, а во ислам прешле на почетокот од XIX век; Шеељарци (25 к.), Цановци (31 к.), Демовци (16 к.), Шабан Демци (23 к.), Муратовци (23 к.), Шурда (28 к.), Тафреч (7 к.) и Суљдер (7 к.) најстари доселени родови. Сите се доселени од северна Албанија. Родот Муратовци ги викале и Торбеши, бидејќи имало призетен некој Торбеш во нивниот род, родовите Демовци и Шабан Демци потекнуваат од ист предок; Куртовци (1 к.) доселени се од селото Коњари во 1900 година, подалечно потекло од северна Албанија; Идризовци (1 к.) доселени се од околината на Призрен во 1915 година, подалечно потекло од северна Албанија; Мустафовци (6 к.) и Алијевци (2 к.) Роми се. Првите се доселени од Куманово, а вторите се со непознато потекло.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Спас“
Археолошки наоѓалишта[9]
Цркви[10]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  2. Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp.126 – 127.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.
  9. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 213. ISBN 9989-649-28-6.
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]